...напротив, тебе човек тука да те прочита околу ова проблематика ќе помисли дека носиш розови очила и НЕ ја гледаш сопствената околина, ете комшивчето кое само таткото работа, а тој одвај ги пркна своите 10 години си сака смартфон за роденден, но не можеш да го излазеш со тие 100-150 евра ајфон, туку си знае што сака, така да дедото ја дал целата пензија да тато додаде уште толку за да му е исполни желбата за „ептен потребен“ смартфон на детето, а тоа е над 500 евра,
...дали има потреба да коментирам за славење на матура, полуматура, четврт матура и колку таму се троши само за „гледајте не', чудете се“, а детето ништо посебно паметно што завршило, голема работа, нели? родендените, имендени, славите и што уште не веќе се се слават по домата каде ќе се исчука 10 јајца за една торта што сите ќе ја јадат, туку се закажува во игротеки со договорен и наплатен перфоманс, а кафаните и рестораните се преполни со секакви поводи, па дури присуствував на роденден на мачка, ејјјј мачка, ќе ми се налутеше пет сопственикот да не присуствував, па дури и жива музика викнал
... јебига, дали ти си знаел што е хамбургер, лименка , сладолед и што ја знам секој ден да се купува, а да не се ручува дома, па нормално дека нема да стигнат толку пари како порано што било чоколадо за роденден, а може само за Нова година, секој ден леб и манџа за ручек за сите.
..јесте, да, ама не секој втор месец или секоја година, твоето ранче можеби износено од твојот постар брат и патиките ако не биле скинати, а не како сега секој месец патики, облека без веза треба не треба, и секоја школска година све ново без разлика што минатогодишните ранчиња се исправни и сеуште употребливи, така да немој со тие куршуми, сега све е збеснато, се троши на големо и што треба и што не треба, се натпреваруваме со комшиите и со роднините, секоја вредност е изгубена, кредити до гуша за глупости.
... помини по одморите на средните училишта, скоро пола ученици со надпросечна телесна тежина за нивна возраст, деформишани во телото со залапани буреци, хамбургери, сокови, лименки мислиш крај на свет ќе биде, па пикаат резерви во мешето, може и студентите да ги ѕирнеш да видиш што јадат и што пијат, еееееее џин тоник бре за време на пауза од вежби, цигари во ранец, не можат да издржат три часа настава, после пола час губат концентрација те гледаат со очите како жалосна сова, аман немој барем мене да ми кажуваш, причам ти причу, сто ги имам јас да ти ги пишам!
...а што мислиш ти, дека Монако е нешто посебно, ако одиш едно три, четири пати и те како ќе смениш мислење дека „Монако“ не е нешто пак уауу, јест да е важно местото, но не повеќе од друштвото кое го прави и самиот одмор кул!
Тетке, ако некој не гледа низ розеви наочари тоа сум јас.
Тоа што родителите на твоето комшивче му купиле телефон кој што не можат да го дозволат, се со цел да му удоволат, не значи дека мнозинството народ така живее, ниту пак мнозинството млади луѓе. Вината слободно можеш да ја тражиш кај родителот кој што не знае да му каже НЕ на сопственото дете.
Славење матура е традиција на младите луѓе низ целиот свет, не се слави матура само тука. Колку се троши за матура зависи само од родителите, не од децата, пак ќе ти кажам, ако родителот не знае да му каже НЕ на сопственото дете и да му даде до знаење колку му се финансиските можности, тогаш вината не е кај детето туку кај родителот.
Ниедно дете не сака да биде ускратено, ниту пак некој родител сака нешто на неговото дете да му биде ускратено, нешто што останатите деца го имаат.
Сакаш ли да ти кажувам за мои вршњаци кои што не отидоа на матура поради тоа што нивните немаа пари ниту за јадењето, а не за облека?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не ни знаат што е тоа одмор, а не пак море?
Сакаш ли да ти кажувам за мои другари кои што не одеа на екскурзии (ни во странство, ниту пак во Македонија) поради финансиски причини?
Уживај, не ми кажувај само за моменталната ситуација во школи затоа што школо завршив 2018/2019-та година, добро знам што се случува, десетина постови на форумов имам пишувано на таа тема, ама ете, уште еднаш ќе ти кажам.
Квалитетот на образованието во државните училишта е толку смешен што е жалосно, елементарно неписмени деца завршуваа со 5.00, мнозинството професорки беа влезени во менопауза, вработени преку партија, полни со трауми од детство па затоа вербално ги малтретираа учениците, фаворизираа само одредени деца, најчесто деца на политичари или добросуитирани фамилии, предавањето им се состоеше од систем на отвори таа и таа страна, прочитај, пиши ги прашањата у тетратка и одговори ги и ете го крај на часот, а ако се побуниш, тогаш идеш кај психолог, директорка, јадеш писмени опомени затоа што ,,авторитетот" си им го донел во прашање.
Најпаметните деца што ги имам запознаено, некои беа и мои соученици и другари, одбиваа да учат по таков систем, беа казнувани со писмени опомени при прво побунување, во школо одеа само поради тоа што мораа, а добар дел од нив и улицата ги проголта затоа што квази професорките не знаеја за ништо да ги заинтересираат ниту да ги задржат во школо.
Носат џин тоник и цигариња затоа што у маркетот у близина у школото не те прашуваат за лична карта за да купиш алкохол, ниту пак саатот кога купуваш ги интересира, а за цигариња увек имаш дуќанче пред школо кај што се шиткаат рефус цигариња, па затоа имаш епидемија на пушачи кај младината, у школски двор за време на голем одмор имаш повеќе пушачи него непушачи.
Не ги ни кривам, како да не одиш со џин тоник или пак да не пушиш у школо у WC кога 45 минути трпиш жена у менопауза што ти се дере затоа што маж и не ја ебел сабајлето?
Па јас лично, како и моите другарчиња, без два грама вутра не се појавувавме у школо, обавезно ќе се напафкавме пред школо за да ги преживиме првите два часа, па потоа на голем одмор уште еднаш, па после уште еднаш измеѓу часови за да не станеш и не им ги скинеш ушите на некои утрипани професорчиња влезени преку партија што ти глумат некаков авторитет, а поима си немаат, не само од живот, туку и од предметот што го предаваат.
Професор кој што го гласавме за најдобар професор во цело школо, и ние и родителите, му беа одземени мнозинството часови и беа доделени на друг професор која што влезе преку партија.
Па концентрација и фокус треба да им задржи професорот, сигурно професорката што ја оговара колешката (честа појава) нема да ме заинтересира за предметот кој што го предава, поготово кога го предава на начин прочитај у книга, одговори ги прашањата што се во книга и крај на часот.
Има добри професори, не викам не, али истите ниту се наградувани ниту пак можат до израз да излезат поради купишта вакви неспособни професори.
Пак ќе ти кажам, каква и да е младината, таква е само поради вас постарите како и поради системот што вие ни го оставивте, поточно, само поради гомната што вие ни ги оставивте. Да впериш прст спрема младината, кога вас со децении у глава ве ебат политички партии, ве лажат, ве крадат, ве протнаа низ груба транзиција без збор да изустите е парадоксално, жално и погрешно.
И за крај, пошто имам чувство ко мене лично да ме набедуваш или пак пишуваш нешто за мене (невистини), ќе ти кажам вака, јас работам од мои 13 години, цел период на школо дур бев работав (физичка работа) и идев у школо, екскурзии, матури, се сам си имав платено, денар од дома немам земено, а сметки дома со години плаќам поради сопствен ќејф и желба да помогнам дома, се што носам на мене сам си го имам купено, а од моите никогаш не сум тражел ништо освен кров над глава и доручек/ручек.
Денес, иако без факултет сеуште, но сепак полн со работно искуство, работам работа која што е многу добро платена, заработувам далеку повеќе од мнозинството луѓе во мојов град, заработувам повеќе и од професорите кои што мајка ми секој втор ден ја викаа во школо на разговор поради тоа што ,,авторитетот" сум им го носел во прашање поради моите критики упатени кон нивната способност за водење настава, но спремен сум у секој момент чим ми се пружи прилика и кошуљава за на работа што ја носам да ја фрлам и да киднам во друга држава, макар и чистел WC-иња, затоа што од работа не се срамам.
Биди ми поздравена.