Why?
Самострел да зеам, да истепам тоа племе
- Член од
- 3 мај 2009
- Мислења
- 2.726
- Поени од реакции
- 2.940
Пак повторувам, не знам зошто муабетот го донесовте (не само ти) до овде и каква врска има ова со злобните луге.Како ќе знаеш дека си среќен, ако не знаеш што е тага? Како ќе знаеш дека тоа што го чувствуваш е ,,среќа,,?
Има врска, ама не знам што е во прашање, дали чисто сакаш да се инаетиш, или едноставно не разбираш. Нешто е.
Не треба нешто лично да искусиш (да умреш) за да знаеш дека смртта не е убава. Постои нешто во човекот што се вика нагон за живот и нагон за смрт (Фројд). Исто така, еве ти еден најпрост пример, ова ако не го сфатиш, не знам што би сфатил.
Детето кога се раѓа, нема никаков морал, никакво воспитание, никаков облик на однесување. Ако детето не го воспитуваме, тоа самото ќе се воспита, на начин што е најдобар за него - ќе си ги слуша инстиктите. Слушајќи си ги инстиктите, кај него ќе се роди агресија, во првиот момент кога нема да му биде задоволена една желба. На пример, детето сме го чувале во стаклено ѕвоно и му било се дозволено, но на првиот училишен ден, другарчето што седи до него му ја зема гумата. Детето нема да размислува, затоа што не знае што е добро а што е лошо однесување, и ќе го нападне другото дете, затоа што инстиктивно си го брани ,,своето,,.
Како детето ќе знае дека постапката е лоша? Како ќе знае дека не смее да си ги слуша инстиктите? Дека мора да постапува рационално, а не афективно?
Однесувањето се моделира, се обликува, и за детето да научи што е добро поведение, мора прво да направи грешка и да биде казнето за истата. Детето прво учи што е лошо, а не што е добро. Затоа што за него секое однесување е добро - единствено тоа го знае, да си ги следи инстиктите. Кога за нешто ќе го искараме, учи дека е тоа лошо и не го повторува.
Пример, бебето врши нужда во пелени. Во одреден момент, сметаме дека детето е доволно возрасно да врши нужда во нокшир (анален стадиум, Фројд). Во тој момент, при вршењето нужда во гаќи, ние го караме, односно укоруваме за лошата постапка. Така детето учи дека е лошо да врши нужда во гаќи, а добро е да врши нужда во нокшир.
Ти се допаѓало тебе тоа или не, така е.
Поентата на темата е дали ако ги снема злобните луге светот ке биде помирен и подобро место за живеење. Мојот одговор е дефинитивно да! (со извичник)
Не знам зошто на темава се замешаа чувства, радост, тага, срека, досада, монотоност, јинг јанг, баланс...
Ако ги снема злобните луге со нив нема 100% да го снема и злото, така да навистина не знам од каде ви испадна идеата за баланси, искуства, живот vs смрт...
Ако ги снема злобните луге пак ке има лоши работи, пак ке има земјотреси, природни катастрофи, несреки, каснувања од животни, смрт, децата пак ке се серат вгаки... Ако ги снема злобните луге нема и лошите работи да ги снема 100% со нив, значи ние пак ке знаеме што е несрека и смрт и без нив, аналогно на тоа и без нив ке знаеме да ги цениме среката и животот.
Разликата е во тоа што ако ги снема злобните луге ке ги снема и најголемиот дел (НЕ целосно) од злобата и несреката, а со тоа светот ке биде многу поубаво место за живеење.