Свирам на гитара и тапани едно добри 9 години, значи од мојата 8ма - почеток на 9та година. На гитара ме научи еден другар кој има едно добри 30-32 години сеа, а на тапани сам сум се научил, зш мене тапаните ми се опсесија, и нив уште од мал многу сакав да ги научам, и така имав можност зш тој другарот шо ме научи да свирам на гитара има бенд во кој свири, и јас ја искористив можноста додека имавме паузи за време на часот, јас трчав да седнам на тапаните и така... едно време сам си идев и си почнував да свиркам и ме виделе и од тогаш ми дозволија многу почесто да идам да си свиркам... по некое време јас си се научиииииииввввв!
Денес од што имам преголема љубов кон тапаните, повеќе знам да свирам на нив отколку на гитара, гитарата ми е на малку помало ниво од тапаните што ги свирам... и од таа преголема љубов кон тапаните, денес перфектно научив да свирам на тапани, ги охрабрувам оние што имаат љубов да свират на некој инструмент да земат и со трпение и огромна љубов и жртва да почнат да го научат...! Од пред едно добри 2 месеци почнав и на бас, ама басот го знам онака basic, уште не сум нешо добар на него али ќе бидне и тоа хихихи....
Иначе моменталната состојба моја е дека свирам во два бенда, во едниот свирам на гитара, често и на тапани, а во другиот сум стирикно на тапани, има и уште една група што ме зема да свирам со нив кога ќе им притребам за важни настапи и сл.
СО ЉУБОВ СЕ СЕ ПОСИГНУВА!!!
:salut: