Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.495
Значи:
Кога се зборува за име на народ, топоним итн има два термина - етноним и екзоним.
http://www.thefreedictionary.com/ethnonym
http://www.thefreedictionary.com/exonym
Етноним е сопственото име, Екзонимот е збор кој се однесува на група луѓе, кој не се совпаѓа со зборот, со кој таа се нарекува себеси.
Еве пример: Унгарците се познати на светот под овој екзоним "hungarians (Унгарци)", но тие се нарекуваат "Magyars (Маѓари).
За да биде "Б'лгарија" "мисловна именка", тоа значи дека зборот треба да е екзоним, а не етноним.
Брза проверка веднаш покажува дека "б'лгарин / Б'лгарија" е етноним, кој се користи за надворешна и внатрешна употреба.
"Унгарија" е "мисловна именка", затоа се користи само за надворешна употреба.
По истиот начин "мисловни именки" се:
Грција, бидејќи нејзиното сопствено име е Ελλάδα, Elláda
Албанија, бидејќи нејзиното сопствено име Shqipëri/Shqipëria
Германија, бидејќи нејзиното сопствено име е Deutschland
Ерменија, бидејќи нејзиното сопствено име е Հայաստան, Hayastan
Грузија, бидејќи нејзиното сопствено име е საქართველო, Sakartvelo
Кореја, бидејќи нејзиното сопствено име е 한국, Hanguk
Египет, бидејќи нејзиното сопствено име е مَصر, Maṣr
Еве јас ќе ти одговорам.
Но, првин запознај се со “ендоним“ и “демоним“.
Ендоним е името кое народот самиот го користи за себе(самонарекување), наспроти Егзонимот - името под кое народот е познат во странство(дадено од странци).
Затоа е тешко на бугарската пропаганда да воспостави подлабоки врски со постариот дел од македонската историја(пред 6-7 век од н.е.) во периодот кога бугарското име не постоело ниту како егзоним ниту како ендоним на европските простори.
Терминот Бугари не е ништо друго од општо прифатен егзоним за име на политичката територија со која ги замениле постарите ендоними со име кое менувало различни значења низ историјата. За тоа има посебна тема.
“Македонија“ е општо прифатен демоним , кој произлегува од името на народот, односно терминот “Македонци“ е ендоним по кој е наречена и државата денес или по кое било наречено античкото кралство во минатото.Многу е интересно дали името "Македонија" е етноним или екзоним. Би бил задоволен ако некој може да напише нешто за тоа.
Нашето име произлегло од име на античкиот народ и било дадено за име на истата територијата од самите почетоци.