Пред да одам на одмор ја читав темата и бев задоволен што имам време за вадење пасош, како и за остали од фамилија, така што фатив убав сеир од советите и искуствата.
Но што ми се случи:
Вечерта работите спакувани во кола, сабајле одиме на наше море 1100км пат, и јас како последно „за секој случај“ го проверувам пасошот на детето и откривам дека date of expiry : 18.03.2007. Ме мавна дамла, се сетив дека не треба на други да им се смеам пошто одма ќе ми се врати и еве ми се врати. А апартман резериран , ако откажам, по таа цена нема теорије пак и на таа локација.
Тоа беше 22 часот вечер. По извршен brainstorming по телефон од 1 час успеа да се направи план за акција која што ја приложувам на сите што ќе им се случи ова со цел ако може да помогнам со лично искуство:
1. Од кај МТВ наоѓате познат што ќе ве внесе на службен влез , пожелно е најдоцна до 7:30 пошто имате саат време пред руљата да влезе.
2. Се наоѓа вработената во поштата во самото МВР и и се дава 100г кафе за да прими уплатница за т.н. итен пасош 48 часа - тоа го работи познатиот вие давате пари
3. Се наоѓа примач на документите - познатите на познатиот му кажуваат на примачот дека има итен случај и ги приложувате документите
4. Познатите на познатиот ве внесуваат во т.н. базна станица, се слика детето и веќе во некој си адобе фотошоп пасошот ја има формата
5. Уште додека сте во базната станица потребно е да се провери дали сликата е доволно контрасна или нешто трето (тоа му се кажува на сликачот и тој знае)
6. Во 14:00 првата тура од документи патува од МРТВ зградата кон Републичко МВР на печатење.
7. Со втор познат (кој веќе мора сам да работи вие немате пристап) се наоѓа вашиот пасош и се пушта на изработка
Епилог пасошот го имав во 19:00 часот значи 11 часа и 30 минути пит стоп и за среќа не ми пропадна одморот. Жал ми е за сите што наебале, ама ако се оди регуларно со рефуларни 48 часа, едно 5-6 дена не ве крпат.
Совет : познатите што ве водат е најдобро да се почитувани службеници (не мора воопшто на некоја висока позиција) и да се во добри односи со останатите.