Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.725
Поени од реакции
9.837
Македонија мора да преземе соодветни стимулативни мерки за наталитетот, кои ова Влада со проектот трето дете ги започна, а ТМРО предлага и казнени мерки преку т.н.проект „ергенски данок“.
„Македонската држава вложувала во секој поединец, преку бесплатно образование до 18 години, социјална заштита, минимална здравствена заштита, се со цел да се изгради здрава личност која ќе придонесува за државата. Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата-годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години. Наша приоритетна цел и политичка и економска, а ако сакате и државна е подржување на наталитетот кај Македонците, како основа за опстанокот на македонската држава и народ“, изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански на вчерашната средба со членовите и симпатизерите во Гевгелија.



Вест балон ама што мислите за некоја ваква мерка..
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Која глупа работа :facepalm: , кажа Шехтански и остана жив. Јас кога ќе се женам и деца кога ќе направам, тоа нема да биде поради тоа да и удоволам на државата, или да и се одолжам. Државата тоа што го има вложено во мене како поединец, ќе го одолжам преку лојалност, плаќање даноци и работа во државава. Децата нема да ги правам за државата, туку за моето семејство, оставање на потомство. Цела држава сме фејспалм.

пс сега фали уште разводите да ги укинат, или данок за развод да воведат. :facepalm:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Мислам дека многу се годините, 35/30, треба 18/18, веќе со полнолетство и одма женачка, до 35 да се спремаш за дедо да бидеш, да се качи наталитет за да работат за без пари, да се земаат кредити за стан и тоа сето од фирмите и банките на нашите политичари.
Како сакате кажете ама македонецот прави тивка револуција против корумпираните политичари, малку деца, а тие останатите се отселуваат, така да кога ќе дојдат на стари години и пензии да земаат моменталните политичари, ќе нема за нив, а мислам дека и за тоа се толку галами за ова наталитетот.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Се растревожиле пастирите, им снемува овчички за стрижење, ќе останат без волна, затоа нонстоп напињаат за наталитетот.
Џабе се закони и се`, и онака сите што вредат нешто или веќе фатија џаде или планираат тоа да го направат. Ќе останат само пензионерите, административците и по некоја наивна душа што уште верува во бајките за подобро утре.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Осеќам цела држава влегуваме во поглуп фазон од претходниот за којшто мислев дека неможе поглуп да биде. Ама ете имало и бетер . Сакаат да направат нешто за наталитетот, ама очигледно незнаат како и немаат со што! Ама најлесно им е да не фарбаат и дерат со даноци. Ова ако ни е државна политика за зголемување на наталитет ќе фатам ќе се превртам наопачки и на веѓа ќе рипам.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Чекајте малце каков данок и колкав данок ?!
Ако некој ерген или стара мома се вработени ќе плаќаат, но што правиме со ергените и старите моми кои се невработени, а такви ги има доста !
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Доволно си го мразат животот, не мора и данок да им лупнат.
:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom