Дали студентите можат легално да бидат вработени?

  • Креатор на темата експерт
  • Време на започнување
Е

експерт

Гостин
Дали студентите имаат право да остварат работен однос?
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.694
Поени од реакции
26.360
Да, зошто не би можеле?
Ќе се изненадиш од креативни работодавци кои измислуваат секакви причини само за да не плаќаат придонеси на своите работници...
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
395
Поени од реакции
23
Ќе се изненадиш од креативни работодавци кои измислуваат секакви причини само за да не плаќаат придонеси на своите работници...

Добро знам дека постојат изроди, ама непостои закон кој му забранува на студентот да воспостави работен однос.
 
коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.534
Поени од реакции
9.444
Не постои закон кој го забранува тоа. Преку секакви факултетски организации има понуди за работа во странство, кои им ги нудат овие работни места на студентите во нивните факултети
 
Член од
4 август 2010
Мислења
51
Поени од реакции
8
Ќе се изненадиш од креативни работодавци кои измислуваат секакви причини само за да не плаќаат придонеси на своите работници...
Ова го има не само кај студентите, туку и кај сите други луѓе..
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.924
Поени од реакции
524
Едно знам сигурно од личен и проверен пример: не можеш да бидеш пријавен на полно работно време во Завод ако си редовен студент. Ова не важи за вонредни студенти (but then again, според ЕКТ систем категоријата вонреден студент почна да се укинува на некои факултети пошто идела против принципите на ЕКТС, ама на некои струки уште оставаат простор за вакви студенти)

Па според тоа ваљда има закон кој забранува студенти да бидат вработени, но само на полно, додека за пола работно време мислам дека не важи.

Али како и за све останато у оваа држава, ни овој закон не се спроведува ко шо треба, па така ако се претставиш како не-студент сепак можат да те пријават пошто у завод немаат никаква мрежа со која би биле поврзани со универзитетите или министерство за образование, т.е. немаат никаков начин да открија дека екшли си студент.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
112
Мислам дека нема таков закон, ако си пријвен на работа и студент у исто време, факултетот нема да добие информација за тоа, освен ти ако не кажеш. Ако факултетот е запознаен со твоето вработување тогаш мислам дека автоматски си префрлен во приватна квота ако си на државен, или те префрлаат како вонреден. Вонредни студенти според новиот систем нема, ама кој факултет во целост и го применува овој систем?
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13

Од каде тоа дека ако работиш автоматски ќе те префрлат во приватна квота? Нема некоја логика...
 
Член од
26 март 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Да, зошто не би можеле?
Како си давате одговори, некој да чита ќе мисли стварно знаете ?!?!
НЕ МОЖЕ да биде вработен редовен студент во редовен работен однос, тоа е старо од дедо ное, ко прв пат да слушате?!? Зошто иначе задржуваат оригинални документи и на факс и на работа? Вонреден студент може да биде редовно вработен-не сум чул за некои ограничувања, но можда инме, не тврдам. До скоро и јас бев вонреден студент, а сум редовно вработен.
Така да, ако не знаеме, да не се истрчуваме со одговори само колку да пишеме нешто, не е фер, некој можда бара за сериозна работа одговор, ќе го прелажеме :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.227
Поени од реакции
2.303
убаво што ја видов темава зашо имам едно прашање баш околу ова.

значи јас имам завршено факултет но сепак неофицијално односно ги имамам сите положен истпити и ми е останата само дипломската работа а сепак имам статус на РЕДОВЕН студент. е сега кога би аплициал за работа неможам да им дадам ни диплома за завршен факултет ни сведетелства но затоа можам да им доставам листа на положени предмети која ја дава вакултетот. е сега прашањето ми е - дали во мојов случај јас имам услов да се вработам некаде без разлика дали ке биде тоа со договор на 3/6 или икс месеци или па во редовен работен однос?
--- надополнето: Aug 25, 2011 1:35 PM ---
Како си давате одговори, некој да чита ќе мисли стварно знаете ?!?!
НЕ МОЖЕ да биде вработен редовен студент во редовен работен однос, тоа е старо од дедо ное, ко прв пат да слушате?!? Зошто иначе задржуваат оригинални документи и на факс и на работа? Вонреден студент може да биде редовно вработен-не сум чул за некои ограничувања, но можда инме, не тврдам. До скоро и јас бев вонреден студент, а сум редовно вработен.
Така да, ако не знаеме, да не се истрчуваме со одговори само колку да пишеме нешто, не е фер, некој можда бара за сериозна работа одговор, ќе го прелажеме :)
хехе да не се регистрира само за да го пишеш постов :) шала - ај види јас што прашав на темава па дај ми мислење. прашувам затоа што оригиналните документи ми се на факултет а ми рекоа дека со листа на положени предмети можам да бидам вработен но само со договор на одредено време односно 3 или 6 месеца... како е можно ова да биде изведено ни мене не ми е јасно !
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.392
Поени од реакции
405
Редовен студент не може. Вонреден/апсолвент може. И то е то. Како што пиша некој пред мене, тоа е старо од дедо ное.

П.с уствари за апсолвент си тропнав .. ама таму ме водеше логиката. :D
 
Член од
26 март 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
ДА, специјално за оваа тема се ренав :)
Не коментирав јас за твоето прашање, ами за пршањето на ЕКСПЕРТ кој ја почна темава, и одговорот одма под него.
Не знам каде си аплицирал за раб, кај мене у фирма јас ко директор можам да те примам и со недовршен факс а да те плакам ко високообразуван, за у државна аднминистрација или јавно претпријатие не знам, ама мислам дека мораш да имаш ДИПЛОМА. вработување постои и преку студентска задруга, како и младинска задфруга, ама тоа не е редовно вработување, иако по ново си се плакаат ситѕе давачки и за тоа време си целосно осигуран-здравствено и пензиски.
И верујте ми децо, јас сум ЕКСПРЕТ, не оној што прашува :)))

А да, регнат сум одамна на форумов, ама ретко читам, и прв пут пишуем, се надевам не е проблем тоа??
 
експерте не е проблем шо пишуваш баш напротив.. допринесуваш за информирање

инаку он топик - на темава.. јас се јавив кај мене на факултет и баш прашав како оди постапката за вработување за редовен студент и дали е воопшто можно тоа. ми рекоа вака - откако ке дипломира студентот му се издава уверение за завршено високо образование а за дипломата треба да почека соодветен датум кога на ниво на универзитет се предаваат дипломите. е сега со тоа уверение кое го даваат факултетите (мислам дека го даваат со дипломата но посоопствена иницијатива може и побрзо да се земе ) може да се аплицира за работа и ако некаде си ја најдете среќата може слободно ЗАКОНСКИ да бидте вработен само мислам дека ке треба да бидете со договор на дело за 3 или 6 месеца а откако ке ја добиете дипломата може во договор за непрекинат работен однос да ви дадат.. на кратко со уверение од факултет може да работите по договор на дело
со диплома можете на неопределено
без договор/диплома а статус на редовен студент не можете ништо да работите ( освен нелегално на црно )
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.651
Поени од реакции
211
Дечки подработувам во слободно време нешто кај еден човек а исто така и студирам, па ме интересира со цел да не бидне некоја глупост за се да биде легално кои опции ги имам за да работам кај него. Редовен студент сум на машински вонредно нема кај нас значи таа опција отпаѓа, дали можеби може нешто како волонтер? или нешто такво?
 
На врв Bottom