Љубвота е најкомплицираното нешто за објаснување, иако изгледа толку едноставно.
И да, тинејџерка сум, мислев дека бев заљубена, но имавме преразлични карактери за да градиме иднина заедно. Сега сум со момче кое ми е најголемата поддршка, најголемиот фан. Си пружиме заедничка почит и разбирање. Можеме да зборуваме за најсериозните проблеми во светот, општетвото, човековите постапки, абе тешки психологии и филозофии. Но можеме да зборуваме и најобични глупости кои не засмејуваат и двајцата. Тој е тука за мене кога и да правам нешто, тука е при сите мои одлуки, независно дали нашата врска, или самиот тој е вмешан во тоа.
За запознавање на вистинската љубов битни се карактерите на двајцата, а годините се само поврзани со искуството.