Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години ?

Член од
3 октомври 2011
Мислења
170
Поени од реакции
64
Животот е суров, никогаш не знаеш дали некој стварно те сака или те жени/мажи само за да не даде пари.
во право си навистина е така туку да не одиме по суровиот пат јас сум полн со љубов ај да се земеме :confused:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Одличен пробен балон. Од сите таму кои даваа "идеи" баш оваа мораше да биде кажана во јавност на медиумите. Ако не се лажам ова е веќе втор пат вакво нешто да излезе. Мислам дека првиот пат легендарниот Шехтански ја даде таа епик изјава. Ама добро, ова е уште една причина зошто се повеќе се мислам да си купам карта во еден правец и да заминам некаде каде што државата нема да ми го уредува животот.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

ЦК
Имаше вакви балони неколку пати до сега,првиот беше уште 2009/10 и тогаш имаше тема на форумов.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Пензионерите предложија данок за ергенлак и серија за љубовта на Рацин

На отворениот ден кога премиерот и министрите ги слушаат идеите на граѓаните, пристигнаа и неколку прилично интересни.
Така пензионерот Воислав Игнатовски, пензионер од Тетово предложил законска гаранција за згрижување од страна на државата на семејствата на сите што ќе загинат за нејзина одбрана, а немажените и неженетите вработени лица да плаќаат данок во износ од 40 проценти од просечната плата во државата.
- Во Македонија сме соочени со многу мал наталитет и многу немажени и неженети. Предложив да плаќаат данок во износ од 40 проценти од платата што ја земаат. Тоа да се применува и кај тие што се разведуваат и во иднина нема така лесно да има разделување, изјави Игнатовски.
---------------------------------------
Воиславе, да даде семоќниот Сунѓерот зет да ти биде. Амин.
Како не отидов јас кај Премиерот и не му предложив секој пензионер или пензионерка што имаат поголем стаж во пензија од работниот стаж додека биле вработени во бившиот систем да им се укине пензијата.Или доколку и двајцата брачни другари земаат пензии заедно поголеми од 400 евра,тогаш со 150 евра да стимулираат еден млад брачен пар каде што нема ниту еден вработен постојано во текот на целата година.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
ЦК
Имаше вакви балони неколку пати до сега,првиот беше уште 2009/10 и тогаш имаше тема на форумов.

Да да, точно, неколку пати до сега - исто како со законот за абортус.

Све почнува со нечија ретардирана идеја, се подмачкува јавноста постапно, низ годините, и ко ќе ни "влезе" нема да ни биде така шокантно - и онака сме си зомбично летаргични-шо ни сервираат нас ни е рамно.

Претпоставувам дека некој таму, веќе смислува рекламче што ќе "оди" цензурирано - сцена Скопје (ко Мека на разуздани стари моми и потентни ергени)-се движи камера низ улиците и фаќа благо збрчкана теткица како сама тумара низ градот, сите се тргаат од неа, срам им је дури и да ја погледнат-па искача строго поучен глас од позадина као мото "кој ти е крив ко на време не си направи друштво, некој што ќе те гледа и шета, сама си виновна што сите бегаат од тебе ко од шугава"(ова онака цензураирано со бибииипппп, пошо, нали, граџаните не смеат да бидат обележувани, жигосувани по било која основа, нали, нали???) -и погледот и паџа (онака тажен) на среќно заљубен пар со две деца (па она си мисли у себе, наместо парите да ми идева на нивните деца, можев да си пораснам свои)...

:sick:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Немам зборови да кажам колку ми се гади од муабетиве. Уште од првиот пат кога излезе, па и вториот, третиот... Идиотштина и малограѓанштина. Па пази молим те, уште и 40 посто од платата. Што не предложиле и 80, шо ќе им е плата на луѓево? Не знам, ајде и самохраните мајки и татковци исто да ги одереме и со данок за тоа што воспитиваат сами деца, па нека даваат 90 посто од платата на државата. КРЕТЕНШТИНА од највисоко ниво. Од сите идеи, оваа влага у топ 3 најдебилни идеи во историјата на идеи.

