Дали постои апсолутна вистина?

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
ни,кој не вели дека се контрадикторни ама која е поапсолутна ме интересира???
RAYTHEON23 напиша:
која е поапсолутна вистина од двете!!!(една е апсолутна)
Двете се апсолутни вистини и можат да егсистираат истовремено. Една е апс. реалност.
Ниедна не е поапсолутна вистина. Неможе да има поапсолутна вистина. Сите вистини се само тврдења кои произлегуваат од апсолутната реалност.
Се надевам дека сега ме свати.:smir:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ај пак да пишам .. некој ме избришал :)

Се е релативно ... не постои ништо апсолутно ...
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Јас сакам да се држам до дефинитивни, проверени еве во интерес на темата апсолутни нешта. Then again, погледнете ми го аватарот. Умот знае да лаже, најверојатно.
И што е всушност апсолутна вистина. Мислам зошто епитетот апсолутна? Како може една вистина да биде релативна кога тоа се коси со самото поимање на вистината. Сакам да кажам, релативизирањето на вистината е научно или ненаучно? Денес се тврди едно, утре друго. Дури и инструментариумот се менува. Значи како апсолутна можеби постои, ама ние не успеваме докрај да ја осознаеме. Ние претежно се договараме или се сомневаме во пак ќе кажам условно договорената вистина. Крајно, апсолутна вистина нат аур тхинг.
Се на се, се слагам со тебе.
Релативната вистина, како што ја завикавме овдека, всушност и не е вистина, туку нешто за што веруваме дека е вистина. Таа постои (во дискусијава) токму затоа што умот знае да „лаже“.

За релативизирањето... научно е. Разликуваме научна вистина, потврдена со научен метод и ненаучна вистина (божје откровение, ти реков - ми рече). И тоа оваа разлика ја прави науката.
А што неуспеваме докрај да ја осознаеме, тоа е факт. Не сме способни едноставно, на ова ниво на развој.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Двете се апсолутни вистини и можат да егсистираат истовремено. Една е апс. реалност.
Ниедна не е поапсолутна вистина. Неможе да има поапсолутна вистина. Сите вистини се само тврдења кои произлегуваат од апсолутната реалност.
Се надевам дека сега ме свати.:smir:
сега еднаш се факт и апсолутна вистина еднаш се реалност

значи ли ова дека збориме за апсолута реалност!!!!

тогаш во 1500 година да спомнеш подморница ке те запалат чунки со гаоло си:toe:

која е сега апсолутна реалност??

таа или нашава денес??

Се на се, се слагам со тебе.
Релативната вистина, како што ја завикавме овдека, всушност и не е вистина, туку нешто за што веруваме дека е вистина. Таа постои (во дискусијава) токму затоа што умот знае да „лаже“.

За релативизирањето... научно е. Разликуваме научна вистина, потврдена со научен метод и ненаучна вистина (божје откровение, ти реков - ми рече). И тоа оваа разлика ја прави науката.
А што неуспеваме докрај да ја осознаеме, тоа е факт. Не сме способни едноставно, на ова ниво на развој.
нашата апсолутна реалност сама по себе е контрадикторна...ако не сме способни тогаш не можѓиме да ја утврдиме ниту апсолутната вистина...зарем не е ова факт!!нејсе двајца детерминисти нема да се разберат никад:vozbud:


психи сме ебаго:toe:

налет!!!!!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
сега еднаш се факт и апсолутна вистина еднаш се реалност

значи ли ова дека збориме за апсолута реалност!!!!

тогаш во 1500 година да спомнеш подморница ке те запалат чунки со гаоло си:toe:

која е сега апсолутна реалност??

таа или нашава денес??



нашата апсолутна реалност сама по себе е контрадикторна...ако не сме способни тогаш не можѓиме да ја утврдиме ниту апсолутната вистина...зарем не е ова факт!!нејсе двајца детерминисти нема да се разберат никад:vozbud:


психи сме ебаго:toe:

налет!
!!!!
:pos::pos::pos:

Значи вака.
Да. Зборуваме за апсолутна реалност, наспроти пресцепирана. Кога ќе сакаш да осознаеш една реалност ќе формираш мислења за неа. Ако твоите мислења се вистинити (апсолутни вистини) тогаш си дошол еден чекор поблизу до целосното откривање на апсолутната реалност.

Примерот не ти е баш адекватен. Еве ваков пример. Ако тврдиш, пред 500 години дека Земјата не е центар на Универзумот, ќе те запалат на клада, зошто, нели, си пратеник на Сатаната.
Денес тоа нема да ти се случи.

Е за ова ти зборам цело време. Во тоа време тоа било вистина. Но сепак не онаа „вистинската“ вистина. Таа излегла на виделина подоцна. И со тоа ние сме дошле поблиску до поцелосно реално разбирање на Космосот.

Ние цело време живееме во единствената реалност, но не сме секогаш свесни за неа, односно си градиме имагинарен свет околу нас. Тие тогаш верувале во геоцентричниот систем, ние сега во хелиоцентричниот. Ние сега веруваме во Бог (кој како, до душа), којзнае во што ќе веруваат нашите внуци и правнуци. Факт е дека ние си градиме имагинарна реалност околу нас, како што старите Грци изградиле цел пантеон за да ги објаснат појавите околу нив. Значи, нешто околу нас се случува, се одвива по свои некои правила, но ние не секогаш разбираме како и зошто па го објануваме на наш начин, кој иако неточен, некохерентен со реалноста, за нас е вистина додека не не убедат поинаку.

А дали некогаш ќе ја утвирдиме целосната „вистинска“ (апсолутна) вистина, зависи, според мене од способностите на науката и прашањето дали е таа ограничена во откривањето на научна вистина.

П.с. Гарант некој да не глеа од страна ќе ни се гази од смеење.:kesa:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
епа ако збориме за апсолутна реалност тогаш небото е сино бидејки таа бранова должина(на таа боја) доага до нашите уши радарчиња:vozbud:

аууу Сонар е БЕЕ:pos2:

е сега тогаш имаме 4 основни сили и тоа гравитациона јака и слаба нуклеарна и електромагнетна!!

универзумот е резултат на овие сили математички си е ОК е сега и ние сме резултат на овие сили...љубовта е ни горе ни долу хемиски процес кој можеш да го имитираш ако јадиш појке чоколадо а добро е и какаото па влијае на серотонинот ЗНАЧИ наместо милка чоколадо за готвење е подобро:toe:

е сега тој шо ке се гази од смеење е во 3Д простор...ко на кантер...и не е свесен дека није гледаме од птичја перспектива ко на стратегиите а можеме и да ротираме зумираме...уфф забегав :kez::kez::kez::kez:

ај пак да пишам .. некој ме избришал :)

Се е релативно ... не постои ништо апсолутно ...
а што е разликата помегу маса и тежина???
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
ако нешто не го перцепираме било преку инструменти или сетила тогаш тоа не постои!!!!!!

ова излева како господ постои ај да веруваме...ама рокот на употреба му е...хмм..поминат:toe:
Господ врска немат со ова...Зборувам за нешто што не сме ни свесни дека не постои,(а за разлика од верниците,тие се "свесни" за постоењето на Бог,само не можат да го видат)можеби таа апсолутна вистина е одговорот за цел универзум,за цела негова историја на постоењето.И пак ќе додадам,ако не сме свесни за постоењето на било што,ако го нема за нас,не значи дека истото и воопшто не постои...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Господ врска немат со ова...Зборувам за нешто што не сме ни свесни дека не постои,(а за разлика од верниците,тие се "свесни" за постоењето на Бог,само не можат да го видат)можеби таа апсолутна вистина е одговорот за цел универзум,за цела негова историја на постоењето.И пак ќе додадам,ако не сме свесни за постоењето на било што,ако го нема за нас,не значи дека истото и воопшто не постои...

се разбираме јасно ама апсолутната вистина е апсолутна(разумен компромис е разумен компромис:pos2:)

и како таква е независна од инструменти процедури мерки и ИСО стандардизација...мислам мора да речеме ова и ова е апсолутно и КРАЈ ако не знаеме која е таа вистина тогаш сеедно е дали пукаме со воздушен пиштол или вистински:pishtoldz
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Апсолутна вистина постои и од неа произлегуваат сите нејзини манифестации како што од Тишината, звукот што ги содржи сите звуци, произлегуваат сите звуци - човечки, животински, громови, ветрови..... рок, хеви, диско... :)
Се додека сме лишени од сознанието за ултимативната вистина, ќе имаме радикално различни перцепции на работите, нашите секојдневни работи што произлегуваат од неа, и со тоа големи недоразбирања и меѓусебни душманства. Како и да свртиш, се влече кон потреба за просветлување.

The tao that can be told
is not the eternal Tao.
The name that can be named
is not the eternal Name.
The unnamable is the eternally real.
Naming is the origin of all particular things.
Free from desire, you realize the mystery.
Caught in desire, you see only the manifestations.
Yet mystery and manifestations
arise from the same source.

This source is called darkness.
Darkness within darkness.
The gateway to all understanding.

Ааа, тој :)
Од свое лично искуство би потврдил дека е така :) , само свесноста за таа вистина бргу ми исчезнува, и наизглед се чини дека е најнереална во однос на заблудите што ги живееме. Со свесност за таа вистина и понатаму ќе имаме различни перцепции на работите, но да си правиме проблеми од тоа, јок.
Ќе се просветлиш и ти кај и да е, Рајтеон. Дедо Ное ќе може вода да ти носи. :)
А имаше веќе оваква тема мислам, нешто слично пишував, само со Исус. :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Апсолутни вистини имаш само у религиите.
И тоа секоја за себе смета дека само нејзината догматика е Апсолутна вистина!!!!!!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Постои субјективна и објективна вистина. Субјективната на ниво на поединец е поблиску до апсолутната. Објективната, т.е. општоприфатената е полоша од најцрна лага, иако е вистина.
Објективна вистина е на пример дека сите ние сме родени, од мајка и татко, дека старееме и ќе умреме. Кога оваа вистина, која му е наметната на поединецот, ќе го обземе, тој станува роб на животот, времето и луѓето. Започнува трка со времето - морам да направам ова она, бидејќи стареам и ќе умрам, морам да се женам, барам сродна душа.... ја нема. Тогаш со било која. Ете лош брак, проблеми, караници, децата проблем плус... прашање е дали и пред смрт ќе се опамети тој човек. Во секој случај непријатните работи и сознанија ќе ги тргне од свесно на несвесно ниво, со илузии и утехи дека се ќе биде добро.
Субјективна вистина: Кога еден човек не би дознал од никого дека се родил, дека старее и ќе умре, неговото знаење би допирало до таму до каде што допираат неговите лични сеќавања, тогаш тој човек секогаш би живеел сега и овде, живеејќи го животот на најсвесно ниво.
Затоа ни е потребен противотров за таа објективна вистина која од потсвесно ниво просто ни ја растура психата. Противотровот е свесност за апсолутната вистина, која ја опишав погоре. Пардон, таа не може да се опише и рационално да се научи, потребно е како што вели де Мело да се ослободиме од заблудите на кои сме се научиле. Всушност, се што може да се опише со зборови, не е апсолутна вистина.
Субјективно, секој човек е свет за себеси, со се и сите што ги гледа во него.
Објективно, секој човек е издвоена единка.
А апсолутно... :wink:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Нема ништо апсолутно. Можеби во моментот вистината е апсолутна но станува релативна кога ке дојде време истата да се промени или замени.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Со оглед на тоа што нема ништо апсолутно се е релативно, не би имало ни апсолутна вистина :). Кратко јасно дефинирано.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Апсолутна вистина е симболички како грамофон што произведува песни, мелодии, звуци. Ние сме изгубени во тие звуци и воопшто не знаеме или сме заборавиле дека постои грамофонот. Ги коментираме неговите звуци, секој на различен начин и се обидуваме да најдеме објективна вистина за тоа кој звук каков е, лишени од основната вистина која може сите да не помири :)
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Da.
Univerzalnata kosmicka vistina, nezavizna od naseto subjektivno tumacenje. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom