Да се биде дел од „МАШИНАТА“?

Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Нели мислите дека дури и да се ослободите од оваа „машина„, од едноличното секојдневие, од сите оние работи што животот ги налага, дури и тогаш повторно ќе западнете во некоја друга? Нели мислите дека всушност се` што правиме е како дел од некоја виртуелна игра, што и да правиме секогаш ќе изгледа како некој друг да ги држи конците? Дури и да заминеш некаде далеку на пуст остров, ослободен од притисокот од работното место, нормите што ги дава општеството...зарем нема пак да западнеш во некоја рутина? Пак ќе се будиш секое утро со помисла што ќе јадам, како да се снабдам со храна, како да преживеам, како да се заштитам од опасностите...? Нема излез од машината, едноставно така функционира светот, сакале или не, дискутирале или дебатирале, светот се уште се врти, правилата се тие.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Тоа што сакаш да кажиш е ментален склоп. Тоа дека така сме научени.

Финтата е да можеме да ги оствариме соновите. Тој/таа што нема сонови нека биди дел од машината :)
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
Машинката е направена да трае, да функционира без пречки, и да биде отпорна на поединци. И пред се е тешко да се види и затоа сите мислат дека таков е животот и поинаков не може да биде. Таа има за цел да те држи зафатен, да не ти остави премногу слободно време, да те натера да бидеш алчен за пари, да работиш напорно за добар живот, да бидеш со мнозинството итн. Машината неможеш да ја растуриш и ако пробаш таа ке те растури тебе.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Индеед... Машината е се што `сите` го прават. Напрај нешто поразлично да те видам?! Општествена грешка стануваш, по автоматизам. Зошто?! Бидејки, стави се во ситуација да, некој не оди на работа, не прави како ке му кажат, не почитува наредби, барања, молби... Тој е дебил, кретен, не знам што уште не... Зошто?! Нели сите сакаат да бидат автономни, т.е. не-дел од таа машина, а уствари сите се... И Ти самиот, креаторот на постот... И ти си дел од неа, и јас сум дел од неа... Ваљда затоа што сакаме да бидеме... Затоа што не сме способни да се спротиставиме... Кажувањето на тоа мислење пред луѓе што, повеќе од 80% знаеш дека го делат истото мислење, не е бунт против тоа... Барањето помош, исто така ништо... Земи и не биди дел од машината, ако имаш муда... СИЛЕН СИСТЕМ, ПО ЧУДНИ НОРМИ! :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
|Volkswagen|, ако уште сега се чувствуваш дека си дел од машината, кога ќе се ожениш, ќе клепнеш дете and stuff ќе се чувствуваш дека си дел од турбо дизел машињон.

Чаре? Ексцентрик, за сите пари.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Мораш ако си на работа од 8 сабајле :)

Па ќе си најдеш работа со флексибилно работно време како мене полнење на коверти и кликање на страни од интернет :icon_lol:,се зезам освен за флексибилното работно време :icon_lol:.
О.К. Шефови директори авторитети и структура над мене да ми јаде љања не трпам, никогаш не сум ни трпел, и коцките сами се наредија да работам работа и работи која што ги немам тие срања или ако ги имам минимално тоа, јас одлучувам :icon_lol:.
Вака разгледувајќи сега кога имам проблем барајќи решение за него, јас не го наоѓам туку тоа ме наоѓа мене, сега го разбирам тоа ама имав илузии дека јас го наоѓам решението а не обратно.
Пари пари пари пари пари пари се заглавив во стапицата наречена пари, трчај ваму трчај таму ме исцеде физички и духовно, па си посакав желба што би било да бидам како индијанците слободен тие немале концепт за пари се додека белецот не дошол да колонизира, решението за мојот проблем се распосла пред мене. Мислам знам што се пари и за што служат ама ја нема стапицата која што ме држеше опсесивно затворен во нејзе....
Поента, па добро треба да има поента :icon_lol:, ти си машината која што движи се околу себе, илузија е дека си внатре во нејзе, кога мислиш дека си внатре во нејзе ти веќе си ја дал контролата и си внатре, потребно е да излезиш надвор од нејзе односно разбереш дека ти си тој кој што управува и контролите се кај тебе и ја управуваш машината како што сакаш и решенијата сами ќе излезат пред тебе, а вака додека мислиш дека си внатре и не можеш да излезеш никогаш нема да илезеш.....
 
С

Сатори

Гостин
Може и соновите се дел од машината? хммм :)
Само на оние кои што немаат интелект им се дозволува интелектуална слобода.
Генеричкото потрошувачко општество заработува од соновите, проблемот го прават тие со прозорци во главата, не тие со телевизори.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да се биде дел од машината...
Не значи само да се станува рано,да се оди на работа и да се гледаат истите идиотски програми на ТВ...
Да се биде дел од машината значи и да се биде дел од ова...

