Дали сте снаодливи?

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Полесно ми е да му помогнам на некого отколку да барам помош.Не можам да речам дека сум многу снаодлив во поглед на барањето помош,но сепак ако нешто ми е навистина потребно знам да се снајдам :wink:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Сметам дека сум доста снаодлива, „да не речам префригана“:wink:. Секако, има ситуации кои не можам сама да ги решам, ми треба помош, ама и да знаеш од кого и како да добиеш помош е снаодливост, па се снаоѓам и во такви ситуации.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Не сум многу вешта во барање помош ,некако повеќе ја пружам отколку да барам.На времето мајка ми велеше ,,Тие се најдобро што прават цел живот ќе си ринтаат,, Сега гледам колку е тоа вистина. Сега не можам да правам многу работи кои порано сум можела да ги правам. Ама моите не го сваќаат тоа и сега можам се, ми се враќа како бумеранг на моја штета . Ум во глава барајте помош поарно ќе си поминете во животот.
 

ηιкσlα

ılılı Сакам Зеленко ılılı
Член од
27 февруари 2009
Мислења
173
Поени од реакции
4
Vo nekoi momenti i na odredeni licnosti mozam da izlazam i nesto takvo,mozam da se snaogam a pogotovo na stari luge,a na tatkomi nikogas ne e pomognalo. :)
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Нема ништо срамно и лошо да се побара помош од некого. Со тоа му покажуваш и на личноста од која бараш помош дека имаш доверба во него, и има моменти кога навистина треба помош од некого ( не дека и сами не би се снајдиле но сепак полесно е со помош).Се зависи од ситуацијата и јас не сум некој кој постојано бара помош бидејќи знам да се извадам од каша но кога треба помош, треба :)
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Снаодлива сум ама не кој знае колку ама да се извадам од ситација знам, а за да побарам помош не ми е тешко воопшто нема ни зошто да е тешко или срам да ми биде, а барам помош ако имам барем малку надеж дека личноста ке знае и умее да ми помогне, ако не не ни барам воопшто
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Снајди се па живеј.Времево е така дојдено да за да успееш треба да си снаодлив..Себеси се сметам за не толку снаодлива личност..ама сум во фаза на усовршување на оваа техника:pipi:
Инаку за помошта ја барам кога ми е потребна.Значи немам никаков проблем со тоа да побарам т.е. замолом некого за помош..но внимавам од кого ја барам таа помош зошто секакви не има:wink:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Порано за секоја ситница барав помош, но како поминува времето и како созревам, се поснаодлив и поснаодлив станувам. Сепак, кога станува збор за финансиите и за прехранување тука се моите да ми помогнат (со нив живеам). Кога моите не се дома неколку дена ми оставаат пари само за искачање, а ручек сам си правам. :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
дали сте снаодливи,општо во животот??

еве на пример какви сте во друштво? вие сте тој на кого сите се потпираат да ги вадите од Х ситуации, сите ве сметаат како "најснаодливиот'' или и вие чекате на некој трети да се потпирате??

И што мислите дали е подобро вие да бидете снаодливи,сами да успевате во животот или е подобро да има секогаш некој до вас за да ви помага?
 
U

UniqueGirl

Гостин
снаодлива сум али има мн души на кои се потпирам во различни ситуации..
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.235
Поени од реакции
30.470
Зависи од ситуацијата. Но секогаш треба да се зграпчи приликата за нешто добро.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Hehe, ova prasanje mi go postavija koga bev na intervju za rabota u Tutunska. I ja vikam : ''Da,da, snaodliv sum, kako ne...'' I taa sto me intervjuirase mi vika : ''E pa dobro, aj kazi mi za nekoja situacija vo koja si ja pokazal svojata snaodlivost'' I ja : ''Pa...Pa...hmmm...paaa...'' Samo cekav sto pobrzo da zavrsi intervjuto. :pos2: Snaodliv, a ni na intervjuto ne se snajdov.
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Зависи во каква ситуација, има некои што се снаваѓаат во секакви ситуации без разлика но јас не сум таков, би се снајдел за нешто лесно ама не за тешко.:toe:
 
D

dh00|

Гостин
па можам да кажам дека сум снаодлива,но не во секаква ситуација:pipi:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Па може да се каже,чат-пат.
Зависи со кого сум во друштво ,може во даден момент јас да бидам таа која е најснаодлива ама може да бидам и најсмотана ,знам луѓе што се далеку поснаодливи од мене...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom