Постои субјективна и објективна вистина. Субјективната на ниво на поединец е поблиску до апсолутната. Објективната, т.е. општоприфатената е полоша од најцрна лага, иако е вистина.
Објективна вистина е на пример дека сите ние сме родени, од мајка и татко, дека старееме и ќе умреме. Кога оваа вистина, која му е наметната на поединецот, ќе го обземе, тој станува роб на животот, времето и луѓето. Започнува трка со времето - морам да направам ова она, бидејќи стареам и ќе умрам, морам да се женам, барам сродна душа.... ја нема. Тогаш со било која. Ете лош брак, проблеми, караници, децата проблем плус... прашање е дали и пред смрт ќе се опамети тој човек. Во секој случај непријатните работи и сознанија ќе ги тргне од свесно на несвесно ниво, со илузии и утехи дека се ќе биде добро.
Субјективна вистина: Кога еден човек не би дознал од никого дека се родил, дека старее и ќе умре, неговото знаење би допирало до таму до каде што допираат неговите лични сеќавања, тогаш тој човек секогаш би живеел сега и овде, живеејќи го животот на најсвесно ниво.
Затоа ни е потребен противотров за таа објективна вистина која од потсвесно ниво просто ни ја растура психата. Противотровот е свесност за апсолутната вистина, која ја опишав погоре. Пардон, таа не може да се опише и рационално да се научи, потребно е како што вели де Мело да се ослободиме од заблудите на кои сме се научиле. Всушност, се што може да се опише со зборови, не е апсолутна вистина.
Субјективно, секој човек е свет за себеси, со се и сите што ги гледа во него.
Објективно, секој човек е издвоена единка.
А апсолутно... :wink: