Југославија може да им недостига само на луѓе кои од животот бараат малку. На оние на кои им е доволно да имаат работа, да можат на лето да одат (евентуално) до море во некој камп и да го имаат „црвениот пасош што ги отвораше сите врати“ (како не беее). Ги имаше горенаведените „удопства“, ама под услов устата да не ја отвораш и умот да не го користиш.
А оние кои сега плачат по неа, плачат по својата младост која отишла во неповрат.
Тогаш знаев дека татко ми е поинаков од другите татковци, дека поинаку размислува, ама тоа не смеев да го кажам надвор. А сега можам дури и да се гордеам со тоа. И можам да кажам дека не го сакам Бранко, Петко, Станко...и можам да кажам дека учителките во градинка направиле ова или она, дека професорката рекла вака или така, а тогаш- не смеев.