Тотално се сложувам со мислењево. 90% од младиве денес појма си немаат што и како е. И јас сум во тие години, и негде на 14 го фурав филмов паѓање во депресии...Како ќе сечам вени затоа што не ме сака о.О ....
Листав низ темава и гледам според мене многу погрешни размислувања. Копиљи тие ништо не знаат, само сакаат секс итн. Не е точно дека ништо не знаеме. Да има уште тинејџери кои за нивна среќа или несреќа...не поминале многу во животот за нивните години.Некои побрзо созреваат некои поспоро.Некои се замараат повеќе некои не. Пола од девојчињата
да глумат некои "созреани" и мислат дека треба на 16 години (ако не и порано) да изгубат невиност. Веќе од другата страна кај машките (работат хормони 300 на саат) и они се фраери што мора да срушат рекорд во друштвото и да раскажуваат какво чувство е тоа. Совет : созревајте во тек со годините.
Не може да се стават сите тинејџери на едно место. Затоа што се гледаат од страна само во глобала а не се влегува малце подлабоко за да се примети таа разлика меѓу поединците. Да може не сум ја осетила таа вистинска љубов што ја зборите....ама сум почувствувала нешто приближно што за мене е нешто посебно и ми остави длабоки убави сеќавања...Кои се разликуваат од останатите. И не беше онаа типична врска што ќе повторам ( ја кажувате цело време) од 2 3 месеци.
И за некое чудо ни јас а ни па тој немавме потреба од односи.На таа тема зборевме еднаш и разрешивме што и како е... Кажавме и двајцата што мислиме.
А и не може да гледаме како се размислувало во 63 и како се размислува денес. Генерациите и размислувањата се тие што се. Тоа што било во минатото (детство со играње жмурка и брканица и тинејџерски години кога во 8 саат навечер се прибирале дома) не е исто со сегашноста (кога детството е играње кантер и "дремење" на фб и тинејџерски години кога се излегува во 11 а се прибираат во 3 4 саат пијани.) Но да не забегувам од темата.
Доста влијание имаат родителите и опкружувањето врз начинот на размислување на тинејџерите.
И да скратам....да можеби на овие години не знаеме што е тоа
вистинска љубов (со ретки исклучоци и на таквите свака им част) но знаеме да сакаме...и способни сме (повеќето) да задржиме некој до себе и да го доловиме приближното чувство до она вистинското. И така на 16 17 години никој не бара да најде совршената сродна душа..со која ќе умре.