Многу поголема шанса за нормален живот, работа, стан, пензија, одмор имаше во СФРЈ отколку сега, не само тоа имаше и ред, криминалците во затвор, нема дрога, децата сами може да одат на улица. За разлика од сега и не само во Македонија, ја гледаме и ЕУ и САД во какви изроди од држава станаа, тоталитаризам многу полош од тој во СФРЈ, ако примерно денеска во Германија кажеш: не сакам доселеници авганистанци одиш во затвор.
За мани имаше и во СФРЈ, и таму дел од партиската елита злоупотребуваа со власт, но пак си имаше некакви граници, не како сега во светот елитата става локален феудалец.
Конкретно друго што немисе допаѓаше е скриен национализам, многу слично е сега во ЕУ, секој тегне накај себе и гледа да искористи повеќе од другите, пример Словенија, Хрватска и Србија, мутни договори и секој гледа да ја развие својата индустрија и економија за сметка на другите, како денеска Германија и Франција во ЕУ.
Личноста на Тито е спорна, мислам дека работеше против православните, го мењаше етничкиот состав, цели села од босна ги пренесе накај нас, станува кум на секое десето дете во Косово.
Дури сега после толку години може да се разбере зашто се случи сето тоа. Главното е што Тито по масонска линија и хиерархија беше потчинет да исполни некој задачи, иако изгледаат мали работи но таму е заложен распадот на СФРЈ. Главно е што му помагаа за време на ВСВ и ако евентуално Хитлер изгуби тука да е нивни човек. После ослободувањето требаше да раскине односи со коминтерната и Сталин, му даваа кредити но така измислени да неможе да ги врати и потпадне во долгово ропство, стварно изгради фабрики, индустрија но сето тоа беше вештачки и со цел иден распад. Во осумдесеттите години сопреа да ни дават нови кредити и побараа да го вратиме долгот.
Немаше никакви теориски шанси да игра со западот и да победи, ако да речеме виделе дека работел добро уште во почетокот, педесетите години ќе му ги сопреа кредитите и немаше да може да изгради ни Кршко, ни РЕК Битола, ни Хемтекс и скоро се друго.