ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Уопште на тебе лично не ти се обраќав (ова за првата реченица). Не си прв шо ја покренал дилемата, твоево е само рефлексија на срање кое со децении се одвива, па не зимај при срце. Озбилно.Ја сум Voice of America а?
Види, според моите размислувања (а растев у комунистички систем, па у транзиционен каде веќе базата ми беше поставена) разбирам зошто луѓето сакаат деца. Тие се најголемата радост, веројатно, така викаат. Но никако не можам да го прифатам (иако и тоа разбирам) игнорантскиот став од типот, што ми е мене гајле, нека се грижи некој друг за тоа, ние сме само зрнце во целиот процес.
Иако и тоа е малку идиотско според мене, да го прифатам како вистина. Што станува со муабетот на Зевсус, ние (чим е за МКД) живееме во земја со просечна плата од 250 евра, зар не би требало човек силно да размисли дали може да му обезбеди среќен живот на своето дете. Ќе рече некој важна е љубовта. Секако дека е важна, ама важно е и потсмевањето на другарчињата дека син ти носи патики од Шутка, но, важна е љубовта, која родителот ја чувствува, детето... не е важно нели? Себично размислување, како и првичниот став, “ми е гајле за планетата“.
Секако дека ова не е тема која е приоритет, и ако не ја решиме светот ќе пропадне, има далеку по важни нешта, но навистина, се раѓаат повеќе од две деца заради љубов или заради “кому иде“?!
А, ако ти на мене ми се обраќаш за игнорантскиот став кон планетата, на погрешна особа си го насочил коментарот, затоа што сум некој е итекако свесен и внимава дали непотребно користи води, дали непотребно троши електрична енергија, какви дезодоранси (дали со ЦФЦ или не) употребува и сл.
И сега малку околу еколошката свест:
Ако било кој е толку загрижен за планетата, нека не користи обични сијалици, нека не уклучува климатизер, нека користи само јавен превоз, нека користи био-разградливи детергенти, нека биде штедлив со водата, нека не купува пластика...ехе, милион ствари може секој поединец да направи, и тоа ствари кои ќе и помогнат многу повеќе на земјата, отколку тоа што нема да има деца.
Знаеш уствари што искрено ме курчи, али онака ми паѓа мрак пред очи од гнев...
Не се гледа големата слика, не се гледа зошто земјата е загадена и зошто нема доволно храна за сите...се нема желба ни ситни секојдневни удопствија да се скратат...али затоа ќе ја ускратуваме најбезусловната љубов кај човекот, онаа најблиската до совршената љубов...љубовта на родител и дете.
Па, ако тоа не е неуроза и дехуманизираност, не знам што е.