Дали толку брзо ги забораваме своите...

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
И по осум години никој не ми помага во осаменоста, ниту пак направи барем едно обележје за мојот син, кој загина во војната во 2001 година бранејќи го селото Лешок, вели 66-годишната Ѓурѓана Лазаровска

Ние од Македонија сме благодарни, сочувствени, подготвени да помогнеме, на доброто враќаме со добро... Тоа се дел од епитетите што си ги редиме кога се отсликуваме пред други. Но дали тоа важи за повеќето од нас? Умееме ли навистина да бидеме солидарни или барем благодарни? Гледајќи се в огледало, речиси секогаш го добиваме потврдниот одговор на овие прашања. Во потрага по пообјективен одговор, екипата на „Дневник“ погледна во поголемо огледало - тетовското село Лешок и како во него сама живее 68-годишната Ѓурѓана Лазаровска чиј син во конфликтната 2001 година загинал бранејќи го селото, со што овозможил во тоа крајно ризично време сите селани побезбедно да се евакуираат.

Двојна болка

Првиот отсјај од Лешок покажа зеленило и природни убавини. Пред селските продавници луѓето вртеа муабети, а на спортскиот терен повеќе деца играа фудбал и одбојка. Нивниот џагор и живост видливо покажуваа дека зараснале раните од 2001 година, кога гореа куќи, а жителите мораа да ги напуштат сопствените огништа. Но не е така и во дворот на баба Ѓурѓана. Нема никој да ја растури тишината. Само средениот тревен двор со цвеќиња и зеленчук укажуваа дека сепак куќата не е без станар. Ѕвоневме и довикувавме, по што таа излезе во дворот гледајќи не' со радост, но и со неизвесност и збунетост зошто ја посетуваме.

- Долго време никој од селото не наминал колку да праша дали ми треба нешто како на подостарена жена. Заборавија дека осаменички живот водам оти син ми загина штитејќи ги нив и Лешок. Само една комшика доаѓа да си ги кажуваме маките и тоа е се' - револтирано, но се чини и помирена од болниот факт ни објасни таа брзајќи да најде столчиња за да седнеме во дворот.

Нејзиното чекорење покажува дека има болки што и' го тиштат малку подгрбавеното тело. Ни објасни дека треба да оди на операција, ама и' побарале многу пари и затоа одлага. Солзите непрестајно и' течат додека објаснува дека сето тоа и' е од двојната болка, една по синот и другата дека е заборавено неговото херојство. Со отворање тема за убавата ограда на куќата и шталата до неа сакавме да и' ја намалиме болката, но за неа се чини секоја тема е болна. Низ солзи продолжи да ни раскажува дека синот го продал станот во Тетово со решение да основа фамилија и да живее на земјиштето на своите предци.

- Шталата е празна, таму сега ставам дрва, кои сама ги собирам в планина. Малку ми се за цела зима, ама толку можам да си наберам, а за да купам треба пари и маж во куќата - низ воздишка вели баба Ѓурѓана.

Така полусмрзната таа ги поминува зимите уште од 2001 година, кога на 24 јули го загубила 29-годишниот син Ѓоко Лазаровски. Тој и уште четворица другари неколку дена самите го бранеле селото од припадниците на ОНА. Регрутирани од полицијата, а препуштени сами на себе во најтешките моменти, Ѓоко ја презел командата за организација на одбраната. Имал мало искуство стекнато како војник на ЈНА, кога без да сака бил фрлен во воените виори во Вуковар, Хрватска. По три непроспиени ноќи и чести престрелки, кобниот за него ден почнале да горат куќи и селаните масовно го напуштале селото. Тој и неговите другари давале отпор со цел да обезбедат сигурен премин и збег за соселаните во соседното Жилче.

- Се јави по мобилен и ни рече да бегаме оти не може веќе да ги додржи нападите. Поминавме со колата и го молевме да дојде со нас, ама тој не попушти, оти имаше уште луѓе за повлекување и не' натера да заминеме - со тегоба се сеќава мајка му на нивната последна средба.

Неколку часа потоа Ѓоко бил погоден во главата. Починал во Воената болница во Скопје. Бидејќи селото било напуштено и ризично за движење, неговото семејство било принудено да го погребе на гробиштата во скопско Ѓорче Петров. По неколку месеци неговото семејство се вратило во Лешок, но имало страв дека жителите од околните села може да го сквернават гробот, па не го префрлиле во Лешок. Сега кога нема такви тензии, таа не знае што да направи ниту, пак, може нешто сама да преземе.

- Загина за својата грутка земја, а почива на туѓо земјиште. Синкооо, нема крај на страдања... Како мајка сакам да си го имам овде, близу, за да можам секој ден да му палам свеќа, ама... Вака, одам тука во Лешок на гробот на мажот ми, кој почина од болка по нашиот син и таму плачам за двајцата - одвај додржувајќи да не заплаче гласно раскажува таа.

Внукот и дава сила во животот

Пак се обидовме да ја ублажиме нејзината болка со отворање друга тема, и навистина малку живна кога ја прашавме има ли можеби внуци. Влезе во куќата и донесе фотографии од внукот што се родил неколку месеци по татковото загинување. Сега има осум години и живее со мајка му, која формирала ново семејство во Тетово, но не го заборавила старото. Го носи често малиот во Лешок кај баба му, а и му го дала името по неговиот загинат татко.

- Господ дал зрак, надеж, со тоа што се роди внукот. Во него го гледам синот кој неповратно го изгубив. Сета сила да ги издржам тешките денови ми ги дава тој и желбата да дочекам да порасне и да му ја дадам куќата што татко му ја правеше за сите нас - објаснува таа, галејќи ги фотографиите од синот и внукот.

На вратата од плевната со креда ги запишала и имињата на другите две внучиња кои ги има од ќерката. Не ги гледа често оти не живеат во селото.

Кога и' понудивме да ја однесеме на гробот на синот, каде што поради комплицираниот и скап превоз не била еден месец, брзо се пресоблече во друга, малку понова црна облека, набра цвеќиња од дворот и тргна.

Минувајќи низ селото ни го покажа местото каде бил погоден нејзиниот син. Нема никакво обележје. Како што нема ниту на кое било друго место во селото. Новоизбраниот претседател на МЗ, кому очигледно му беше срам од ваквиот однос на селото, вети дека ќе се поправат.

- Планираме да му направиме биста на Ѓоко во паркот во училишниот двор. Не сакаме тоа да биде партиска иницијатива, бидејќи претходно некои партии иницирале таква можност, но ништо не испаднало - вели Иван Атанасовски.

Една соселанка низ солзи истакна дека не го заборавиле својот херој.

- Ама ете, некако не сме сложни и решителни биста да му направиме, а види какви се' обележја и почести направија Албанците во Непроштено за своите загинати - изусти растревожено таа.

Но зошто, ако и самите соселани сведочат за херојство на Ѓоко, никој не и' помогне на мајка му Ѓурѓана, барем да и' донесе малку дрва за огрев и да ги исцепи нејзините. Никој од оние лешочани што ги сретнавме не коментира за ова, само ги веднеа главите. Додека поминувавме, неколкумина дознаа дека одиме на гробиштата во Скопје, но никој не испрати свеќа, цвеќе, утешен збор...

А таму, на надгробниот споменик на Ѓоко (за чие градење помогнале од МВР и потоа комплетно го заборавиле), само траурната слика каква има кога мајка жали за млад син. Уреденоста на просторот е благодарение на нејзината сестра, која е од Скопје и е единствената што го одржува. Црниот мермер, и без да сакаме, како огледало со вистинита длабочина ја отсликуваше нашата реалност, колкумина меѓу нас се благодарни, секогаш подготвени да помогнат, на доброто да вратат со добро...
 
K

KomitaMKD

Гостин
Па токму заради ова не не бива.Правиме ненормално голем споменик на некој кој се борел пред 2500 години и не дал некој голем придонес за сегашнава Македонија, а ги забораваме оние кои загинаа бранејќи ја сегашнава држава да остане во постојните граници.Не е само ова случај на непочитување, плочата кај Карпалак е минијатурна, можат да направат многу поголема само ако не го направат копитото од Букефал.Ама тоа е Аце е наш , другото не е важно.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
E па така можеби и ќе си умри баба Ѓурѓана во болка и тага.Но нее најтрагично што ќе се прави споменик на Аце потрагично е тоа што нашите власти се занимаваат со тоа дали на убијците на Ѓоко да му дадат пензија и колкава ќе биде.Жалосно.
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Во македонија само лошите работи се памтат.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
НЕ Е САМО КРИВА ВЛАДАТА ВИДЕТЕ КАКО СЕ ОДНЕСУВАТ И СОСЕЛАНИТЕ ЗА ГРЕВ СЕ НЕМОЖЕЛЕ ДА СЕ ДОГОВОРАТ КАЈ ДА КЛАТ СПОМЕНИК СТРАМОТА
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
И пред 2500 години прочитајте го говорот на Александар Македонски кога сакале да го напуштат од походот во Индија.
Истата ситнодушност.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
НЕ Е САМО КРИВА ВЛАДАТА ВИДЕТЕ КАКО СЕ ОДНЕСУВАТ И СОСЕЛАНИТЕ ЗА ГРЕВ СЕ НЕМОЖЕЛЕ ДА СЕ ДОГОВОРАТ КАЈ ДА КЛАТ СПОМЕНИК СТРАМОТА
TAKA E BALE POTPLONO SE SOGLASUVAM. PROBLEMOT LEZI KAJ NAS LUGJETO. NEKA MUE SLAVA U CEST STO GO DAL SVOJOT ZIVOT ZA SVOJATA TATKOVINA.

Iskreno poveke go cenam Gjoko Lazarevski odkolku Todor Proeski.megjutoa nesporedlivi se nivnite pridonesi za Makedonija.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
И пред 2500 години прочитајте го говорот на Александар Македонски кога сакале да го напуштат од походот во Индија.
Истата ситнодушност.
Славјански,
Ако ти ја удрам една ќе заборавиш на сите наши православни „браќа“.:helou:
Не станува збор за малодушност, односно ситнодушност од страна на војниците како што велиш ти туку станува збор за лошо раководење + замореност на трупите.

И KomitaMKD не е во право.

Штета што порано немало импозантни споменици од наши великани за на малите, младите, да им се постојано пред очи и да ги гледаат. Можеби немаше... Ма како можеби, СИГУРНО немаше да имаме ваква ситуација да „забораваме“ наши кои се бореле за нас.

Заради овој факт не се сака кај нас да се поставуваат импозантни споменици на наши великани.

Не дај боже македонецот да се освести што е и кој е, а токму тие споменици ќе им помогнат на младите да воспостават чувства за нешто поголемо од самите себеси, нешто поубаво. Не да остане нешто што било и се докажало дека не функционира.

Оваа состојба на негрижа за своето и своите ни е последица токму од непочитување на нашето промовирано од страна на тие кои не сакаат ние да бидеме освестен и свесен народ за сопственото.


Поздрав :helou:


П.С. Кога ти работат на тоа да ти го уништат чувството на припадност преку полувистини и манипулации тогаш логично е да правиш се` за да си го зачуваш и негуваш, а не да се согласуваш со истите тие полувистини и манипулации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom