Заборавате дека пасошиве што ги вадиме двојно ги плаќаме,а власта ви направи намерно гужви за да не обрнете внимание на тоа.Прво ги плативме со тендерот од 30тина милиони евра,за потоа секој поединачно пак да се напрчи уште по 30-40 евра,а оној кој сака побрзо како Мистик мора да издвои уште барем 80 евра.Инаку "глупавите" Грци тоа го решија мошне едноставно како и Бугарите па и сите "глупави" земји во светот:
-т
ендерот во Грција чинеше само 2 милиони евра за пасош сличен ако не и подобар од нашиот и го доби една Америчка компанија која им доставува на Грците бланко пасоши на кој тие вградуваат слика со биометријски податоци,се разбира дека пасошот го плаќаат поединачно како и кај нас со слична цена.Истото е и во Бугарија и во Финска каде државите не издвоија по 30 милиони евра како ние,кој сме ептен подложни на мито и корупција.Значи државата прва создава тендер во кој е вградено мито и коруптивни елементи за да не не чуди зошто и граѓаните го прават тоа.Малтретирањето е посебен дел од приказната особено доколку живеете во Скопје или пак
имате во податоците некоја од буквите како ч,ќ,њ,љ,ѓ,џ,ж,ш, затоа што нема да важат во амбасадите со моронската транскрипција на латинично писмо,односно вашето име ќе поприми нови димензии за кој вие и не сте знаеле дека постојат како ни амбасадите кој се во нашата земја.Згора на се за парите добивате пасош за кого треба да извадите виза барем во скоро 180 земји во светот што го става во групата на ГЕТО-аусвајзи најнепризнати во целиот свет,поточно на самото дно од вредноста и значејнето за што всушност тој документ е наменет.