@Crazy in Love јас па друкчие би го формулирал ова:
Секој кој се имал начукано а знае дека не може да се контролира, дефинитивно си има проблем во главата.
Се случува. Секому се има случено да се напие и утредента да си се смее на глупостите што ги има лупано.
Ама има разлика меѓу лупање киксови и варање. Ако знаеш дека не треба да извараш, нема да извараш, макар и најпијан.
Пошо коа човек е начукан, отиден е. Човек кога е трезен а знае дека ќе отиде ако се начука, има проблем кој треба да го решава. А девојката ако знае за неговиот проблем и цело време и стои на страна, не треба да вика дека човекот ја варал, затоа што самата таа знае дека човекот си имал мака со алкохолот а нема ништо помогнато за да го натера да престане.
Го тераш муабетов кон алкохолизам, а нема никаква поврзаност. Има луѓе пијат секој втор-трет викенд, лабаво, не се начукуваат ко стоки секој ден, тоа не значи дека имаат проблем со алкохолот. И сега ако некој извара пијан, другиов треба да рече, леле има проблем, кутра душа. Како да не.
Алкохолизмот си е посебен проблем, што нема врска со варањето. Посебно во 20тите години. Едно е некој секој ден на пие и да љока и да се начукува, друго е од време на време да се опушта за време на викенди и при тоа да прави глупости од типот на варање.
Воглавном ти и јас имаме слично гледиште, само што вака форумски што би се рекло, повеќе хипотетички ја дискутираме работата отколку реално би дејствувале. Посебно фактот дека ете за себе зборам пошто сум сингл во моментот - разумноста повеќе делува сега. Кога би ме удриле емоциите и хормоните, би пишувал сосема друг одговор.
Што има врска статусот? Што е битно дали некој е сингл или не, со ставовите?
Мене овој став и муабет ми е секогаш ист, без разлика дали имам дечко или не.
Мене барем не ми се менуваат ставовите во зависност од тоа дали имам дечко или немам.