J
joli1
Гостин
Јас плаќам околу 700 денари за 10GB интернет, неограничени повици и SMS. Секој кој што работи може да си го дозволи ова, и повеќе (мене ми е таман пакетот).Абе друже ако навистина се до толку отепани нема да имаат ни за претплати, а ни за тие телефоните од 200 евра.
На времето кога беше навистина проблем со финансииите (транзицијата) работевме со титкање, сега имаат по 5000ки сметки за телефон + интернет на ниво на семејство.
Далеку е уште од западен стандард, ама дека има кеш во државата, има, особено со тоа што старите генерации трпат, а новите се расфрлаат и ги трошат дури и пензиите/платите на родителите.
Сакав да и објаснам на bijons дека телефони на тач не се некој луксуз денес, туку нешто што е нормално, не само кај нас, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и најсиромашните финансиски региони во светот.
Тоа што луѓе возат автомобили, имаат телефон на тач не е некој показател дека народот живее достоинствено и може да се прехрани без да се задолжува секој месец, или како?