MK_Devojce
I simply don't care...
- Член од
- 2 август 2009
- Мислења
- 468
- Поени од реакции
- 162
Да можам да го вратам времето барем за една година би се запишала на Филолошки во Скопје а не информатика :jaj:
Што ако?
Што ако ви се даде шанса да го вратите времето и да направите промена во вашиот избор на средно училиште или факултет?
Секојдневно слушам вакви изјави од постари личности, бидејќи се наближува времето кога треба да се запишам на факултет и со тоа да ја изберам својата идна професија. "Запиши си се на Филолошки, јазик за женско најубаво е, што бараш на ФЕИТ или на Стоматолошки?". Слушав такви изјави и кога се запишував средно - "Што не си одиш некаде на полесно да си завршиш, што ќе се мачиш во ЈБТ?"
Што се однесува до мене, јас мислам дека згрешив што се запишав во ЈБТ, ама не дека е многу тешко. Работата е што е лесно и од професорите не добивам којзнае какво образование. Учење на памет бараат скоро сите од таму и автоматски ништо не ти влага во глава. Никој од нив таму не се труди да стане од стол и да ти покаже, да ти објасни. Јас барем мислев дека таму е строго, ама од строго ни С.
Да можев да го вратам времето, ќе се запишев во Орце. Не за полесно, туку затоа што барам да ме научат на нешто. Барем личи на училиште, има дисциплина, остана единствено училиште во кое униформите уште живеат а и барем има ред во наставата.
За тоа дали згрешив со факултетот, ќе пишам на темава за едно шест-седум години