Дали навистина ни е потребна ЕУ?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Кратко и јасно: не ни треба ЕУ!!
Катунец, за жал ние не сме дисциплинирани, ниту средени во многу сегменти -самите никогаш нема да се оправиме. Ни требаат бенчмарковите и извештаите за да ги средиме судскиот сегмент, корупцијата, катастарот, работењето на многу институции (со нивно средување главен чинител за вработување, напредување, наградување и казни...нема да е примарно партиската припадност). Заради тоа ни треба, а со нивно колку толку средување ќе се подигне квалитетот (макар со ист економски стандард) на живеење. Од оние теми каде се жалиме на издавање патни и лични исправи, документи за откуп на дворови, катастарски услуги и средување на истиот, до функционирање на судската власт. Впрочем, едношалтерскиот систем не функционира, а требаше...и уште многу други практики кои во западна Европа си функционираат. Затоа, во овие подобрувања, оти сме некако луѓе што треба да се тераат со стап да работат, ЕУ ни треба...иако и јас знам у лутина и нервоза од познатите проблеми со одредени земји за идентитетот да кажам -нека одат по ѓаволите (у ствари малку понекултурно :)) ама и ние сме арни...од 1995 со ФАРЕ-то досега се обвинуваат (казнуваат, бркаат од работа) само ситните административци, наместо одговорност па и затвор да понесат високи политичари кои не ги спровеле реформите, кои се неспособни или диктаторски настроени.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Лесно е да збориш од Шведска, колата ја возиш по стакло патишта, децата ти учат во некорумпирано училиште, Земаш плата 2500 евра.
Мислиш дека е лесно?? Си живеел овде?? Околу работата можам само да ти кажам дека доле имав убава работа која ја сакав .Знаеш колку луѓе донесов овде а колку останаа и колку се вратија затоа што не можеа да издржат? Прашај се зашто.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Мислиш дека е лесно?? Си живеел овде?? Околу работата можам само да ти кажам дека доле имав убава работа која ја сакав .Знаеш колку луѓе донесов овде а колку останаа и колку се вратија затоа што не моќеа да издржат? Прашај се зашто.
Да де и ти остана, ради шо е таму полошо од овде, нормално дека е лошо, ама ваму е бетер.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Да де и ти остана, ради шо е таму полошо од овде, нормално дека е лошо, ама ваму е бетер.
Сега пак коментираш без да знаеш.Јас си имам мои лични причини за кои сум дојден.Можам само да ти кажам дека не се од економска природа .Второ ,немам намера и нема да останам цел живот овде.Кога дојдов овде не познавав никого.Доле бев комерцијален директор во фабрика ,овде почнав да чистам и молев дури за да добијам чистачка работа.Јазикот го научив на улица пошто од многу работа немав време да одам во школо.Сега имам сум сопственик на мала градежна фирма ,зборам прилично добро Шведски ,имам круг на пријатели и го разбирам прилично добро системот.Моабетот го тераш малку надвор од темава.Ке ти кажам пак ,мое мислење е дека не ни треба ЕУ и дека не постои ниеден издржан аргумент за тоа.Многу повеке ке изгубиме него што ке добиеме.ЕУ ја гледате сите како привилегија а не знаете ништо за обврските во унијата, тоа е перењето на мозок ,дали ти сретна дебата или знаеш за обврските кои следат во преговорите да не идеме подалеку.И дали некој размислуслува дека пред да влеземе во ЕУ може унијата да се распадне и што ке се случи во Македонија .Македонија е мала држава која со паметни политичари може многу повеке да добие во соработка со трети земји а при тоа никој да не ја условува за ништо .
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Катунец, за жал ние не сме дисциплинирани, ниту средени во многу сегменти -самите никогаш нема да се оправиме. Ни требаат бенчмарковите и извештаите за да ги средиме судскиот сегмент, корупцијата, катастарот, работењето на многу институции (со нивно средување главен чинител за вработување, напредување, наградување и казни...нема да е примарно партиската припадност). Заради тоа ни треба, а со нивно колку толку средување ќе се подигне квалитетот (макар со ист економски стандард) на живеење. Од оние теми каде се жалиме на издавање патни и лични исправи, документи за откуп на дворови, катастарски услуги и средување на истиот, до функционирање на судската власт. Впрочем, едношалтерскиот систем не функционира, а требаше...и уште многу други практики кои во западна Европа си функционираат. Затоа, во овие подобрувања, оти сме некако луѓе што треба да се тераат со стап да работат, ЕУ ни треба...иако и јас знам у лутина и нервоза од познатите проблеми со одредени земји за идентитетот да кажам -нека одат по ѓаволите (у ствари малку понекултурно :)) ама и ние сме арни...од 1995 со ФАРЕ-то досега се обвинуваат (казнуваат, бркаат од работа) само ситните административци, наместо одговорност па и затвор да понесат високи политичари кои не ги спровеле реформите, кои се неспособни или диктаторски настроени.
Види зошто не ни треба европската унија .
Прво ќе се распадне и веројатно ќе се одржува на ниво на трговска унија а можеби ни тоа . Нивните банки се премногу левериџирани во превод не се ликвидни немаат пари туку разни хартии од вредност чија вредност е дискутабилна и кои се morgage backed security која во моментов е работа која губи многу вредност. Во случајов ги вадат само главните банки од калта и притоа државата се задолжува а за државата се раздолжи треба да има повеќе приходи од даноци а за да се случи тоа треба да ги кренат даноците и регулативите. Тоа го направија во Америка и сите средни бизниси рекоа само outsoursing тоа значи префрлување бизнисот некаде на друго место тоа значи и губење работни места. Иако цело време зборат за кратење даноци они само додадоа нови за да компезираат. Европските држави веројатно ќе треба да го направат истото но проблемот е што народот нема да трпи и фала богу е во право ќе почнат да протестираат иако веќе протестираат. И се во право зошто треба да ги плаќаат коцкарските долгови на банките со пари од народот.

