Драга, изгубив сенс за живот. Заборавив како е да излезам на кафе, заборавив како е да си го преседам дома цел ден или да се излежавам по пижами, заборавив што е тоа секс, се поради тоа што сум цел ебан ден на работа, и поради тоа што 4 недели одам секој ебан ден, без да имам барем еден ебан ден одмор.
Буквално излегувам во 7 саат сабајле, а се прибирам во 11 навечер, и кога ќе си дојдам си легнувам одма за утредента да станам во 6 сабајле и пак да одам на работа. Екрем Јеврич може да ми подзавиди. На сето ова капак ми е дека работам од крајот на август, а уште немам цела ебана плата земено и не сум осигурана, и дека на овој студ немам ни греење на работа, буквално се смрзнувам и се тресам по цел ден, се оболив за едни помочани 5 500 денари што уште ги немам ни земено!
И те молам кажи ми, дали е ова хумано?