Јас навистина сум махер за банки...
1 банка, Стопанска банка: Госпоѓата вработена сомнително ме гледаше мене и мониторот на кој се појавија податоци од таткото на бебето (сигурно госпоѓата не била известена дека иако трансакциската гласи на физичко лице сепак е за хуманитарни цели), молчеше кога ја прашав што е проблемот, за на крај да ми рече дека неможе да ми каже што е проблемот . Демностративно напуштање на банката додека госпоѓата викаше по мене да уплатам на еден од шалтерите (нека има грижа на совест и вечер око да не затвори)
2 банка, Комерцијална Банка: После давање на соберената сума и моја лична карта, излезе дека мојот матичен број не фигурира во нивната банка (па нормално немам сметка кај вас но господинот Илиевски има), но според политиката на банката немало како да се поврзат средствата од мене како физичко лице без сметка во Комерцијална со физичкото лице примател на донациите. Ми беше понудено да пополнам апликација за да станам корисник на К.Б., на што прашав до кога треба да чекам апликацијата да ми биде прифатена, зошто парите се потребни веднаш, и не добив задоволителен одговор.
3 банка, повторно Стопанска Банка: На шалтер ги оставам парите, моја лична карта и сите кредитни картички што ги имам со зборовите Ве молам, за бебе се работи... Девојчето беше многу културно, ми кажа дека не треба ништо да и дадам само да пополнам образец ПП10 со мои лични податоци и податоци на семејството (име презиме и трансакциска)
Конечно донирано!
(јас мислев дека проблемот ќе се јави со моите колеги кои сабајле ги известив, но луѓето без проблем донираа кој колку може)
Ако сте намислиле нешто, не се откажувајте, секогаш ќе се најде начин донацијата да стигне на вистинското место!