Дали среќата зависи од годините?

Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Среќата нема врска со годините. Кога сме помали одредени работи не прават среќни, во пубертет други а понатака сосема други. Така да во кој било период од нашиот живот нешто не прави среќни, само зависи од човекот, од ништо друго.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што повозрасен, тоа повеќе проблеми и помалку време за среќа и задоволства? Или немора да значи? Можеби со тек на годините како позрели личности повеќе знаеме да цениме работи и да ја препознаваме среќата па повеќе ја уживаме? Итн ... :)
Секако дека нема врска со годините...
Како што бебето е пресреќно кога ќе ја види насмевката на својата мајка, така и таа е пресреќна кога ќе го види своето бебе задоволно...
Секојдневните грижи и нервози никако не влијаат на среќата. Таа е секогаш тука со нас, само што можеби не ја искажуваме онолку колку што навистина ја чувствуваме. Она што се манифестира однадвор е само бледа слика на она што го има внатре во човекот:smir:
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Една поговорка вели: Сами сме ковачи на сопствената среќа...
И да, верувам во неа... Зашто без разлика колку години има човек, тој сепак може да биде среќен, само ако тоа е тоа што тој навистина го сака. Не дека малите деца не се најсреќни зашто се безгрижни и немаат проблеми, ама и возрасните што имаат проблеми, можат да бидат среќни. Наместо да ги оплакуваат проблемите и да се жалат за нив, може да пробаат да најдат некој начин да ги решат...Само што за жал такви денес има се помалку...обично сите само кукаат и чекаат решението да им падне од ведро небо.
Забегав малку...
Поентата ми беше... Човек може да биде среќен...годините не се битни...Тоа зависи само од него и никој друг!
 

Gohan

I (L) Fußball
Член од
14 февруари 2009
Мислења
420
Поени од реакции
14
Ima malku,koga sme pomali nekoi raboti ne spravat srekni,podporasneni samite simpati i slicno,koga ke ostarees sakas da imas nekoj do tebe...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Секако дека нема врска со годините...
Како што бебето е пресреќно кога ќе ја види насмевката на својата мајка, така и таа е пресреќна кога ќе го види своето бебе задоволно...
Секојдневните грижи и нервози никако не влијаат на среќата. Таа е секогаш тука со нас, само што можеби не ја искажуваме онолку колку што навистина ја чувствуваме. Она што се манифестира однадвор е само бледа слика на она што го има внатре во човекот:smir:
Знаеш како, добро би било кога секојдневните грижи и нервози не би влијаеле на среќата, кога среќата би била независна состојба. Не викам дека среќата не зависи од самиот човек, не викам дека човекот не е сам ковач на својата среќа и несреќа. Но викам дека колку и да се труди човек да ја оттргне својата среќна состојба на умот од секојдневните грижи, не може.Не може а да не биде загрижен за нешто, за било што. Ако може, тогаш не е во тек со реалноста или толку упорно ја игнорира, што не е добро.

И за крај, да, среќата влијае од годините. Зошто инаку нарекуваме некој постар кој успева да си ја зачува постојаната насмевка, дека е" вечно млад"? Кога сме веќе кај фразиве, тогаш што е и со "безгрижен како дете"?
Колку е човек помлад, толку го гледа светот порозево, толку повеќе сонува, толку повеќе се надева. Ако земаме типичен тинејџер, адолесцент, среќен е додека егзистенцијалните проблеми му ги бркаат родителите и единствена обрвска е учењето и раскревањето на станот. Потоа кога доаѓаат посериозните моменти, кога човек ќе мора да почне со работа, кога ќе му се натоварат обврските и одговорноста не само за својот живот туку и за други животи, човекот мора да се соочува со проблемите. И друго нешто, како што одминуваат годините, забележуваш ли секундарно растење кај луѓето, забележуваш ли восочни безизразни лица, кои во темнината на својата душа патат зошто сфаќаат дека соништата им отишле во неповрат, а исто така и дека времето тече пребрзо и одминува додека да трепнеш?!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Паметен човек не може да биде среќен. Колку растеш и созреваш, толку повеќе сфаќаш дека си излегол од стаклената топка во која детството те чувало. И таа топка се крши молскавично... И некоја срча може да ти летне во око од тој процес. Да ослепиш, да не гледаш мали работи, да внимаваш, да се сомневаш... Разбираш со возрасните виуги... Од бајка, животот станува борба. Сфаќаш дека Барби е пластична, а надвор од твојот дом те чекаат еден куп Cruela Devili...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секојдневните грижи и нервози никако не влијаат на среќата. Таа е секогаш тука со нас, само што можеби не ја искажуваме онолку колку што навистина ја чувствуваме. Она што се манифестира однадвор е само бледа слика на она што го има внатре во човекот:smir:
Ова е она кое сакав да го кажам

Знаеш како, добро би било кога секојдневните грижи и нервози не би влијаеле на среќата, кога среќата би била независна состојба. Не викам дека среќата не зависи од самиот човек, не викам дека човекот не е сам ковач на својата среќа и несреќа. Но викам дека колку и да се труди човек да ја оттргне својата среќна состојба на умот од секојдневните грижи, не може.Не може а да не биде загрижен за нешто, за било што. Ако може, тогаш не е во тек со реалноста или толку упорно ја игнорира, што не е добро.

