Да Ве прашаме...

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Темава е за поставување на сите нејасни прашања и недоумици во врска со науката и технологијата, било тоа да е некоја античка (која постоела а ние не ја знаеме), или модерна која сеуште се одгатнува.

Заради тоа сакам да прашам...Често пати кога се работи за некои георграфски поими, слушам дека на пр. Х град се наоѓа на 400 м. надморска височина, или рамнината Х лежи на 50м. под морското ниво.
Прашањето е, што е надморската височина, и според кое море се мери. Т.е дали навистина постои некое море (не ми има логика) според кое се одредува надморската висина?
На википедија прочитав, ама беше малку и не е до толку објасниво.
Ако некој знае, нека повели :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Се заебаваш?
Значи сите морина и океани се една целина, поврзани, и во тој голем базен нема планини и долини, туку е рамна површина и секаде е исто. Колку што е во јадранско, толку е и во тихи, толку е и во атлански, толку е и во црно море, и тн и тн...и затоа се зема како почетна. Сеа јасно ти е малку?
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Wikipedia напиша:
Поимот надморска височина се однесува на височината измерена над земјата односно алтитуда и односот на просечната височина на морето.
Кога се опишуваат географски објекти, како што се планина, топографски карти, висини кои се означени со изохипса, тие се опишуваат преку метричката мерка - метар.
Заради нестабилноста на височината на морето, заради плимата и осеката, не е возможно апсолутно да се определи височината на сите објекти на планетата. Затоа се користи некоја поблиска референтна точка чика висина е мерена во подолг временски период и е константна.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Надморска_височина
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
site morinja imaat edna nadmorska visina 0
a drugoto se meri sprema niv
a edino nesto sto e pod nadmorskata visina e mrtvoto more
druga tocka prirodna na planetava nemam slusnato
osven nekoja pestera da ima ili nekoja dupka
 
S

smart ass

Гостин
Корка....дел од Холандија е под нивото на морето,па дури и тн пловечки куќи почнаа да градат,башка тоа ЧУДО трошок е ангажирање на тешка машинерија....чунки ќе ги однесе водата:toe:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Корка....дел од Холандија е под нивото на морето,па дури и тн пловечки куќи почнаа да градат,башка тоа ЧУДО трошок е ангажирање на тешка машинерија....чунки ќе ги однесе водата:toe:
Да под она исто ниво, кое се зема како мерна единица за надморската висина...инаку колку што ми е познато Холанѓаните го истиснувале и истиснуваат морето за да имаат место за живеење.
 
S

smart ass

Гостин
користат брани и специјални песочни насипи т.е константно одржуваат статус кво...оти недај боже лошо ги чека,мислам не е цело кралство на ризик...негде 30% сигурно..ќе отиде неповрат така да они се спремаат за недај боже ситуации...и многу пари кошта..ама мораат:toe:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Мене ме интерсира како тоа ние не паѓаме...значи Земјава се движи у атмосферата не паѓа надолу се врту у круг. Како тоа не тече водата од неа, како се задржува. како ние не се превртуваме...Значи сфаќам неш гравитација ово оно, али не можам да си го објаснам точно што како е...ќе биде некој добар да ми објасни?


damn it...никогаш не сум ја разбирала физикава...
 
C

cige

Гостин
Мене ме интерсира како тоа ние не паѓаме...значи Земјава се движи у атмосферата не паѓа надолу се врту у круг. Како тоа не тече водата од неа, како се задржува. како ние не се превртуваме...Значи сфаќам неш гравитација ово оно, али не можам да си го објаснам точно што како е...ќе биде некој добар да ми објасни?


damn it...никогаш не сум ја разбирала физикава...
Сето тоа е благодарение на магнетните сили. Како што Месечината се врти околу Земјата, така Земјата се врти околу Сонцето и формира сончев систем, повеќе сончеви системи формираат соѕвездија, милиони соѕвездија формираат галаксија, бесконечен број галаксии го формираар универзумот којшто е бесконечен, колку и да патуваш 999999......99999.......999999 години нема никогаш да допреш крај. И никој не може да докаже дали паѓаме или се качуваме и се движиме лево или десно, се знае дека се движиме низ многу оски на ротација. А водата ја привлекува месечината, затоа навечер водата се повлекува од брегот, а наутро пак надоаѓа. Со текот на времето Сонцето полека згаснува, пресметано е за колку време треба да згасне(мислам 4-5 милиарди години), Сонцето е потрошен материјал, согорува, кога ќе згасне ќе ја изгуби гравитацијата(тогаш ќе биде метеор) и тогаш ќе паѓа без сила на гравитаци се додека не удри во некоја ѕвезда и да направи Биг Бен и можеби така ќе се роди нов Сончев Систем и одново ќе има живот хаха како што настанал нашиов
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сето тоа е благодарение на магнетните сили. Како што Месечината се врти околу Земјата, така Земјата се врти околу Сонцето и формира сончев систем, повеќе сончеви системи формираат соѕвездија, милиони соѕвездија формираат галаксија, бесконечен број галаксии го формираар универзумот којшто е бесконечен, колку и да патуваш 999999......99999.......999999 години нема никогаш да допреш крај. И никој не може да докаже дали паѓаме или се качуваме и се движиме лево или десно, се знае дека се движиме низ многу оски на ротација. А водата ја привлекува месечината, затоа навечер водата се повлекува од брегот, а наутро пак надоаѓа. Со текот на времето Сонцето полека згаснува, пресметано е за колку време треба да згасне(мислам 4-5 милиарди години), Сонцето е потрошен материјал, согорува, кога ќе згасне ќе ја изгуби гравитацијата(тогаш ќе биде метеор) и тогаш ќе паѓа без сила на гравитаци се додека не удри во некоја ѕвезда и да направи Биг Бен и можеби така ќе се роди нов Сончев Систем и одново ќе има живот хаха како што настанал нашиов
:eek:ftopic:Осеќам темава ќе се претвори во фантастично место за измамување насмевка. Модертори, не ја испуштајте од раце никако.

