Дали сте снаодливи?

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Колку сте снаодливи? Префригани да не речам?
Колку можете сами да се снајдете во некои ситуации, дали се сметате способни се` сами да направите, дали народски речено сте способни да се пикнете во секое дупче или сте биле во ситуација кога ви била потребна нечија помош?
Дали од гордост не би побарале некој да ви помогне за нешто, дали сметате дека само со свој труд можете да добиете или постигнете нешто?

Претпоставувам сте биле во ситуација да не можете сами да направите нешто, па сте приморани да барате помош од некој друг. Како сте го сториле тоа? Ви било непријатно или најнормално го сфаќате тоа?
 

schtranga

Кратовчанче
Член од
7 август 2005
Мислења
1.295
Поени од реакции
18
porano za kakva i da bilo pomos bea tuka mama i tato :pipi: no otkako se odeliv od niv mi trebase vreme da svatam deka za sto i da bilo ke moram otsega sama da prevzemam nesto... se dodeka bar ne steknam nekoi prijatelstva od koi podocna , koga jas ne mozam nesto ke pobaram pomos od niv , pa neli zatoa se prijatelstvata , potoa i ja sum tuka koga ke im zatrebam za nesto.Taka da sega ne mi e uopste neprijatno da pobaram pomos za nesto od prijatelite , vistinskite prijateli sekogas se tuka da pomognat . Osamenosta i odalecenosta od site moi najbliski me nauci da bidam mnogu snaodliva .
Smetam deka so svoj trud covek moze mnogu da postigne vo svojot zivot , ali za nekoi raboti ni se potrebni i drugite dani pomagaat . Ko na primer ni se sviga mnogu edna rabota i nikako ne mozeme da ja dobieme , kolku sakas trudi se sam djabe , a tvojot najdobar prijatel e pak najdobar prijatel so sefot , pa taka da ti pobaruvas pomos od prijatelot i toj ti sreduva rabota da te zemat :) a dokolku bi ostanale gordi i ne sakate da pobarate pomos ke si ostanete i bez rabotata od vasite sni ... ovaa samo primer bese za da stane malku pojasno sto sakam da kazam :wink:
 

Lolita

Butterfly Kiss
Член од
16 јануари 2006
Мислења
230
Поени од реакции
10
По карактер сум срамежлива да речам. Ама многу сум снаодлива. Каде и да се наоѓам во светот гладна нема да останам. :icon_lol:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
hmm pa neznam...ako e nesto bez veze na primer koga pravam proekt,a neznam kaj da baram informacii ne mi e sram da pobaram pomos od nekoj,ali pogolemiot del od rabotite sakam da si go zavrzuvam sama...mislam deka sum si snaodliva kolku sto e potrebno...a pomos za nesto seriozno baram epten ako mi treba i toa prvo od najbliskite i od drugarkite posto za toa se oni - da mi pomagaat koga mi e tesko :) :) :) jas licno ne sakam da baram pomos neznam dali od gordost ali najubavo mi e koga kje si sednam i kje recam bravo Mici se si zavrshi kako sto treba :)
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
За себе самата сум тутурутка невидена. И нема со прст да мрднам, таман да треба да умрам. Ако е во прашање друг - било кој, близок, далечен, ќе го превртам светот. Баш идиотски. И не е алтрузам во прашање. Поише би било - кој не е за себе, не е за никого.
 
N

NeMiRnA

Гостин
Hmmm baram pomos samo vo hitni situacii i samo od luge sto mi se bliski,a ne nekoi 100god ne sum gi videla i tap u eden moment ej zdravo,kako si so prais,ej abe znaes ova mi treba,cuk nema taka kaj mene,ako treba ke go prevrtam svetot ke se snaogam,sama ke si pomognam.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ретко барам помош од некој, секогаш сам си се снаоѓам за се. Не сум као некои на глава да ти се качат и за ситна работа.

Но има случаеви и кога сум побарал помош, ама тоа ептен итно ако било.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не бев снаодлива воопшто додека не ми дојде време едноставно да морам. Е сега воопшто не ми е лесно привикнувањето да си бркам свои работи, ама од друга страна, ми се свиѓа што после секоја завршена ми е посебен филинг ... едноставно уште сум горда и среќна и најмала ситница од мене средена. :nesvest:
А за барање помош од други ... премногу сум горда за тоа ... освен на мама и тато (и на нив не ми е едноставно) многу тешко се решавам да побарам помош. Треба да е ептен страшно и големо за да замолам за нешто. А го мразам и чувството отпосле ... и за најмала ситница да ми помогнал некој, цел живот ќе се осеќам должна кон него ... затоа ако веќе не дојде нож до грло, воопшто никому не се обраќам за помош.
Обратно е ако некој мене ми побара нешто ... све ќе направам за да помогнам и не ми е пријатно макар и едно фала да ми каже, а не па повеќе пати да спомне ... едноставно помагам од што сакам и не сакам многу гужва да се крева околу тоа ... ако веќе можам, мило ми е и не ми треба ништо за возврат.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Неможам да речам за себе дека сум снаодлива... Не знам зошто ама во некои ситуации неможам да се справам :icon_conf
Помош можам да побарам само од поблиските, т.е зависи за каква помош се работи.
 

Мари

...
Член од
31 декември 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
0
Па ако е за нешто мало нормално би се снаоѓала некако сама..Но ако е за голема помош и немам начини да се спасам нешто би побарала..
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Обично сакам сама да си ги средувам сите работи, но сум била во ситуација да имам потреба од помош. Помош не ми е срам да побарам од моите, а како што кажа Дивне, се чувствувам должна доколку некој друг ми помогне.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Во основа скоро за се можам сам да се снајдам и се обидувам што е помалку да ги „замарам” другите со моите проблеми. Ама ако се работи за некоја банална работа а мене ме мрзи да ја направам а на другиот не му е проблем тоа попатно да го направи тогаш оставам.
Инаку кога другите од мене бараат помош од мене давам коку што можам и имам време бидејќи секогаш моите грижи се пред нивните
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Скоро секогаш сама си ги бркам работите и не ми е никаков проблем да си завршам работа, е сеа ако заглавам некаде и ми е неопходна помош тогаш ќе се обратам некаде за помош, најчесто тоа се мама и тато или брат ми .. но 8 години се снаоѓам сама па се надевам дека ова ќе ми успева и во иднина.:bip: :je:
Кога се други во прашање правам се што можам да помогнам дури и доброволно се нудам да помогнам некаде без да ми речат:kez:
 

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
Обично сум снаодлив пошто го работам тоа што го знам, а ако нешто не ми е јасно прашувам , нема ништо срамно во тоа, во зависност каков е проблемот или прашањето, некад може на форумов, а за некој други ствари, формалности, обично од татко ми барам помош.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Се на свој грб. Се снаоѓам како знам и умеам, но знам точно до каде оди тоа снаоѓање, за мене важи „Целта НЕ ги оправдува средствата„ а тоа исклучително го ценат многу околу мене, што пак е навистина одлично чувство кога знам дека доволен е само еден збор за да ми помогнат. Помош барам многу ретко, единствено и само во краен случај, кога после максимално исцрпени обиди, се чувствувам немоќна да сторам повеќе нешто за некого.
За себе...го мразам чувството на должност, скоро и да не се сеќавам кога сум побарала помош.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom