Оу јеа!
Не скогаш де, да не претерувам !
Кога се враќам од јога запотена на точак се доживувам како многу секси женка! Кога возам точак исто така(посебно низ мексиканските квартови
) Добро сега тоа хелметот што морам да го носам ми руши филм ама сејфти фрст јебига!
Кога зјапам во брановите во лелеаво фустанче кое ми открива чоколадно, подгорено изгор деколте и мазно грпче, такоџе!
Исто и на сабајле, кога ке станам со бледа фаца, разбушавена коса, заматен поглед и остатоци од маскара која никогаш нема да научам да ја нанесувам и вадам соодветно и женствено! Малку размачкана маскара и креон ми се секогаш секси на утринско бледило после бурна ноќ летс сеј:wink:
Исто и смотани карирани пижами со кратка маичка без градник ми е многу секси аутфит, надополнет со штотуку измиена разбушавена коса со мирис на цимет и чоколада!
Со пиво и цигар се осеќам секси бе, колку одбивно и одвратно да звучи ит мејкс ми фил сеху! Посебно ако влезам во Irish Pub и се искурназам на шанк пред келнерот Ирец кој никогаш не се смее...но затоа сум јас тука нели:smir:
И кога сум на работ на колапс, изморена и ненаспана до немајкаде, со истоштен поглед и испиено лице, и тогаш се осеќам секси ин а уиард уеј! Исцрпеност ми е секогаш секси!
Јас чудно секси сум изглеа! Наместо високи штикли и црни чорапи, пижами и разголена маичка:icon_eek:
Имам и дебели денови, кога неможам да си поднесам одраз во огледало, кога носот ми е голем, косата никаква и задницата преголема! Но, рамената и грбот секогаш си ги сметам за секси атрибут и ги експонирам ес мач ес ај кен! Зошто? Е неам појма!
Жени!