Абе кајгано седам и си мислам , ова што го предложија законов не ќе да е толку лош па зошто сите мрчат ?
Дојдов до заклучок дека сите тие се неромантични хејтери кој мрчат за предлог законот кој очигледно не го ни виделе а уште помалку го прочитале, ја мразат темата љубов.
Откако го прочитав законот и убаво го простудирав,дојдов до заклучок дека ДЕФИНИТИВНО ГО ПОДРЖУВАМ и го сменив мојот предходен став по ова прашање.
Зошто го подржувам, па нема веднаш да се плаќа данок ако не си оженет на 35,или омажена на 30 ( таман работа не сме диктатура ), најпрво државата ќе ти обезбеди сопружник, и тоа плоден ! Што значи законот обезбедува нови работни места.Ќе се бараат мажи со брзи сперматозоиди, обавезно со совладани лов и риболов, боречки и воени вештини итн,жени со добро развиен абдомен и со доволно простор во истиот,предиспозиции за доење,познавања од ботаника итн.широки кукови.
Сигурно ќе има и некој вработени од штаб,пример некоја даска рамна без цицки што не може да дои или партиски војник со ретка сперма,ама чим се во партија по дифолт нај веројатно се добри и способни луѓе па од таа страна следува мотото, нема да доиме ќе си посвоиме.
Е сега цаката, ако некој одбие помош во облик на сопружник,нај нормално и најморално би било да си плаќа данок кога веќе ја цеди државата со беќарлук “ девојаштво“ и неправење на деца.
На што се однесува мажи на 35 а жени на 30, иако некој сакаат да го иазвадат од контекст и да го претстават како дискриминадција,тоа си е сасвим нај нормално и се чуствува тука ( со рака ставена на срце ).Па луѓе затоа и Господ ја создаде Ева 5 години после Адам !! Еве јас за некоја година кога ќе аплицирам за да ми доделат сопруга/ невеста, неможам ни да замислам ( ма несакам ни да помислам ) да ми пуштат некоја моја врсничка, сакам младо месо бре!
Мрчатори ,хејтеришта размислете малку убаво прочитајте го законот, фрлајте пилулуите-куртоните.
Туку дај јас да сработам нешто, да не ми отиде денов така.