Сега, hebocig, сонцето според пресметките прво треба да го достигне својот зенит, максимум, да ја проголта земјата, значи и да има најголема гравитација, а дури потоа нагло да се смали и да го загуби статусот на ѕвезда, со тоа и гравитацијата.

Ла Лока, секое тело има свое поле на гравитација. Замисли, дури и ти. Само што твојата моќ е премногу мала за да можеш да делуваш на нешто. Од друга страна, земјата има огромна маса и привлекува се околу неа, вклучувајќи те и тебе. Ти само си научила да те привлекува земјата за стапалата. :)

Земи го за пример едно обично магнетче кое го ставаш на фрижидер. Тоа лепи се` за себе, така и тебе земјата те лепи за себе. Колку е поголемо телото (земјата во случајов) толку е поголема гравитацијата. Сеуште, величината не мора по секоја цена да биде и предуслов за јачината на гравитацијата, но речиси редовно е многу многу важна. Слично на земјата, и месечината која е повеќе пати помала од земјата има своја гравитација. Но, бидејќи е далеку помала, има и 6 по слаба гравитација, па затоа кога ги гледаш на филмови како се движат астронаутите по месечината изгледа како да летаат додека одат. И така... :)
 
C

cige

Гостин
Но, бидејќи е далеку помала, има и 6 по слаба гравитација, па затоа кога ги гледаш на филмови како се движат астронаутите по месечината изгледа како да летаат додека одат. И така... :)
Зар имаат стапнато астронаути на месечината :nesum:
 
S

smart ass

Гостин
Сето тоа е благодарение на магнетните сили. Како што Месечината се врти околу Земјата, така Земјата се врти околу Сонцето и формира сончев систем, повеќе сончеви системи формираат соѕвездија, милиони соѕвездија формираат галаксија, бесконечен број галаксии го формираар универзумот којшто е бесконечен, колку и да патуваш 999999......99999.......999999 години нема никогаш да допреш крај. И никој не може да докаже дали паѓаме или се качуваме и се движиме лево или десно, се знае дека се движиме низ многу оски на ротација. А водата ја привлекува месечината, затоа навечер водата се повлекува од брегот, а наутро пак надоаѓа. Со текот на времето Сонцето полека згаснува, пресметано е за колку време треба да згасне(мислам 4-5 милиарди години),
Упс:)

Не е баш до Електромагнетната сила и магнетното поле т.е има планети и без магнетно поле па не им фали ништо:wink:


повеќе сончеви системи формираат соѕвездија, милиони соѕвездија формираат галаксија, бесконечен број галаксии
Всушност во астрономијата имаме групирање на галаксиите во т.н клустер и суперклустер..а тоа се мнооогууу галаксии.

Сонцето е потрошен материјал, согорува, кога ќе згасне ќе ја изгуби гравитацијата(тогаш ќе биде метеор) и тогаш ќе паѓа без сила на гравитаци се додека не удри во некоја ѕвезда и да направи Биг Бен и можеби така ќе се роди нов Сончев Систем и одново ќе има живот хаха како што настанал нашиов
Не баш метеор...далеку е од тоа, сонце конкретно "согорува" со процесот наречен нуклеарна фузија, и откако ќе се потроши деутериумот и трициумо(тоа се изотопи на водородот) сонцето веќе е ѕвезда во фаза на изумирање која за жал ќе се претвори во црвен џин(неколкукратно ќе го зголеми волуменот откако ќе го потроши водорот јадрото колапсира и следува фузија на хелиум кој ќе резултира со јаглерод и при овој процес кој буквално ќе ја изгори земјата(а сонцето ќе остане т.н бело џуџе составено од неутрни воглавно бидејќи хелиумската фузија ќе ослободи повеќе енергија но нема да опстане долго)...и така нема да има живот но Циолковски-основачот на астронаутиката рекол цитирам-Земјата е лулка на човештвото,а бебето кога тогаш станува од лулката:smir:

