Среќа, што е среќа? Многу широк поим.. премногу. Како дрвото, колку подлабоко толку поразгрането. Да беше така едноставно одма кога ќе се прашаш себеси да можеш да си дадеш одговор дали си или не си ќе беше добро, ама не е така. Комплициран е животот, не ти дава да си среќен без утредента да плачеш.. Затоа претпочитам на се рачунам за среќна затоа што утре ова што го нарекувам среќа ќе ме направи тажна, сум го забележала тоа многу пати.
Ако постои нешто најнесигурно во животот тоа е среќата, за миг исчезнува.. тешко доаѓа а брзо си оди. Ако речам дека сум среќна.. ќе излажам, па среќата е поим за перфекција јас така ја подразбирам.. а перфекција не постои. Лажна претстава на мозокот да верува во нешто кое го нема, а да речам дека не сум среќна веројатно пак би се излажала.. зошто пак е претстава на мозокот, како ќе му наредиш во тоа ќе верува.
Така да.. среќата не е „Денес решив, среќен сум“ то ти е некое чувство кое се бори над силите кои ти го попречуваат, не си свесен за него.. знаеш дека имаш многу причини кои те тераат да бидеш тажен ама пак тоа едно успева над нив.. Одвнатре те тера. Тоа е вањда.. јас сеуште го немам постигнато. Сеуште се лажам!