И за крај, да, среќата влијае од годините. Зошто инаку нарекуваме некој постар кој успева да си ја зачува постојаната насмевка, дека е" вечно млад"? Кога сме веќе кај фразиве, тогаш што е и со "безгрижен како дете"?
Колку е човек помлад, толку го гледа светот порозево, толку повеќе сонува, толку повеќе се надева. Ако земаме типичен тинејџер, адолесцент, среќен е додека егзистенцијалните проблеми му ги бркаат родителите и единствена обрвска е учењето и раскревањето на станот. Потоа кога доаѓаат посериозните моменти, кога човек ќе мора да почне со работа, кога ќе му се натоварат обврските и одговорноста не само за својот живот туку и за други животи, човекот мора да се соочува со проблемите. И друго нешто, како што одминуваат годините, забележуваш ли секундарно растење кај луѓето, забележуваш ли восочни безизразни лица, кои во темнината на својата душа патат зошто сфаќаат дека соништата им отишле во неповрат, а исто така и дека времето тече пребрзо и одминува додека да трепнеш?!
Да речеме дека си во право во однос на грижите и проблемите. Меѓутоа, без разлика колку и да сме оптеретени со невозможни проблеми, нели секогаш постои нешто кое ни дава сила за понатаму?! А среќната состојба не е само во умот. Таа е и во душата.

За вториот дел од твојот пост можам само да кажам дека восочните лица кои ги споменуваш не се ништо повеќе од само едно платно по кое животот шара безмилосно. Не секој успеава да си ги исполни соништата, меѓутоа секој е среќен што колку толку, бар имал шанса да проба да направи нешто од себе...
На крај, не ли е секој човек среќен што е жив?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Среќата не зависи од годините, туку од самите луѓе. Колку тие знаат да уживаат во моментите. Во секој момент во животот можеш да имаш среќни моменти. Заклучок: Среќата зависи од луѓето.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Што повозрасен, тоа повеќе проблеми и помалку време за среќа и задоволства? Или немора да значи? Можеби со тек на годините како позрели личности повеќе знаеме да цениме работи и да ја препознаваме среќата па повеќе ја уживаме? Итн ... :)
јас повеќе верувам во она ,, шта је лепо бити глуп''. Сепак може да се каже дека незнаењето може да е благослов.
Ај на темата- мсилам дека се вависи од околностите, има луѓе со многу лошо детство, а потоа среќен живот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Што повозрасен, тоа повеќе проблеми и помалку време за среќа и задоволства? Или немора да значи? Можеби со тек на годините како позрели личности повеќе знаеме да цениме работи и да ја препознаваме среќата па повеќе ја уживаме? Итн ... :)
Среќата е емоционална состојба, за нејзе не можиш да имаш или немаш време, или си среќен или :icon_lol: те згази возот. Или како што би рекол Черчил пак ме касна црното куче :icon_lol:.Најсреќни луѓе се децата и тоа е факт кој што го имам видено со моиве две очи. Нема ништо посреќно од здраво нормално дете, кое што со своите две раце креира цел еден свет на имагинација. Кога ќе го вратам филмов на назад импресиониран сум како сум можел онака детски со леснотија да размислувам за светот околу мене. Денес јас со сето мое вуду искуство не можам да бидам толку многу среќен, колку што бев среќен како дете. Други проблеми беа тогаш, а други проблеми се денес. Ама добро е се додека човек има проблеми тоа значи дека е жив, затоа што без проблеми нема живот. Тешко на тој што размислува дека во животот нема никакви проблеми, тој човек живее, а не е жив.
Среќен е оној човек кој што може да се справи со повеќето од своите проблеми, а несреќен е оној човек кој што мисли дека не може да го контролира својот живот и своите проблеми. Тогаш проблемите го контролираат него.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Што повозрасен, тоа повеќе проблеми и помалку време за среќа и задоволства? Или немора да значи? Можеби со тек на годините како позрели личности повеќе знаеме да цениме работи и да ја препознаваме среќата па повеќе ја уживаме? Итн ... :)
Не зависи од годините, зависи од староста на духот!!!:smir:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
мислам дека ко бевме помали..бевме среќни со многу мали работи како на пример чоколадо...но тоа беше така зато шо не знаевме...не ни беше укажано за нешто друго па да бараме повеке....полека полека сами ги учиме тие работи...свакаме поинаку..и бараме повеке...па затоа не ни е доволно то шо ни е даено...ние пак можеме да бидеме срекни исто како и мали..но не го цениме доволно тоа што ни е даено..:toe:
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
Среќата не зависи од годините, него мислам дека највеќе зависи од снаодливоста на човекот и неговото ниво на конверзација,како и лесното приспособување кон одредени промени...
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Во секоја етапа од животот сме имале среќни мигови и ситуации кои не можеме да ги компарираме една со друга зошто секоја од нив си има засебна убавина. На прв поглед сите би помислиле дека безгрижното детство е најсреќниот период од животот, но како одминуваат годините и како се соочуваме со предизвиците кои ни ги носи животот, со искуството, дури тогаш ја сфаќаме смислата на животот . Иако сметам дека среќата е индивидуална работа која зависи од човекот и неговата спремност да ја пронајде и искористи, сепак генерално нејзиното вистинско значење доаѓа до израз со текот на годините, кога човекот ќе ги оствари своите цели и приоритети во животот.
Прочитав и една студија во која се истражило дека луѓето во средната и поодмината доба се најсреќни бидејќи се реализирале себе си (оформиле семејство, кариера...)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom