Во моментов не чувствувам среќа,ни задоволство ни како сакате наречете го чувството,не го чувствувам ни малку.Не се чувствувам возбудено,еуфорично,како мало дете кога му ја купуваат долго посакуваната играчка,не се чувствувам како срцето да ќе ми изрипа од градите.Зошто не се чувствувам така?Зошто немам повод.Ми фали една работа која сметам дека ќе ме направи “среќна“ на тој начин.
А што е уствари среќа?
Ете,за некого е тоа чувството,ама па за некое гладно детенце од Етиопија е може токму ова сега јас што чувствувам у моментов,безгрижност,најаденост,седам на компјутер и пишувам и .!. не ми чуе дали ќе преживеам во следниот пола саат зошто знам дека ќе сум жива,нема да умрам од глад.Имам семејство,покрив на глава,другари,пријатели,материјална исполнетост,здрава сум,цела сум,и иако го немам тоа еуфорично чувство во моментов,среќна сум.Всушност,уште подобро што го немам,зошто ако ме следеше секојдневно немаше да биде посебно,немаше да ме асоцира на “среќа“,ќе беше само обично секојдневно чувство.
Сите ние сме среќни,само секој на различен начин во различен момент.Среќна/задоволна сум сега што имам не добри,прекрасни услови за живот,ама па и посреќно ќе се чувствувам кој ќе отиднам на концерт и кој ќе ја слушнам омилената песна,среќна ќе бидам и кој ќе ми го купи мајка ми блузичето што го меркам одамна.
Да,секогаш ќе има нешто што ќе ме направи уште посреќна,ама тоа не значи дека ако го добијам тоа ќе бидам најсреќна,зошто врвот не постои.