Човек оставен два часа во смртна агонија на улица,луѓето го прескокнувале...



Shoppers walked past a dying man as he lay helpless on the pavement.
The man, in his 50s, was slumped outside a busy row of shops in Eastfield Road, Peterborough, for nearly two hours before someone finally came to his aid.
A passer-by eventually dialled 999 after approaching the man to see if he needed help.
Tony Poll said he felt disgusted that the man had been left there for so long and blasted shoppers for having 'no regard for human life'.
Народот си гледа сеир за време на убиство...From Russia with w/e...


Не беее тоа само по запад го има...и кај русиштата тие “ладни“ се и забегани...

Умирачка од глад...Тетово

Од прегладнетост и нехигиена починал и 30-годишниот тетовец Зоран П. Неговото тело било пронајдено во неговиот стан на улицата "Илија Ристевски Дрнц" во Тетово. Настанот во полиција го пријавиле соседите. Од увидот било утврдено дека на неговото тело нема траги од насилство и дека тој умрел од глад.
Смрт од студ и глад,добро што комшијата дошол порано од стаорците...

Безживотните тела на една брачна двојка вчера биле пронајдени во нивната семејна куќа во кумановското село Стрезовце. Според информациите на кумановските полицајци, станува збор за Васил Трајковски (74) и неговата сопруга Миланка (79).
Како што информираат од таму, случајот бил регистриран околу 10.30 часот, а го пријавил сосед, кој дошол да ги посети и ги нашол телата на двајцата старци.
При увидот на полицајците не биле најдени траги на насилство, па се претпоставува дека старците починале од студ и од глад.
Според изјавите на соседите во селото, Миланка последен пат била видена во средата, додека нејзиниот сопруг Васил бил тешкоподвижен и ретко излегувал од дома.
По наредба на истражен судија телата им биле предадени на судските вештаци за обдукција.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=294&ArticleID=19045
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2663&stID=47514

Досадничко и монотоно ви е?
Нема ништо на ТВ?
На работа све по старо?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
^^^^^^^
Ај да не цитирам цел пост пошто е долг..:)
Приказната за добриот самарјанин е стара едно 2000 години, тогаш машината не постоела, па се прескокнувало жив труп,така да не е до капитализмот до луѓето е.
Второ од глад умирале луѓето и ќе умираат, тажно е и неприфатливо, но тоа се случува во секој систем што постоел. Не постои совршен систем, мора патем и тој да собира жртви.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
^^^^^^^
Ај да не цитирам цел пост пошто е долг..:)
Приказната за добриот самарјанин е стара едно 2000 години, тогаш машината не постоела, па се прескокнувало жив труп,така да не е до капитализмот до луѓето е.
Второ од глад умирале луѓето и ќе умираат, тажно е и неприфатливо, но тоа се случува во секој систем што постоел. Не постои совршен систем, мора патем и тој да собира жртви.
Не е до системот , туку до тие што го наметнале.
Бај д веј кој му ги даде плочите со законите на Мојсеј. :raz:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не би рекол дека човек му ги даде плочите на Мојсеј.
А и ковчегот што одеше сам до ветената земја не ке да беше мен мејд.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
^^^^^^^
Ај да не цитирам цел пост пошто е долг..:)
Приказната за добриот самарјанин е стара едно 2000 години, тогаш машината не постоела, па се прескокнувало жив труп,така да не е до капитализмот до луѓето е.
Второ од глад умирале луѓето и ќе умираат, тажно е и неприфатливо, но тоа се случува во секој систем што постоел. Не постои совршен систем, мора патем и тој да собира жртви.
Ах...“не постои совршен систем па затоа ова е правата работа“...

Се додека жртвата не сме ние се е ок,а во случај да бидеме жртва или некој близок ќе кукаме и пиштиме till kingdom come за помош,разбирање,човечност,солидарност...spare me the relativity moment please...

Машината не е од вчера...it goes back to Babylon apparently :)...ок митот за Мардук е двосмислен но тоа не прави разлика во датирањето на машината каква што ја дефинираме сега...
Ме чуди што има луѓе што прескокнуваат луѓе на кои еден телефонски позив би им го спасил животот (а не живи лешеви...)
Но не ме чуди веќе што има луѓе кои воопшто не ги чуди што се прескокнуваат луѓе на кои еден телефонски позив би им го спасил животот.
Искрено...не знам веќе што е потажно,умирачката од глад или тоа што сега во 2010 anno domini тоа се смета за прифатливо...

И ете тоа било нормално и ок...само за жал било тажно и непријатно инаку сосема ок,како поправање на заби веројатно...

Уелбек беше во право,машината се движи во насока како кај неговиот лик во “Можноста за еден остров“ каде типот повеќе се нервира што јајцата кои ги пржи во тавата ги пресолил, отколку тоа што син му починал пред неколку минути...

но тоа се случува во секој систем што постоел
Сигурна си во ова?
Wanna bet?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom