@Crazy in Love јас па друкчие би го формулирал ова:
Секој кој се имал начукано а знае дека не може да се контролира, дефинитивно си има проблем во главата.
Пошо коа човек е начукан, отиден е. Човек кога е трезен а знае дека ќе отиде ако се начука, има проблем кој треба да го решава. А девојката ако знае за неговиот проблем и цело време и стои на страна, не треба да вика дека човекот ја варал, затоа што самата таа знае дека човекот си имал мака со алкохолот а нема ништо помогнато за да го натера да престане. Настрана „алкохолизмот“ целата поврзаност е колку алкохолот е изговор за оправдување на неверството. Што по мене, има мноооогу за дискусија и е независно од случај во случај. Некој се опива за да се опушти и на крај не му паѓа да се случат несакани сценарија. Но има и такви кои ти ги кажуваш дека вадат изговор во неверството со пиење. Исто ќе се повторам како папагал, ама тука игра и улога колку човекот е подложен на алкохолот и колку може да се самоконтролира ПРЕД да ја посегне првата чашка.
Воглавном ти и јас имаме слично гледиште, само што вака форумски што би се рекло, повеќе хипотетички ја дискутираме работата отколку реално би дејствувале. Посебно фактот дека ете за себе зборам пошто сум сингл во моментот - разумноста повеќе делува сега. Кога би ме удриле емоциите и хормоните, би пишувал сосема друг одговор.
Се случува. Секому се има случено да се напие и утредента да си се смее на глупостите што ги има лупано.
Ама има разлика меѓу лупање киксови и варање. Ако знаеш дека не треба да извараш, нема да извараш, макар и најпијан.
Го тераш муабетов кон алкохолизам, а нема никаква поврзаност. Има луѓе пијат секој втор-трет викенд, лабаво, не се начукуваат ко стоки секој ден, тоа не значи дека имаат проблем со алкохолот. И сега ако некој извара пијан, другиов треба да рече, леле има проблем, кутра душа. Како да не.
Алкохолизмот си е посебен проблем, што нема врска со варањето. Посебно во 20тите години. Едно е некој секој ден на пие и да љока и да се начукува, друго е од време на време да се опушта за време на викенди и при тоа да прави глупости од типот на варање.
Потполно се согласувам со Саладин.
И за да го доловам ставот ќе кажам една случка што ми се има случено, што не сакам баш многу многу да ја кажувам, ама ај.
Значи бев излезена со двајца другари и имаа текила. И само ние тројца земавме да пиеме текила. Едниот што возеше се откажа од пиењето (паметно!), а јас и другиов другар продолживме. И мислам дека цела текила ја испивме. Значи јас не се сеќавам на ништо од вечерта. И тој што возеше уствари ми кажа дека наводно сум се смувала со третиот. Значи, незнам детали што и како, освен дека он го направил првиот чекор. Е сеа, тогаш не бев во врска, и веројатно не би искочила со нив да бев, ама тоа не е поентата. Поентата е што јас тој тип никогаш не сум го гледала на друг начин освен како другар. И ако сум се смувала со него, може ќе сум се смувала и со друг некој додека сум во врска.
Така да, тоа што Саладин го има пишано, го имам доживеано и знам како е. Значи, јас затоа што знам дека можно е да направам нешто глупаво ако се начукам до толку, не би било препорачливо да пијам толку многу кога сум во врска. И не го ни правам тоа. Ама некој некогаш може пример ненамерно да претера или да направи лоша проценка кога му е доста и сл...
Е сеа, знам дека ако некого сакаш не треба ни во потсвеста да ти стои изневерувањето, и колку и да си пијан не би требало да направиш некоја таква глупост. Ама, не сите знаат што ни се крие во потсвеста. И НИКОЈ, ама баш НИКОЈ, не е совршен.
Што се однесува до простување, да можам да бидам сигурна дека партнерот мој бил до толку пијан да не се сеќава ништо, има шанси да му простам. Зашто која е поентата да се љутам за нешто што не се ни сеќава дека го направил, нити пак осеќал нешто? Ама, многу зависи и причината од која се начукал и колку му верувам дека стварно никогаш не би го направил тоа на трезно.
Така да, ни за мене не е ништо црно бело. И мислам дека неможеш да знаеш многу работи, се додека не ги искусиш.