Дали народот во Македонија живее достоинствен живот?

  • Креатор на темата joli1
  • Време на започнување

Дали граѓаните на Република Македонија живеат достоинствен живот?

  • Вкупно гласачи
    124
J

joli1

Гостин
Абе друже ако навистина се до толку отепани нема да имаат ни за претплати, а ни за тие телефоните од 200 евра.
На времето кога беше навистина проблем со финансииите (транзицијата) работевме со титкање, сега имаат по 5000ки сметки за телефон + интернет на ниво на семејство.
Далеку е уште од западен стандард, ама дека има кеш во државата, има, особено со тоа што старите генерации трпат, а новите се расфрлаат и ги трошат дури и пензиите/платите на родителите.
Јас плаќам околу 700 денари за 10GB интернет, неограничени повици и SMS. Секој кој што работи може да си го дозволи ова, и повеќе (мене ми е таман пакетот).

Сакав да и објаснам на bijons дека телефони на тач не се некој луксуз денес, туку нешто што е нормално, не само кај нас, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и најсиромашните финансиски региони во светот.

Тоа што луѓе возат автомобили, имаат телефон на тач не е некој показател дека народот живее достоинствено и може да се прехрани без да се задолжува секој месец, или како?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Е ова е точно, за жал постарите генерации мора да го носат на свој грб чаламот/потребите на своите деца или внуци. На постарите луѓе, оние над 60 или над 70 год. и не им се потребни многу пари, они се навикнати на едноставен живот, младите луѓе не можат ни ден да издржат без користење на компјутер, смартфон, таблет, интернет... старите луѓе се раат од сите овие ствари, претежно гледаат само тв, па дури ни автомобил не им треба, чуму на дедо кола, на работа не оди, во град не шета, само со точачето до пазар !
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јас плаќам околу 700 денари за 10GB интернет, неограничени повици и SMS. Секој кој што работи може да си го дозволи ова, и повеќе (мене ми е таман пакетот).

Сакав да и објаснам на bijons дека телефони на тач не се некој луксуз денес, туку нешто што е нормално, не само кај нас, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и најсиромашните финансиски региони во светот.

Тоа што луѓе возат автомобили, имаат телефон на тач не е некој показател дека народот живее достоинствено и може да се прехрани без да се задолжува секој месец, или како?
Не, две работи се: прво не е до толку за жалење, второ се курчат со пари што ги немаат.
Ако навистина се гура месец до месец и 500ки се многу доколку не станува збор за потреба, а дека им требаат по 3-4 претплати на фамилија + домашен интернет + кабелска со по 150 канали + за сите лаптопи + голем дел и таблети да не се лажеме.

Инаку да, далеку е МКД од западот, али е далеку и од плачење за крпење ден за ден, споредено со поголем дел од азиските земји, африка, голем дел од јужна и централна америка сме луксуз.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Јас плаќам околу 700 денари за 10GB интернет, неограничени повици и SMS. Секој кој што работи може да си го дозволи ова, и повеќе (мене ми е таман пакетот).

Сакав да и објаснам на bijons дека телефони на тач не се некој луксуз денес, туку нешто што е нормално, не само кај нас, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и најсиромашните финансиски региони во светот.

Тоа што луѓе возат автомобили, имаат телефон на тач не е некој показател дека народот живее достоинствено и може да се прехрани без да се задолжува секој месец, или како?
Хах јас до сега сум сменил за 20 години десет мобилни телефони, првите пет ми беа од оние обичните мобилки, а вторите пет смартфони... Моменталниов смартфон Xiaomi што го користам го купив есента 2019 год. имам и два таблети стари по скоро една деценија кои ретко ги користам и три/четири десктоп компјутери од кои само еден ми е асален и редовно го користам, а другите се старо железо...
Смартфоните, таблетите и компјутерите се обични технички електронски уреди кои се дел од секојдневието и денешнината и неможе да се сметаат за некаков голем луксуз !
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613

телефон за потреба е телефон до 250 евра, телефон како ајфон што кошта 1200 евра не можеш да речеш дека не е луксуз.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Има и луѓе што се бават со нелегални активности, црна/сива економија, неоданочени пари, криминалитет и корупција. Како може некој што пред 15/20 години немал пари ни за автобус, за храна и за патики да си купи во школо да оди, сега има џипови и мотори, шупата ја срушил и дигнал палата (нелегална секако) на 3 спрата, паркови, базен... ххммм интересно. И да секој ден по кафани, кафичи, диска, милион слики од чаламот на фејс, шетање по цел свет.
Има вакви случаеви бајаги ширум целава држава и од сите етнички заедници, но мнозинството народ не се вакви луѓе туку сосема спротивно !
Автоматски споено мислење:

телефон за потреба е телефон до 250 евра, телефон како ајфон што кошта 1200 евра не можеш да речеш дека не е луксуз.
Да де зборам за мобилки и смартфони макс. 200 или 250 евра, додуша на времето користев мобилки од макс. 100-150 евра !
Но како напредуваме финансиски и како држава и како луѓе и ајфони ќе купуеме, з'ш да не... :icon_mrgr:
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.559
Поени од реакции
24.914
Јас плаќам околу 700 денари за 10GB интернет, неограничени повици и SMS. Секој кој што работи може да си го дозволи ова, и повеќе (мене ми е таман пакетот).

Сакав да и објаснам на bijons дека телефони на тач не се некој луксуз денес, туку нешто што е нормално, не само кај нас, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и најсиромашните финансиски региони во светот.

Тоа што луѓе возат автомобили, имаат телефон на тач не е некој показател дека народот живее достоинствено и може да се прехрани без да се задолжува секој месец, или како?
97-98ma se sekavam 500 den prepaid kredit vo mkd mi traese 3-4 dena zosto site koristea titkanje i poraki a jas si vrtev ko u AUS... mislam deka poveke pari potrosiv na telefon nego kartava od aus do mkd :pos:
ima napredok kolku i da se zalite. daleku e od zapad ama u sporedba so 90tite koga bese prava ekonomska mizerija sega pak se vrti paricka kolku tolku. razlikata e sto togas i koga nemase narod pak ziveese, imase za sekoj po nesto nekoj u kafani i kafaci nekoj u park vazno imase ok noken zivot vo sk. denes iako ima pari nekako sve e na sila... pobitno e story i buljenje u tel nego zurkanje... plus se oseka deka mnoooogu narod fali...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.718
Поени од реакции
19.024
Е таман работа мнозинство да живее луксузно, не сме Норвешка :)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Некои работи што сега се многу подостапни за пошироката популација беа неверојатно скапи на пр. во 90те години од минатиот век. Компјутер и тоа некоја чкљ ДОС верзија примитивен виндоус 1995 пентиум кец или макс. двојче со некаква смешно мала рам-меморија и хард диск кошташе и по 2 илјади марки, а денеска со тие 2 илјади марки односно илјада евра ќе се купи доста модерен и моќен компјутер. Плус интернетот тогаш беше многу скап, сметките доаѓаа на телефонска сметка и за доста мала месечна употреба на истиот кошташе неверојатно скапо, родителите кога ќе ги видеа сметките им се дигаше косата, а јас сум седнал на нет само неколку пати во месецот по 10-15 минути !
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Во времето на Тито одевме секој викенд за Трст а работни денови за Солун сега неможе ни од Анталија. И Охрид скап е. Нема народ ни за чварки а тек за Хрватска. Во социјализмот имаше се и сите беа исти.
Автоматски споено мислење:

Не зборам за одмор зборам за 7 дена тоа не е одмор тоа е продолжен викенд. Човек не може да оди ни во Париз на сититрип а тек во Лондон. Порано со пасош одеа со воз низ цела Европа.
Кај сакаш да имаме за чварки кога зимава цената достигна 440 денари килото. А се сеќавам порано крајот на 90-тите цената беше 180 денари килото.

Затоа по сториња врие од нашинци оптегнати по резорти во Турција и Грција, еве по најново и Египет.
И да, зборам за работна класа не за бизнисмени.
Одат во Грција, ама во какви места одат??? Во приватен смештај, апартмани, камп приколки и тоа од најефтините исто како да си бил во Извиднички центар Охрид, Автокамп Струга, Автокамп Ливадишта, и во диви плажи со шатори... Како мајката не земаат овошје и зеленчук од Грчка што е држава што на секој чекор ги има доста зелени пазари и пиљарници... Или пак гледаат нашиве да го заштитат домашниот пазар???

Багажот од колата на тие што одат во Грција е товарен со:

5l масло brilliant или Бисер, вреќе од 10 кг компирчиња, фритеза, гајбе патлиџани, кромид, пиперки, крастајци, модри патлиџани, тиквици, литар жолта ракија, зелки и марули и со мало фрижидерче со капацитет од 40-50L...