Лока...Гравитацијата ти е одговорот,имено истата е слаба кога станува збор за помали предмети...нели мобилните не ротираат околу нас:)

Но кога станува збор за ПЛАНЕТИ,Ѕвезди(има Ѕвезди 100-ци пати поголеми од нашето сонце) т.е огромна маса тогаш гравитацијата е јака(колку повеќе маса толку појака гравитација),конкретно еве при оформувањето на нашата планета имаме во центарот железно јадро па натаму си идат слоевите...а немај мака за водата..имаме езера де ако океаните избегаат:vozbud:,а што се однесува до водата...не може да избега од гравитацијата т.е за да некое тело еве шише со вода на пример за да "избега" ќе му треба брзина од 11.2 километри на секунда..но водата не се движи со таа брзина:toe:

Или илустрирано..нешто вака.




Колку е поголемо телото (земјата во случајов) толку е поголема гравитацијата. Сеуште, величината не мора по секоја цена да биде и предуслов за јачината на гравитацијата, но речиси редовно е многу многу важна.
Во превод Густината на масата-т.е станува збор за црна дупка каде лажичка од неа ќе тежи милијарда пати повеќе од нашиот цел сончев систем.
 

Attachments

B

Borg_Drone

Гостин
Астронаути имаат стапнато на Месечината, а заговорите за тоа дека не стапнале се лажни.Земени се сателитски снимки од местото каде што слетал екипажот на Аполо 11, поставени се рефлектори кои се користат и ден денеска за мерење на одалеченоста на Земјата од Месечината, има безброј снимки, а и за првпат со мисиите е испратен во седумдесетите геолог кој извршил истражување на површината на Месечината, и со тоа открил значително количество на Helium 3, кој кај нас е доста редок и го има само во озонската обвивка.

-Инаку точно е дека Месечината има своја гравитација како и магнетно поле и со самото нејзино магнетно поле дејствува врз климата на Земјата.Пресметано е дека ако Месечината се одалечи на 40 000 км2. од Земјата, ќе предизвика катастрофални промени лоши за човекот, а е докажано дека се одалечува за 3.8 cm годишно.

-А Месечината има свое магнетно поле пред се, зошто самата Месечина е создадена од Земјата, пред 4.5 милијарди години; кога се формирал соларниот систем и кога планета со големина на Марс удрила во Земјата.Од самиот удар исфрлени се во вселената огромен број на карпести остатоци кои исто така содржеле и железо, (а јадрото на Земјата содржи железо) и кои влегле во орбита на Земјата и со тоа се формирала Месечината.
Но се разбира, јадрото на Месечината има помало количество на железо, но и послабо магнетно поле од Земјата.

-Иако е послабо магнетното поле на Месечината сепак голема е неговата улога за Земјата.Покрај тоа што влијае врз климата на Земјата, исто така влијае и врз гравитационото поле на Јупитер кое е доволно јако да ги држи сите планети во своја орбита, и сега во моментов ги влече накај себе останатите планети вклучувајќи го и Марс.За нас тоа влечење е значително намалено благодарение на Месечината.Главен виновник за пресушување на водата на Марс пример е Јупитер а да ја немавме ние Месечината, исто така и Земјата досега ќе немаше вода, ќе немаше и живот.

-Сонцето исто така треба да го достигне својот зенит за да ја проголта Земјата, а зенитот ќе го достигне откако ќе го потроши своето гориво односно хидрогенот, како и полесните елементи.Откако ќе го достигне својот зенит, следува експлозија, па формирање на супернова, неутронска ѕвезда за на крај да се формира како црна дупка, но тоа во друга тема.

-Она што малкумина го знаат е дека постои и стеларна класификација, и нашето Сонце е ѕвезда од типот "G", со температура од 5000 келвинови степени.
Постојат и ѕвезди од класа O, класа B, класа А, класа F, класа G, класа К, класа М. Најслаба е класата М со 3000 келвинови степени, додека пак класа О е најјака со 30 000 келвинови степени.


Гледам имаше прашања на темава па да дадам и јас свој допринос.
 
S

smart ass

Гостин
Веројатност има за нашето сонце да стане црна дупка но тоа е мнооогуу мала веројатност,имено "условот" за ѕвезда да се претвори во црна дупка е да има минимум 25 до 30 пати повеќе маса од нашето сонце...но велат нема правило без исклучок но најверојатно ќе си остане White dwarf т.е бело џуџе...ако не се случи нешто непредвидливо што и не е за исклучување чунки 5 милијарди години се многу.

И да добро што објасни добро дека навистина има човекот стапнато на месечината...тоа конспирасите перат мозок:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom