Нека дојди извршител ќе го пречекаме со леб и сол, ама повеќе сол има да му дадеме отколку леб .Неможеме да се жалиме, имаме избори си гласа нацијата за извршител.
Само онака фигуративно..., инаку и гол Асан е таму каде и сите турци...."Ние" ќе кркаме и повеќе тоа е повеќе од јасно, се додека Чичко Војо не го стави во погон буренцето .
Само не знам кои сте тоа "вие" што не ве засега ова, можеби си цепиш атоми во подрумот со секирче и немаш гајле зимава...
Во право си, расте и кај нив. Инаку продажна цена на струјата, од увоз е околу 45.000 евра за GWh. Тоа му иде 4,5 евроценти за KWh или 2,76 денари. Кај нас ефтината кон корисниците се продава за 1,76, а скапата 3,53. Ако се земе предвид дека потрошувачката ефтина-скапа е во однос 2:1 идеме до просечна цена од 2,35 денари, што е пониско од цената за која се продава струјата „на големо“. Кога ќе ги додадеш преносот и платите на вработените иде дека со добивката од струјата што ја произведуваме, покриваме загуби од струјата што ја купуваме. Затоа немаме пари за вложување во нови производствени капацитети и се повеќе увезуваме струја.Ама стално ни бегаат, ја качуваат и тие. никако да се израмниме
скраја да е, ако дојдеме до таа цена, треба зимоска да плаќаме 20-30 илјади месечно
Основен проблем е што е дозволено Топлификација да стане приватно претпријатие, а тоа по својата природа е јавно комунално претпријатие. Тие сега се прават само да лично се богатат. Регулаторната комисија е слаба заштита.Не е проблем Лурц да откажам, ама проблемот е што нема алтернатива, јас сум градско дете, цел живот со парно живеам, јас не можам да замислам да ми е ладно во вц да речеме. Иритира моментот што на топлификација и се дозволува во текот на годината, по минимум 4 пати да си покачува цена и тоа со над 10 % и сите си ќутиме, а за струја ако рипне (не дека одобрувам, чисто само за споредба) одма се рипа, особено од владеачките структури нели, а автоматски се заборава дека најголем дел од тоа поскапување ќаруваат државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО.
Не е работата до ЕВНСтрујата од 1 Јануари поскапува за 7 % .. по кој знае кој пат од 2006 наваму.. Дали требаше да се продава ЕСМ,дали влезот на странската компанија е добра, колку инвестираше од тогаш ЕВН,колку профит прави и за колку посто ја качи цената на струјата..
клик
Епа знаеш зошто се покачува цената.Ради "вас" се покачува кој сте 80 % неплаќачи.За сметка на вас ние треба да го плаќаме оној дел вие што го крадете или кој што не го плаќате.Не е работата до ЕВН
ЕЛЕМ бара покачување на струјата за 30 отсто (државна ли е ?)
Македонија за едно 10 години со оваа ниво на инвестиции , 90% од струјата треба да ја обезбеди преку увоз.
Пошто си голем љубител на скулптури и коњаници , би те прашал , дали било попаметно 300 милиони евра да се инвестираат за производство на сопствена струја, со што цената на струјата немаше да расте а со тоа и сите останати цени , а исто така не ќе бевме зависни од увезена струја.
Кога ќе поскапе струјата , очекувајте да поскапат и други работи.
па тоа е така затоа што за парното имаш алтернатива... исклучи се, стави си сопствено парно и тоа е тоа... а за струјата немаш алтернатива... па затоа секое поскапување народот рипа... е па рипа.. ај замисли си го животот без струја каков би ти бил, а каков би ти бил без градско парно...Не е проблем Лурц да откажам, ама проблемот е што нема алтернатива, јас сум градско дете, цел живот со парно живеам, јас не можам да замислам да ми е ладно во вц да речеме. Иритира моментот што на топлификација и се дозволува во текот на годината, по минимум 4 пати да си покачува цена и тоа со над 10 % и сите си ќутиме, а за струја ако рипне (не дека одобрувам, чисто само за споредба) одма се рипа, особено од владеачките структури нели, а автоматски се заборава дека најголем дел од тоа поскапување ќаруваат државните фирми ЕЛЕМ и МЕПСО.
Кај виде бе жити око дека сакам да се поскапува струја и народот да не рипа, м? Изреагирав дека се плука само по ЕВН, а демек ЕЛЕМ и МЕПСО - невините државни фирми сакаат да поефтини струјата, за наше добро .па тоа е така затоа што за парното имаш алтернатива... исклучи се, стави си сопствено парно и тоа е тоа... а за струјата немаш алтернатива... па затоа секое поскапување народот рипа... е па рипа.. ај замисли си го животот без струја каков би ти бил, а каков би ти бил без градско парно...
Ваква топлификација, со овакви цени и оваков квалитет можеш да ја замениш со што сакаш и ќе имаш и покавалитетно и поевтино греење. Но топлификација, каква е во Европа, која користи, геотермална енергија, био горива, дрвени одпадоци и други алтернативни извори на енергија, која квалитетно грее 24 часа, се согласувам дека е тешко со нешто да замениш.И нема потреба да ми објаснуваш за алтернативите за греење, пошто нема алтернатива на топлификација, монопол е, и ако сакам јас парно да имам, треба да имам опција да бирам или барем заштита од неконтролирани цени, а не да сум ставена во тесно - демек чим сакаш парно има да ќутиш, а? Кој е овој муабет стварно не ве разбирам, ама ај..
друже мешаш брзини... ја нигде не видов дека ТИ сакаш да поскапува струјата а народот да не рипа... а ТИ кај виде дека јас го посочив истото посочувајки те тебе? јас само ти ја појаснив причината зашто народот не рипа на поскапување на парното а рипа за поскапување на струјата... едноставно е, се исклучуваш од топлификација и имаш еден куп варијанти за греење... од дрва, кано котли, електрични котли, пелети, нафта, греалици, клими, инвертори, ковектори... значи имаш огромен избор на алтернативи за греење кои не се поврзани со топлификација на било кој начин, НО ако се исклучиш од струја е тогаш немаш алтернативи, освен дизел агрегат на тераса или двор и тогаш ке те кошта ѓавол ипол струјата башка глава ке ти пукне од бучава... е за тоа зборев а не за твоето чувство, желба или незнам што...Кај виде бе жити око дека сакам да се поскапува струја и народот да не рипа, м? Изреагирав дека се плука само по ЕВН, а демек ЕЛЕМ и МЕПСО - невините државни фирми сакаат да поефтини струјата, за наше добро .
И нема потреба да ми објаснуваш за алтернативите за греење, пошто нема алтернатива на топлификација, монопол е, и ако сакам јас парно да имам, треба да имам опција да бирам или барем заштита од неконтролирани цени, а не да сум ставена во тесно - демек чим сакаш парно има да ќутиш, а? Кој е овој муабет стварно не ве разбирам, ама ај..