Ваквите идеи покажуваат колку никому не му е гајле за самохрани мајки и татковци, за луѓе кои трагично ги загубиле своите сопруги и сопрузи, хомосексуалците итн. Или треба хомосексуалците да се женат насила со жени и после тоа жените по 30 години да дознаат вистината. Ептен поттикнување на здрави врски и искрени односи меѓу луѓето, нема што.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Пензионерите можат да даваат данок за здравје, Колку полошо здравје, и повеќе лекови се кљукаат, толку поголем данок.
Шкорпи си наебал,сакал нејќел ќе мора да се ЖЕНИШ :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.926
Поени од реакции
10.553
ова е многу осетлива тема за старите моми и ергените :confused:

наместо да се плаќа данок, државата може да ги стимулира оние кои ке се решат за брак пред 30та година
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ова е многу осетлива тема за старите моми и ергените :confused:

наместо да се плаќа данок, државата може да ги стимулира оние кои ке се решат за брак пред 30та година
Дискриминација е дискриминација позитивна или негативна пак е исто.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Немам зборови да кажам колку ми се гади од муабетиве. Уште од првиот пат кога излезе, па и вториот, третиот... Идиотштина и малограѓанштина. Па пази молим те, уште и 40 посто од платата. Што не предложиле и 80, шо ќе им е плата на луѓево? Не знам, ајде и самохраните мајки и татковци исто да ги одереме и со данок за тоа што воспитиваат сами деца, па нека даваат 90 посто од платата на државата. КРЕТЕНШТИНА од највисоко ниво. Од сите идеи, оваа влага у топ 3 најдебилни идеи во историјата на идеи.

Ваквите идеи покажуваат колку никому не му е гајле за самохрани мајки и татковци, за луѓе кои трагично ги загубиле своите сопруги и сопрузи, хомосексуалците итн. Или треба хомосексуалците да се женат насила со жени и после тоа жените по 30 години да дознаат вистината. Ептен поттикнување на здрави врски и искрени односи меѓу луѓето, нема што.
Нема везе,ај само замисли си дека и на шкорпо ќе треба да му овозможат хомосексуален брак затоа што не ќе имаат основ да му наплаќаат данок за самец,државата не му дозволува да стапи во брак да неплаќа данок,уствари уште не им текнало ќе дозволат и педер бракови само за да нема изговори и шо поеќе пари да собираат. Ги спомна неколку опции,шо правиме со емоционално осакатените личности кој што не можат да се замислат со друга личност заедно камо ли во брак.
Како ќе се спречат лажно склучените бракови од некое министерство ќе се испраќаат надгледувачи и пазачи дали си ги исполнуваат брачните обврски у кревет ?
Како не отидов јас кај Премиерот и не му предложив секој пензионер или пензионерка што имаат поголем стаж во пензија од работниот стаж додека биле вработени во бившиот систем да им се укине пензијата.Или доколку и двајцата брачни другари земаат пензии заедно поголеми од 400 евра,тогаш со 150 евра да стимулираат еден млад брачен пар каде што нема ниту еден вработен постојано во текот на целата година.
Абе и да си отишол и да си кажел џабе прво очите ќе ти ги изваделе тоа пензионерите ако успееш да влезеш од како онаа теткицана му постави незгодно прашање на гвујчо пред две три години веќе се иде стрикно само со проверени луѓе.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
ова е многу осетлива тема за старите моми и ергените :confused:

наместо да се плаќа данок, државата може да ги стимулира оние кои ке се решат за брак пред 30та година
И тие ергени и моми од 35(30) години пред седум години кога се менува власта и кога се најавува оваквиот закон имале по 27(23) години.И што стори власта за овие седум години за да го стимулира кај младите склучувањето на брак.Напротив ситуацијата е статус кво дури е и потешка од година во година.Најпрвин се одеше на тоа дека старата власт била крива,потоа со законот се вршеше само заплашување,а и на тоа ќе остане
 
Kajgana Shop

На врв Bottom