Дали ја губиме битката со името и полека почнуваме да попуштаме?

  • Креатор на темата btm
  • Време на започнување

Дали се согласувате дека ја губиме битката за името.

  • Да

    Гласови: 49 44,5%
  • Не

    Гласови: 61 55,5%

  • Вкупно гласачи
    110
  • Гласањето е завршено на .

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Прво да се надеваме дека нема да има потреба ...
Надежите и реалноста се два различни поими кои ретко одат заедно.
Сепак ме интересира на кој начин мислиш дека ДПМНЕ ќе бидат казнети доколку владата распише референдум, во кој нормално ќе треба да го брани разумниот компромис.
дали значи дека би подржал компрмис? ако нели е по твои убедувања Ок ...
знаејќи дека потоа ќе се бара спрема името и идентитет да мењаме? и јазик итн ...
Значи по стоти пат пишувам дека доколку би се изнашло решение со кое не би била донесена под знак прашалник Македонската нација и јазик, и доколку државите кои не признале под уставното име не би биле приморани да го користат комромисното, туку и во иднина би ни се обраќале со нашето уставно име.....да, би подржал таков компромис.

Само колку за потсетување да ти напишам дека овој мој став, е идентичен со твојот од пред некој месец. Разликата е само во тоа што ти тврдиш дека не е можно да дојдеме до таква позиција.
Ете јас велам дека е можно....особено откако веќе еднаш би се изјасниле за нашите позиции и црвени линии.

Е сега, дали (доколку е можно да се дојде до ова) ти би подржал таков компромис ?

Мислам дека Черчил беше кажал дека компромис е кога и двете страни се незадоволни...значи секој губи понешто од тоа што го посакува.
Значи, компромис не смее да има, посебно по осетливи прашања како што е името и се што од него произлегува.
Оттука, секој компромис за мене е предавство, и, воедно, тоа е мојот став!
Како што знам, ова е твојот став од самиот почеток....што секако е за поздравување.

Работата е во тоа што овде на форумов, имаме бајаги форумџии кои своите ставови по ова прашање си ги адаптираат во зависност од ситуација.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Сите други веќе го продадоа името ...
ако и ВМРО го продаде и го заебе цел народ ... тогаш верувам дека ќе биде казнет и народот нема тоа да го дозволи :toe:
Дај појасни како тоа народот нема тоа да го дозволи, кога владата извршила продажба на името.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Како не постои .. постои и они го знаат тоа .. на пример ке прифатат име со георафска одредница а ние ке добиеме гаранции од УСА дека сме баш Македонци и на пример утре идеш у Франција и некои французин те дупи и ти вели ти не си македонец ти си северн македонец и ти ке му кажеш почекај малку педеру .. се јавуваш на некој Американец иде он и му ги крши забите на французинот и така .. Гаранции си имаш К.р ти е двор ти е! Нема трте мрте со американците
Ова е ставот на Фрчкоски и останатите, и ова е стапица, и како што знам и Премиерот и Претседателот не го поддржуваат ова!
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Како не постои .. постои и они го знаат тоа .. на пример ке прифатат име со георафска одредница а ние ке добиеме гаранции од УСА дека сме баш Македонци и на пример утре идеш у Франција и некои французин те дупи и ти вели ти не си македонец ти си северн македонец и ти ке му кажеш почекај малку педеру .. се јавуваш на некој Американец иде он и му ги крши забите на французинот и така .. Гаранции си имаш К.р ти е двор ти е! Нема трте мрте со американците
Нема потреба да се јавуваш. Обама ќе напише едно гарантно писмо и ние сите ќе си го ископираме и секогаш ќе си го носиме со себе и а зине французинот одма му го покажуваш писмото и тој заќутува.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Двојната формула сé уште е во игра, но во различна варијанта

Кој им дал право на оваа генерација граѓани со референдум да прифаќаат друго име, кога генерации претходно го одржале името Македонија?

Ми беше драго што Иванов ме покани да му бидам советник. Му ветив целосна поддршка и помош, иако тоа ќе биде повеќе лично и волонтерски, отколку професионално. Вака Димитар Мирчев ја објаснува својата нова позиција советник на претседателот. Докторот по политички науки, сега актуелен декан на ФОН, во својата кариера бил и амбасадор во Ватикан и во Словенија. Сé почесто спомнуваното име „Северна Македонија“, според него, не е добро решение.

- Тоа и сличните варијанти како Горна, Вардарска, Централна... се поврзани со идентитетот на нашата нација, а за тоа никој не може да прави компромиси - оценува Мирчев.

Врз основа на засилената агенда на средби на државно-владиниот врв се појавија и гласини дека проблемот со името веќе е во завршна фаза. Далеку ли е решението на спорот со Грција?

- Воопшто не верувам дека решавањето на спорот за името со Грција е во завршна фаза. Има совети, сугестии, поттикнувања на двете страни за што побрзо да се реши спорот, но навистина нема некој голем притисок. Би требало нашите стратегиски партнери и пријатели, Европската Унија, САД и други, повеќе во таа смисла да и се обраќаат на Грција, отколку нам. Доколку Грција го прифати условот за признавање на нашиот национален идентитет, веројатно е дека работите ќе се решаваат значително побрзо.

„Северна Македонија“ е името со кое најчесто се шпекулира. Како тоа би се одразило понатаму врз државата?

- Се разбира сметам дека не е добро решение. Лошо се одразува дури и на расправата за тоа дали е прифатливо или не. Тоа и слични варијанти (Горна, Вардарска, Централна итн.) се непосредно во врска со идентитетот на нашата нација и на таа точка веќе никој кај нас не може да прави компромиси. На пример, може да се случи Владата или премиерот да прифатат такво име и потоа да се оди на референдум и народот да го прифати тоа. Но кој им дал право на оваа генерација граѓани на Македонија со референдум да прифаќаат какво и да е друго име, кога генерации и генерации пред тоа го одржале името Македонија. Доколку би се согласиле со такво решение, а не ја исклучувам таа варијанта, мислам дека навистина ќе покажеме дека не го заслужуваме името Македонија. Но, реално гледајќи, до компромис вистина треба да се дојде. За нас е многу посуштински, од компромисот за името, апсолутно да се опстои на националниот идентитет, јазик, култура, историја.

Двојната формула не е веќе во игра. Ова го порача новиот претседател Иванов, чиј советник сте Вие. Ако не е двојната формула, што, според Вас, би било добро решение на спорот?

- Двојната формула сé уште е во игра, но во една поинаква варијанта. Сега и Грците ја прифаќаат, но во сосема поинаква формула: внатре да се викаме како сакаме, а во меѓународната заедница според нивниот вкус. Инаку, без разлика на варијантата на двојната формула, таа во меѓународниот и внатрешниот живот кај нас ќе предизвика исклучителни и нерешливи правни и други проблеми. Двојната формула е едновремено и најлесно и најтешко решение.

Претставници на САД неколку пати повторија дека се преговара само за името. И вие изјавувате дека не треба да се преговара за јазикот, културата и нацијата. Зошто Вашингтон, според вас, сега го повторува ова?

- Мислам дека не само САД, туку и претставниците на ЕУ и на другите големи земји, без разлика дали се наши партнери или не, веќе сериозно сфаќаат дека на една земја не може да и се наметнат име, идентитет, поинакви етно-национални чувства и слично. Токму спротивно, сето тоа може да има и спротивен ефект. На пример, признавањето на нашето уставно име од страна на САД во 2004 година изврши позитивно влијание не само во јакнењето на меѓународната позиција на Македонија туку и во релаксирањето на односите во регионот. Доколку денес некој инсистира да се преговара за идентитетот, националноста, јазикот, тоа ќе значи да се отфрли, игнорира, обезвредни цел еден народ, нација, национална држава. Ниту САД ниту другите не се подготвени да одат во такви негации и оспорувања на човековите па и етнички права, на самоопределбата на народите. Замислете една ситуација... во извештаите на американскиот конгрес или на Стејт департментот се зборува на големо за правата на Македонците во Грција, а на крајот би можело да испадне дека нема такви Македонци ниту во Македонија.

Celoto intervju:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=68942540208&id=9&prilog=0&setIzdanie=21706
 
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Каде и да одиш прво проговори му на МАКЕДОНСКИ за да видат дека од каде што доаѓаш имаат своја земја, народ и култура а потоа потрудисе да зборуваш на нивниот или најдете заеднички јазик за соработка...

Александар Македонски 336год п.н.е

Најдоброто можно сценарио е да си останеме под името кое си го имаме, а ако веќе неможе под никакви услови како што гледаме. Да се преговара само за името за меѓународна употреба со што би добиле гаранции од ОН и други надлежни институции кои имаат влијание врз спорот, така што не би имало никакви промени во уставот односно не би се загрозил идентитетот, јазикот и традицијата. Поздрав :helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Треба да си навистина будала за да помислиш дека некој ќе ти гарантира идентитет и јазик различен од името на твојата држава.
Тоа можеш само дома со децата да си го прераскажуваш година-две,зошто подоцна и тие нема да веруваат на твоите приказни.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
27
Поени од реакции
4
Народе македонски освести се ти ...

Треба да си навистина будала за да помислиш дека некој ќе ти гарантира идентитет и јазик различен од името на твојата држава.
Тоа можеш само дома со децата да си го прераскажуваш година-две,зошто подоцна и тие нема да веруваат на твоите приказни.
Благодарам брат АБЦ !

Знаете зашто Македонија има проблем не само за името , туку за се? Затоа што сме фрустриран народ, затоа што својот личен неуспех го компензираме со омраза спрема се околу нас, па и спрема сопствената татковина.
Ако нас не ни е добро се нека пропадне!!! - тоа е нашата “национална стратегија“ !
А глумиме патриотизам, демек сме загрижени. Ако сме навистина загрижени се знае како таа загриженост се искажува - еден народ кога е загрижен кога поминува низ премрежје артикулира акција, а не загриженоста да ја претвора во дефект, опструкција, не да ствара општа депресија.
Секој ден со таа фаталистичка психологија повлекуваме нови и нови “подржувачи“ на националниот пораз.

Дури и во еден форум во кој што секој може да си дозволи фантазија дека е голем патриот, нема ниту еден исказ, барем и како лага, дека Македонците такво предавство нема да дозволат, дека на предавниците било кај во било кое време ќе им биде пресудено, дека народот нема да протестира пред, туку ќе влезе во парламентот ....
Се разбира се уште еден таков трагичен расплет една братоубиствена војна меѓу нас може да се избегне доколку разговорите се прекинат веднаш !!!
И доколку однародените квази интелектуалци, платените новинари, инфантилните аналитичари и другите кои ја сочинуваат петтата колона, престанат да го разоруваат македонскиот национален имунитет!
Зарем постои цена да се мрази соптвениот народ, сопствената татковина ?

Само со прекинување на разговорите притисокот од меѓународната заедница ќе престане, и Македонија ќе ја третираат како респектибилна држава. Само респектибилна Македонија може да ги оствари своите стратешки национални интереси!!!

Во Македонија и во нашата иднина може да се сомневаат само немакедонци !Зарем сега кога се буди Егеј и Пирин, ние ли ќе им забиеме нож во грб ?
Победата ќе биде наша затоа што МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА, МАКЕДОНИЈА Е НАША !
Македонците не го признаваат Рамковниот договор што го потпишаа ДПМНЕ и СДСМ, за нас МАКЕДОНИЈА Е НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
 
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Треба да си навистина будала за да помислиш дека некој ќе ти гарантира идентитет и јазик различен од името на твојата држава.
Тоа можеш само дома со децата да си го прераскажуваш година-две,зошто подоцна и тие нема да веруваат на твоите приказни.
Зборувам за името БЈРМ а ако не смениш акт во уставот никој не може да ти го задира идентитетот, името и традицијата. БЈРМ е скратеница различна од нашето уставно име и досега не ги задирало, идентитетот, јазикот и традицијата.:helou:П.С ЗА ДА ИСКАЖИШ МИСЛЕЊЕ НЕМОРА ДА ПИШУВАШ СО ТОЛКУ ГОЛЕМ ФОНТ ( И ЈАС НАПИШАВ СО ТОЛКАВ ФОНТ МИСЛЕЈЌИ ДА НЕ ИМАШ НЕКОЈ ПРОБЛЕМ СО ВИДОТ ) ПОЗДРАВ
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
СаутПарк, два пати измери па пресечи. Пред да пишеш нешто.

Појдуваш од референцата која е привремена и не е нашето име.

Македонскиот народ никогаш не го ни избрал тоа име ниту тоа привремено име е предмет во проблемот на Грците.

Добивам впечаток дека сеуште имаме луѓе кои не ја знаат суштината на преговориве и проблемот што ни го прават Грците.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Зборувам за името БЈРМ а ако не смениш акт во уставот никој не може да ти го задира идентитетот, името и традицијата. БЈРМ е скратеница различна од нашето уставно име и досега не ги задирало, идентитетот, јазикот и традицијата.:helou:П.С ЗА ДА ИСКАЖИШ МИСЛЕЊЕ НЕМОРА ДА ПИШУВАШ СО ТОЛКУ ГОЛЕМ ФОНТ ( И ЈАС НАПИШАВ СО ТОЛКАВ ФОНТ МИСЛЕЈЌИ ДА НЕ ИМАШ НЕКОЈ ПРОБЛЕМ СО ВИДОТ ) ПОЗДРАВ
“Името“ БРЈМ не е име,тоа им е јасно и на врапчињата бе,што мислиш зошто тогаш Грците преговараат,зошто тогаш со референцата БРЈМ не не примаат во НАТО,ни една обична визна либерализација не ни даваат ебаго,па камо ли членство во ЕУ.Приказните дека со “разумен компромис“ ќе остане идентитетот и јазикот,се само приказни за мали деца и воопшто не се за сериозни за да бидат дискутирани од нормални луѓе.:toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Зборувам за името БЈРМ

Си измешал баби и жаби. Не постои име “БЈРМ’’,
тоа е скратеница на нешто друго што не е име. “БЈРМ’’ дури не е ни збор во ниту еден јазик.

Грција се обидува да ни наметне СКРАТЕНИЦА на референца како име, а секој оној што ја прифаќа таа скратеница како име и помага во обезличувањето на Македонија.

Името е едно и единствено - Македонија.
Крај.

Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
СаутПарк, два пати измери па пресечи. Пред да пишеш нешто.

Појдуваш од референцата која е привремена и не е нашето име.

Македонскиот народ никогаш не го ни избрал тоа име ниту тоа привремено име е предмет во проблемот на Грците.

Добивам впечаток дека сеуште имаме луѓе кои не ја знаат суштината на преговориве и проблемот што ни го прават Грците.
Ја сфаќам многу убаво целата суштина со името, дека преку референцата се обидуваат да ни наметнат уште 100 други барања и ултиматуми но со абц за друго зборувавме, јас убаво си напишав за референцата а тој вика дека со промена на референца се губи јазик и идентитет тоа беше целото дебатирање. А со добри дипломатски преговори и со вешти дипломати можеме да успееме во целта која ја бараме ние како Македонија а тоа е промена само на името за меѓународна употреба. Тоа што го бараат Гејците се разбира е најнеприфатливото нешто кое може да се наметнува на една демократска земја. Но ова што го напишав да се направеше на почеток за да придобиеме една слика на загрозена земја со што би имале лице да бараме помош од влијателните земји а во моментот е изгубена секаква надеж за такво нешто. Поздрав :helou:
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ја сфаќам многу убаво целата суштина со името, дека преку референцата се обидуваат да ни наметнат уште 100 други барања и ултиматуми но со абц за друго зборувавме, јас убаво си напишав за референцата а тој вика дека со промена на референца се губи јазик и идентитет тоа беше целото дебатирање. А со добри дипломатски преговори и со вешти дипломати можеме да успееме во целта која ја бараме ние како Македонија а тоа е промена само на името за меѓународна употреба. Поздрав :helou:
Ако си поставиме таква цел, тогаш тешко нас!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ја сфаќам многу убаво целата суштина со името, дека преку референцата се обидуваат да ни наметнат уште 100 други барања и ултиматуми но со абц за друго зборувавме, јас убаво си напишав за референцата а тој вика дека со промена на референца се губи јазик и идентитет тоа беше целото дебатирање. А со добри дипломатски преговори и со вешти дипломати можеме да успееме во целта која ја бараме ние како Македонија а тоа е промена само на името за меѓународна употреба. Поздрав :helou:
која референца ...
зошто не земеш да прочиташ малце по форумов да разбереш некои работи пред сите да почнеме да се повторуваме?
прочитај на темата ЗА Што преговараме од Братот .. и после почни да размислуваш и коментираш ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom