здраво на сите!
се зачленив на форумов само заради оваа тема..имам тооолку многу да кажам-напишам, што не знам од каде да почнам.. можеби од тоа дека сите големи фрази и термини кои ги прочитав тука, како на пример, верност, вистински човек за тебе, навистина си сакал некој, итн., се категории кои добро ги разбирам, ама сепак, добро ги разбирам и останатите..неверност, другиот човек во твојот живот, брак заради деца..хм..многу има тука. а секако ..ништо не е црно или бело...и да, боли, боли кога ќе се најдеш изневерен..ама, боли и кога сваќаш дека целиот живот кој со години си го полнел со емоции е само производ од хормони и недостатоци кои, верувајте, како старееме, се повеќе ги наоѓаме во оној покрај нас кој сме го избрале да биде наш сопатник..
..ако ова што го напишав некого доволно го предизвика да ја слушне мојата приказна.. мислам дека ќе се обидам и да ја раскажам понатака.. засега сакам само да ве поздравам сите и да препорачам.. сексот е најмалиот начин преку кој може да ве изневери парнерот... и уште нешто..никој не изневерува само заради секс..