Прашањето кое треба да се постави е дали родителите се спремни да одгледуваат и да имаат деца во свет преполн со опасноти и пороци, дали се спремни да ги раснат тие деца со фактот дека утре може да се случи да немаат што да им дадат за јадење или да ги изгубат поради некоја чума или пред се дали се спремни и способни да ги воспитаат да бидат луѓе пред се?
И претходно реков...ако за све се прашуваме и ако се на таков начин анализираме, не само што нема да имаме деца, него ќе се убиеме брже боље.
Можноста да умреш, постојано е тука, секоја секунда.
Можноста да изгубиш некој/нешто исто така.
Што се однесува до тоа, не можеш ни за себе да бидеш целосно одговрен, а не па за некој друг.
точно тоа ми е поентата дали се способни ко луѓе да поднесат загуба ?дали се способни да се носат со тој факт?
Тие што не се способни, се убиваат.
Останатите имаат инстинкт за преживување, кој и покрај сета несигурност, ги држи во живот.
И да, несигурноста, на секое поле е едниствена константа.
Get used to it.
Инаку, светот отсекогаш бил место полно опасности и пороци. Отсекогаш.
Од каде волкав страв, волкава анксиозност?
(Вчера гледав еден индиец на телевизија кој раскажуваше за еден свој метод...И "западното" момче почна да му поставува прашања од типот: А што ако ова или она? Што може да се деси ако ова и ова?...Индиецот одби да одговори...Само рече: Ваше е да одбиете или прифатите...Јас само можам да ви кажам дека со толкав сомнеж и опседнатост со крајниот резултат, нигде нема да стигнете)
Да, постои и потребна е здраворазумска критичност и претпазливост...Али има нешто што се вика и патолошки страв...тој просто го исцицува целиот живот од тебе и те претвора во статична аморфна маса.