Ама ние Македонците како што сме големи фалбаџии, башка што лажиме, мамиме и сушиме секој ќе ти рече јас бев во Грција во Хотел...

Тоа е исто како јас што пред 4 години бев во Острошкиот Манастир во Црна Гора спиев една вечер под отворено небо на бекатон плочки и со ќебе донесено од дома, ама можев да се фалам пред доста луѓе: „Јас бев во Црна Гора во хотел со 5 ѕвездички...
 
Последно уредено:
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Има еден аспект кои сите го забораваме. Достоинството не доаѓа од матерјалните добра. Доаѓа од живеењето во цивилизација, култура, имањето добра уметност.
Ни десет одмора во Грција не го опрааваат простотилакот и примитивизмот кои владее на Балканите...
Кога ќе видам слики од свадби по фејзбуци автоматски морам да голтам апови да не повратам на тастатура...
Тоа е она што е недостоинствено и неподносливо....
Порано иако живевме посиромашно бевме далеку покултурен и подостоинствен народ, имамвме свое јас шо се вика. Сеа имаме такво у...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.718
Поени од реакции
19.024
Кај сакаш да имаме за чварки кога зимава цената достигна 440 денари килото. А се сеќавам порано крајот на 90-тите цената беше 180 денари килото.
Автоматски споено мислење:

Кај сакаш да имаме за чварки кога зимава цената достигна 440 денари килото. А се сеќавам порано крајот на 90-тите цената беше 180 денари килото.

Одат во Грција, ама во какви места одат??? Во приватен смештај, апартмани, камп приколки и тоа од најефтините исто како да си бил во Извиднички центар Охрид, Автокамп Струга, Автокамп Ливадишта, и во диви плажи со шатори... Како мајката не земаат овошје и зеленчук од Грчка што е држава што на секој чекор ги има доста зелени пазари и пиљарници... Или пак гледаат нашиве да го заштитат домашниот пазар???

Багажот од колата на тие што одат во Грција е товарен со:

5l масло brilliant или Бисер, вреќе од 10 кг компирчиња, фритеза, гајбе патлиџани, кромид, пиперки, крастајци, модри патлиџани, тиквици, литар жолта ракија, зелки и марули и со мало фрижидерче со капацитет од 40-50L...

Ама ние Македонците како што сме големи фалбаџии, башка што лажиме, мамиме и сушиме секој ќе ти рече јас бев во Грција во Хотел...

Тоа е исто како јас што пред 4 години бев во Острошкиот Манастир во Црна Гора спиев една вечер под отворено небо на бекатон плочки и со ќебе донесено од дома, ама можев да се фалам пред доста луѓе: „Јас бев во Црна Гора во хотел со 5 ѕвездички...
Колку сакаш полни ја колата, и во шупа да те стават да спиеш четиричлено семејство 500 евра ќе ги фукни за една недела.
Ко да заборавате на колоните на граничните премини секое лето.
Па побогу луѓе се вакцинираа во Ниш само за да можат да одат до Грција на одмор. Плажите на Халкидики се полни со Македонци, и не, не се бизнисмени, бизнисмени си престојуваат во резорти, не одат во приватен смештај преку Џеј кеј травел.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.628
Поени од реакции
3.949

Во Ниш се вакцинираа максимум 4-5к луѓе така да тоа е занемарлива бројка. Плажите на Халкидики не се некој репер бидејки имам познаник кој работи во туристичка агенција и поради блискоста најактуелни се еднодневните тури за некоја ситна пара една илјадарка и ќе поминат цел ден со едно фрапе и гиро. Друга работа за повеќе денови се плаќа само смештај а колата фул со храна од тука, ресторан се седнува 1-2 пати за цел одмор пак колку да се направи слика за фб/инста

Тие што стварно шетаат, имаат за да поминат лагодно се многу мал % од населението кај нас
Поголемиот дел едвај крпат за основни работи тоа е реалноста, а како тргнало со кризиве ќе биде уште позафркнато..
 
Абре на оваа скапотија ни до Претор нема да одат а не Грција каде за едно гиро ќе платиш 4 евра.
Да не прајме муабет за високите цени на горивата.
Таква нација сме, клошарска. Во Битола викаме абе ако треба грав ќе срка цела недела ама кафето на широк сокак не смее да трпи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom