Еве зошто треба да се раѓаат МАКЕДОНСКИ деца!!!!
АНАЛИЗА: ДЕМОГРАФСКИ АЛАРМ
За четири децении ќе не' има 145.000 помалку
Намалувањето на бројот на жителите во Македонија ќе биде првенс-твено резултат на трендот на се' помалку деца во семејствата, бидејќи се проценува дека жените ќе раѓаат просечно по 1,5 дете, што не е доволно да се одржи сегашниот број на жители
Македонија до 2050 година ќе изгуби девет проценти од популацијата и ќе има 1,9 милион жители, односно,
145.000 помалку отколку сегашните 2.045.177, проценува меѓународното биро за население во својот најнов извештај.
Намалувањето на бројот на жителите во Македонија ќе биде првенствено резултат на трендот на се' помалку деца во семејствата во земјава. Проценето е дека жените ќе раѓаат просечно по 1,5 дете, што не е доволно да се одржи сегашниот број на жители. Предвидено е да има 11 новородени и 9 починати на секои 1.000 лица. Во анализата се посочува дека миграцијата на населението нема битно да влијае врз бројноста на нашите граѓани. Прогнозата на меѓународната институција се совпаѓа со пресметките на македонските демографи. Експертот по демографија и професор на скопскиот Економски факултет Славе Ристоски се согласува со овие прогнози и укажува дека бројот на жителите во земјава ќе почне да опаѓа за десетина години.
- Дотогаш бројот на населението ќе се одржува на сегашните два милиона, а потоа ќе се намалува во периодот од 2020 до 2024 година - укажува тој.Државниот завод за статистика веќе утврди дека во периодот од 1997 до 2007 година во земјава имаме намаленото темпо на природниот прираст. Населението во земјава во овој период ја задржува позитивната насока на пораст од 2,1 отсто, но со значително намалено темпо бидејќи за десет години бројот на нашите жители се зголемил само за 42.837 лица. Освен ова, настанаа значајни промени во старосната структура на населението бидејќи стапката на учеството на младото население до 14 години се намалила од 23,5 на 18,5 отсто, а на старото население се зголемила од 9,3 проценти на 11,4 - укажува македонската статистика.
Ни проста репродукција
Намалувањето на популацијата со години е тренд во Европа, но експертите најавуваат дека наредниве децении ќе има пресврт - тенденцијата на намалувањето на населението ќе остане само на истокот и на југот на стариот континент. Се очекува зголемување на населението во сите развиени западноевропски земји, освен во Германија.
Во Македонија со години се забележуваат негативни трендови речиси во сите сфери што влијаат врз зголемувањето на бројот на населението - намалената стапка на наталитетот, подоцнежно стапување во брак, се' помал број на склучени бракови, зголемен број на умрени лица... Ако стапката на наталитетот во 1997 година изнесуваше 13,4 промили, десет години подоцна таа изнесувала 11,1 промили, а во тој период стапката на смртност се зголемила од 8,2 до 9,6 промили. Веќе тринаесет години бројот на склучените бракови во Македонија е под 15.000 годишно, што е на ниво на педесеттите години на минатиот век. Од средината на деведесеттите години се зголемува бројот на разводите. Во 1996 година тој број бил пет отсто од склучените бракови, следната година 7,2 отсто, а од 2000 година постојано е околу 10 отсто.
- Дојдовме во состојба во која стапката на фертилитет кај етничкото македонско население изнесува само 1,35 процент. Тоа е значително под стапката од 2,1 отсто, која обезбедува само проста репродукција. Но, трендот на намалувањето на фертилитетот сега е присутен и кај етничките групи што до скоро имале повисока стапка - кај Албанците, Турците и Ромите - укажува Ристевски.
Македонска влада изминатиов период донесе неколку мерки за поттикнување на наталитетот, особено во оние општини каде што се забележува намалувањето на бројот на жителите. Меѓутоа, Уставниот суд ги укина ваквите мерки со образложение дека тие создаваат нерамноправност на граѓаните. Таквата одлука можеби е правно издржана, но останува факт дека секоја земја мора да се грижи за поттикнување на раѓањата, мора да води сметка за своето население. Но, за оваа цел не треба да се носат ад хок решенија. Мора во најскоро време да се конципира и реализира една сложена популациска политика, што воопшто не е едноставна работа - вели Ристевски.
Пресврт во Европа
Интересно е што се проценува зголемување на населението на развиените западноевропски земји, кои со децении имаа проблем со „белата чума“. Населението на Ирска ќе се зголеми за 42 отсто, на Норвешка за 36 отсто, на Британија за 24 отсто, на Белгија за 15 отсто, на Австрија за 14 отсто и на Франција за 12 отсто. Позитивниот тренд во западните земји го компензира намалувањето на населението на Германија за 13 отсто. Според овие податоци, во 2050 година Европа ќе има 702 милиона жители, односно 36 милиони помалку отколку денес. Најмногу жители ќе има Британија (76,9 милиони), а ќе следуваат актуелниот рекордер Германија (71,4 милиони), Франција (70 милиони), Италија (61,7 милион) и Шпанија (43,9 милиони).
Источна Европа, пак, е светски регион што ќе изгуби најголем процент од својата популација. Сите земји се во „минус“, а најкритична е ситуацијата во Украина (минус 23 отсто) и во Русија (минус 22 отсто). Русија, на пример, ќе изгуби 25 милиони жители - денес има речиси 142 милиона, а во 2050 ќе има само 116,9 милиони.Во светски рамки, продолжува трендот на значителен пораст на жителите во земјите во развој и во сиромашните региони - Африка, Азија, Карибите и Јужна Америка. Населението на Африка во следните четири децении двојно ќе се зголеми од една на две милијарди жители. Нигер, на пример, ќе има речиси тројно повеќе жители во 2050 година отколку денес.
- Во ова сценарио е предвидено стапката на новородени деца од секоја жена да се намали на 1,8, како што е сега во поразвиените земји. За да се намали, потребни се многу фактори, вклучувајќи зачестено планирање на семејството во сиромашните земји - се истакнува во извештајот.Но, значително зголемување на популацијата се очекува и во САД - од актуелните 307 милиони на дури 439 милиони жители.
Во целиот свет ќе живеат вкупно 9,4 милијарди луѓе. Денес светското население е проценето на 6,8 милијарди, а се очекува седмата милијарда да биде достигната во втората половина на 2011 година. Огромно мнозинство од новите 2,6 милијарди луѓе ќе живеат во сиромашните земји, што уште повеќе ќе го продлабочи географскиот дисбаланс што трае веќе цел век. Бројот на населението во неразвиените земји ќе се зголеми од 5,6 милијарди денес на 8,1 милијарди во 2050 година, а популацијата во развиените земји ќе се зголеми само од 1,2 на 1,3 милијарда. До 2050 година, бројот на младите луѓе ќе се зголеми на 1,2 милијарда, што е речиси 2,5 пати повеќе во споредба со 1950 година.
- Кога оваа голема група ќе стане работоспособна, ќе очекува вработување, соодветна здравствена заштита и можност да создаде семејство со пристоен животен стандард. Пред да се случи ова, тие мора да имаат пристап до соодветно образование и обука, за да можат да учествуваат во изградбата на општеството и економијата во нивната земја - истакнуваат авторите на истражувањето. Се предвидува огромен дел од младите луѓе да се преселат од селата во градовите, каде што има повеќе можности за работа. Но, авторите на истражувањето се сомневаат дека во следните 40 години ќе бидат создадени услови за да се исполнат очекувањето на младата популација.
- Дали економските услови во нивните земји ќе имаат капацитет за нивните зголемени очекувања? Ова ќе биде едно од главните социјални прашања во идните децении - се заклучува во извештајот на Бирото.За критична се смета ситуацијата во Супсахарска Африка, бидејќи во 2050 година дури 43 отсто од жителите ќе бидат помлади од 15 години. Зголемувањето на популацијата во арапските земји на Блискиот Исток и Северна Африка ќе подзабави, како резултат на големите промени на политиката и на условите за формирање семејства.
Просечната возраст на жителите на Нигер, на пример, ќе биде 15,1 години, а Јапонија ќе има најстара популација, на просечна возраст од дури 44,4 години. Близу до неа ќе бидат и Германија (43,9 години) и Италија (43 години). На овие развиени економски земји ќе им биде неопходна свежа работна сила, бидејќи работниците нема да можат да ги издржуваат пензионерите. Тоа ќе ја поттикне миграцијата, која во изминатиот век постојано се зголемува. Во 1960 година, на пример, имало само 30 земји со повеќе од половина милион дојденци. Денес, пак, се проценува дека има 62 милиона луѓе од сиромашните земји што тргнале по подобар живот во развиените земји, но и 61 милион економски мигранти од една во друга развиена земја. Сиромаштијата и воените конфликти се главна причина за емиграцијата од Африка, каде што има 2,5 милиони бегалци.
Албанци помалку во Албанија, повеќе на Косово Особено критична е ситуацијата во нашите соседи Бугарија и Србија, кај кои, заедно со прибалтичките земји и Украина, се очекува најголем негативен прираст на населението. Бугарија, на пример, во 2050 година ќе изгуби 22 процента од населението, а Србија ќе изгуби една петтина. Бугарија денес има 7,6 милиони жители, а Србија има 7,3 милиони, но во 2050 година и двете земји ќе имаат по само 5,9 милиони жители. Значителен дел од популацијата (11 отсто) ќе изгуби и Албанија, чие население ќе се спушти под 3 милиони.
Од друга страна, населението на Косово е предвидено да се зголеми на 3,2 милиони, од актуелните 2,2 милиона. Стапката на прираст од 43 отсто е рекордна во Европа. И Грција е една од земјите што во 2050 година ќе има повеќе жители отколку денес. Се очекува прираст од 2 процента, односно зголемување на населението од 11,3 на 11,5 милиони жители. Босна и Херцеговина, слично на Србија и на Бугарија, ќе изгуби една петтина од населението и во 2050 година ќе има 3,1 милиони жители. Негативен прираст од 13 отсто ќе има Хрватска - од 4,4 милиони денес на 3,8 милиони во 2050 година. Црна Гора ќе изгуби 4 отсто од населението, но нема значително да се менува популацијата од 600.000.
Индија помногубројна од Кина Индија во 2030 година ќе ја престигне Кина и ќе стане земја со најмногу жители. Во 2050, десетте земји со најголема популација ќе бидат Индија (1,748 милијарда), Кина (1,437 милијарда), САД (439 милиони), Индонезија (343 милиони), Пакистан (335 милиони), Нигерија (285 милиони), Бангладеш (222 милиона), Бразил (215 милиони), ДР Конго (189 милиони) и Филипините (150 милиони). Повеќе од сто милиони жители ќе имаат и Мексико, Русија, Египет, Етиопија, Виетнам...
ЧЕ НЕ ПРЕПЛАВАТ <<едитирано>> ако не се множиме!!! ОВА е ДЕМОГРАФСКА ВОЈНА!!!
многудетно семејство ... за наше добро