Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

Дали на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?

  • Не треба!

    Гласови: 118 70,2%
  • Треба!

    Гласови: 20 11,9%
  • Не треба, ама ако е црква тогаш може!

    Гласови: 15 8,9%
  • Треба, ама ако е црква тогаш не може!

    Гласови: 8 4,8%
  • Не знам!

    Гласови: 7 4,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
0
Дали се согласувате на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дали се согласувате на плоштад треба да се изгради воопшто било каков објект!?
Не ти е дефинирано прашањето, претпоставувам зборуваш за локацијата 1.5 каде според последните измени од ДУП треба да се прави верски објект (или класа на наметни В.5).

Во оној габарит, во онаа парцела, имајќи мал милион фактори во предвид, не треба и не смее да се гради на тој дел. Плоштадот треба да се дооформи, да, но од страната од која е неизграден (западната) со што ќе ја добие неговата потковичеста форма.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па дај слики... па да можеме да зборуваме.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Треба и тоа црква Св. Никола од страната накај ЕВН, а од западната празна страна (накај Т-Хоме) треба да се изгради уште една црква и тоа со огромни димензии (нешто како Св. Стефан на централниот Штефансплац во Виена) “Сите Македонски Светии“, која ќе ја затвори цела западна страна и ќе представува спој на повеќе цркви во една, каде посебни олтари ќе имаат Светите Климент, Наум, Магда Мегленска, Кирил, Методиј, Прохор Пчињски, Јован Бигорски, Гаврил Лесновски, Јоаким Осоговски, Струмичките Маченици, Ѓорги Кратовски итн.

Во Скопје 80% од верските објекти се муслимански, а муслиманите се само 20% во градот Скопје. За ние, христијаните да не бидеме дискриминирани, треба да се градат масовно христијански цркви и манастири и нивниот број да кореспондира со бројот на рисјаните во град Скопје. Па нели треба да имаме правична застапеност, а тоа треба да важи и за верските објекти.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Може типо, лумикс или таа зградата над дал мет фу да се срушат, ако нема место.
Па ќе може и поголема црква да изградат.
Мала реорганизација на просторот да се направи.
Мислам ако им смета на некои, што ќе се затвори просторот.
Може да се урнат погоре посочените и да има тука еден парк со црква во средина.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Црквите историски ги генерирале плоштадите. Значи, прво се правела црквата, па околу неа плоштадот. Со тоа и се придава значењето, и се истакнува позицијата. Кај нас сакаат да ја нашибаат во едно фреквентно место со што ниту црквата ќе го добие потребниот сјај, ниту ќе се вклопи во контекстот.

Проблемите кои ќе се створат со осончувањето на тој дел од плоштадот, струењето на воздухот (еднаш откако целосно ќе се затвори истиот), движењето по најфреквенттната пешачка зона во Македонија...никој не ги зел во предвид.

Јас сум крстен на ден Успение на пресветла Богородица, во село Јанкоец, Ресенско, на 28.08.1987 година. Јас сум православен Христијанин. Но не дозволувам да ме водат емоции, пред она што го гледам како иден архитект... Разберете, не и е местото таму на црквата, не му е место таму на нафтена дупчалка, на синагога, на светски трговски центар, на болница...Локацијата не ја бива.

Битушанец, и јас би правел црква на делот пред т-хоум, но сметале урбанистите дека ќе е нелогичен влезот (со што горе долу се во право, ради ориентацијата исток запад и црковните канони) па ја туриле на единото слободно место на кое апсидата ќе може да е на исток, како што е ред.

Никола, не е христијански да чека човек нов земјотрес, иако се е опција :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ќе цитирам една женичка на незнам која телевизија што даде изјава
Имају паре за шмизле и мачке, а немају паре за стечајце
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Треба можеби некој споменик од Алкесандар Македонски.Црква може некаде друго ,на плоштад не личи.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Личи црква на плоштад али ако првин била таа па после се правел плоштад околу незе како секаде во светот. Иначе до некаде може нешто да се направи околу плоштадот али не вака како што планираат. Првин локацијата за црквата е многу безвезе избрана па и за тоа хотелот што му направија ограда на кејот. Единствено каде што може да се гради е пред мепсо и телеком каде што и веќе се планира. Плоштад е место отворено а не вака ке биде како во кофа кога ке излагаме.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Воопшто не треба да се гради црква има многу цркви....Тие пари што ќе ги дадат за изградбата на црквата подобро нека изградат некоја фабрика владата од каде што ќе живеат 2000-3000 семејства...
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Ако се изгради нешто тоа нема да биде плоштад ќе биде туристичка атракција.
НЕ ТРЕБА НИШТО ДА СЕ ГРАДИ НА ПЛОШТАД
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
на плоштадот би доликувало да се изгради некоја убава фонтана или некој споменик (не е важно каков и не скокајте одма ако се спомне Александар Македонски, има компетентни луѓе да одлучат кој споменик одговара на тоа место, туку чудни работи што во последно време некои се против споменик на Александар Македонски и го сметаат за вмроовски:nesvest:- но да не навлегуваме во тоа )
а за црква не сум, не дека сум невеник и слично, сосема напротив, туку сметам дека не би доликувало црква или било каков верски објект баш на тоа место, не само од визуелен аспект, туку и од аспект на верски несогласувања и можни проблеми со другите верски заедници:toe:

Воопшто не треба да се гради црква има многу цркви....Тие пари што ќе ги дадат за изградбата на црквата подобро нека изградат некоја фабрика владата од каде што ќе живеат 2000-3000 семејства...
јас не ги гледам така работите, дека тие пари можеле да се потрошат за ова, а не за тоа.
Средствата однапред се испланирани и се знае во буџетот колку за што ќе се потроши
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
нема да коментирам дали треба да се изгради црква или не...не сум баш некој љубител на црквите, а и нема многу да ми смени во животот, ако плоштадот во скопје си добие некој којзнае каков изглед...
зборот ми е. ако треба да се гради, нека се гради, ако не треба - нека не се гради. ама ова денес на ништо не личеше. да се тепаат луѓе таму за да заштитат некои си свои чудни мислења...тоа ми изгледа малце лудо...па и уште да викаат оти тоа е во чест на исус и православната религија...да бе, сигурно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom