Во пракса, кога треба да се споредат идеите со фактите на "терен" излегува дека сонцето е прилично топло. И дека зрачи фотони на сите фреквенции од електро-магнетниот спектар (плус јонизирани честички). Е сеа топлината (емпириски осознаена т.е. колку ние чувствуваме дека е топло) зависи од карактеристиките на самата средина во која се наоѓаме. Конкретно овде на Земјата поради постоењето на атмосфера, дел од зрачењето се рефлектира назад во вселената, а дел се апсорбира. Рефлектираниот дел е отиден засекогаш, апсорбираниот дел е она што го чувствуваме како топлина. Значи не станува збор за никакви спирални зраци, туку енергија од електро-магнетниот спектар која поради карактеристиките на околината ја "толкуваме" како топлина. Сеа кога тие зрачења, шо идат од сонцето, се во точно определена фрквенција која овозможува истите да бидат детектирани од човечките органи за вид, истите ги викаме светлина. Да сонцето зрачи и светлина. Не, светлината не се "раѓа" преку допир на сончевите зраци со материјата, иако треба да се напомне дека светлината која доаѓа од сонцето се променува под влијание на материјата на земјата.
Сеа ова горе шо го пишав е крајно лаички напишано.Не знам ни колку години имаш ни каква ти е позадината, ама материјата која се најде за дискусија , ако не грешам,во најголем дел се обработува во 3(4)-та година гимназија. Ако не си стигнал до таму, стрпи се и пробај да не бегаш од часови. Ако ти поминало тоа време, а си заинтересиран за овие работи, можеш да најдеш литература , во библиотека или уште полесно на интернет, напишана од луѓе кои се бавеле со физика( и хемија) цел свој живот и кои научиле како стојат работите во природата. Не се срами, слободно почни од некое пониско ниво и полека читкај си академски, па и стручни материјали.
Едно лично прашање, каде е логиката нормален човек да прифаќа објаснувања од областа на физиката од докажан надрилекар?[/quote]
Јас дали сум стигнал до 3-4 година гимназија не е битно, за тебе можам да ти кажам дека или не си го прочитал добро постот кој го напишав погоре, или не си го разбрал. По тоа можам да заклучам дека најверојатно си стигнал до 4 година гимназија, но умствено таму си останал.
Иначе сега сме 21 век и сите знаеме дека доста од она што сме го научиле порано сега се променило, дека во науката нема догми ( вистини создадени еднаш засекогаш) туку сите факти и докази подлежат на постојано преиспитување и проверки а, кога е во прашање вселената и вселенските тела, тоа уште повеќе важи.
Уште еднаш да напоменам дека не предјуцирам ниту едно тврдење , тези или хипотези само барам докази, факти и логика за посочената тема.
Оваа тема не е за оние со плиток ум, туку за оние со подлабоко размислување, и оние кои се спремни да дискутираат за сите нови можности и сознанија.
Така да можам да ти препорачам повеќе да не се замараш со оваа тема, најди си некоја тема која тебе ти прилега.