- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Кога јас размислувам за длабочината на достигнувањето во поглед на Верата тоа го одредувам според силата на согледување на сопствената грешност, според силата на покајанието. Сметам дека падот на македонскиот народ во последната деценија и пол е многу голем, но падот на западните нации е катаклизмичен. Од таму според почетниот текст на статијава предложив да ја одржиме верата колку толку оставајќи ги западните нации да предничат во културните трендови кои сум сигурен дека ги уништуваат. Ништо не не кошта да ги оставиме, а ако се во право ќе им признаеме и тогаш ќе им се приклучиме. Ама бидејќи не се во право и ќе се самоуништат да си дадеме можност да не пропаднеме заедно со нив.saradakur, превртливоста на македонската побожност е доказ дека таа реално не постои, туку дека зависи од тоа на која страна дува ветрот. Ако денес дува кон комунизмот, тие се комунисти, ако утре дува кон православието, тие се православни. Следствено ако задутре дувно кон истокот, тие ќе бидат будисти или хиндуисти, но најверојатно атеисти. Пиши и крст на таквата "побожност"
За христијаните кои веруваат во воскресение на мртвите гробот не е вечен дом, туку Божјото Царство. Оттука следува дека сите оние кои го нарекуваат гробот "вечен дом" се пародија од христијани, а исто така и пародија од православни бидејќи и православните веруваат во воскресение како и христијаните.
Лажната илузорна побожност е полоша од безбожноста. На запад тие што веруваат си веруваат и си ја практикуваат својата вера, додека пак оние што не веруваат во многу помал дел се маскираат во "верници" (споредено со маскенбалот што постои кај нас).
Училишни масакри - парадигма за зло и деструкција
Живее ли потенцијалниот убиец во нашиот сокак? Една студија подготвена во Високата полициска школа во Стокхолм покажува дека пукања од огнено оружје во училишта се случувале на Западот во последните 40-ина години, но не и во сиромашните земји
Дневник