Е сега единствен начин за да полесно излезат е да принтаат пари и обезвреднат својата валута . Но ја немаат својата принт машина таа е во европската банка која е заедничка. Тоа значи излагање од еврозоната. Со принтање пари инфлација се намалува куповната моќ на просечниот граѓанин. Прекинуваат да трошат пари на телевизори , храна во ресторани, облека скапа итн. Тоа доведува до понатамошна контракција во европската унија чија економија е базирана на конзумеризам (голем дел од населението е вработено во терцијалниот сектор услужен сектор), немаат некои фабрики за производство на ефтини продукти бидејќи голема мера им е поефтино да увезуваат производи од Кина. Но не се целосно зависни од Кина за разлика од Америте. Сево ова ќе води до распад на унијата.

На крај самиот народ таму ќе му дојде до точка на вриење и ќе побараат сета таа бирократија и регулативи да бидат укинати.

Five stages of collapse
Stage 1: Financial collapse. Faith in "business as usual" is lost. The future is no longer assumed resemble the past in any way that allows risk to be assessed and financial assets to be guaranteed. Financial institutions become insolvent; savings are wiped out, and access to capital is lost.

Stage 2: Commercial collapse. Faith that "the market shall provide" is lost. Money is devalued and/or becomes scarce, commodities are hoarded, import and retail chains break down, and widespread shortages of survival necessities become the norm.

Stage 3: Political collapse. Faith that "the government will take care of you" is lost. As official attempts to mitigate widespread loss of access to commercial sources of survival necessities fail to make a difference, the political establishment loses legitimacy and relevance.

Stage 4: Social collapse. Faith that "your people will take care of you" is lost, as local social institutions, be they charities or other groups that rush in to fill the power vacuum run out of resources or fail through internal conflict.

Stage 5: Cultural collapse. Faith in the goodness of humanity is lost. People lose their capacity for "kindness, generosity, consideration, affection, honesty, hospitality, compassion, charity" (Turnbull, The Mountain People). Families disband and compete as individuals for scarce resources. The new motto becomes "May you die today so that I die tomorrow" (Solzhenitsyn, The Gulag Archipelago). There may even be some cannibalism.
Они се во првиот .
Нели гледаш дека не се знае кој со кого се договара . И секој гледа за својата држава а не унијата .
Унијата е капут, еврото каде и да е ќе замине во историјата.

Прашање е не дали ни треба унијата , туку кога ќе ја снема унијата што правиме ние?
Не знам дали некој знае колку важна улога има унијата во нашата и онака никаква економија .

А тие проблеми со катастарот итн ... тоа нема да ни го реши влезот со унијата тоа се решава вака:

До луѓето е не до регулативите . Ти требаат луѓе за да ги спроведат, луѓе кои не се корумпирани
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
togas sto se ceka, vikni go narodot na ulica, vaka te gledam vistinski covek za taa uloga.
 
S

smart ass

Гостин
Toa e fakt isto kako sto e faktot deka vo narednite 5 - 10 godini Makedonija nema da bide spremna za takov cekor.
Pre ranoto vleguvanje vo EU kako sto veke rekov moze da ima samo negativni posledici.Zatoa i mislam deka vo momentov treba da se fokusirame na sopstvenite sili i dostignuvanje na nekoj standardi koi sami po sebe ni se potrebni a ne poradi zaclenuvanje vo unijata.
Kako prvo i osnovno potrebni ni se mantalitetni reformi. Ako neznaes za sto zboruvam togas prasaj nekoj koj ima firma kako mu odi so naplakanjeto na dolgovite i slicno.Mozebi banalen primer no mnogu kazuva za nas. Isti taka potrebna ni e depolitizacija i pogolemo vlijanie na privatniot sektor. No nevlijatelnosta i nemokta na privatniot sektor e isto taka problem na nasiot mentalitet , zosto sekoj od niv se bori za drzaven kolac pritoa stravuvajki da digne pogolema galama za problemite koi eve dve decenii se aktuelni vo provatniot sektor.Se se toa raboti koi mozat da se napravat i bez EU.
Епа тоа требаше после рамковниот.


Култузин-па ние немаме приватен сектор економијата на Р.М е речиси договорна но јас не мислев за еконмското обединување туку како што кажав факт е дека треба да да го најдеме своето место и тоа во сојуз-очигледно е групирањето.

ЕУ дали ни е потребна не е важно-УМ и РАЗУМ ни се потребни.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Европски стандарди и вредности - ДА, членство во ЕУ (генерално) - МОЖЕБИ, членство во ЕУ по цена на името -НЕ
(под вредности мислам на оние теоретските што ги верглаат нон стоп, не на оние што ги применуваат во пракса)

И дај доста ги прозивате оние што се во странство. Прво, не е фер, а второ изгледа малце глупо да му се објаснуваат предностите на ЕУ на некој што ги „ужива„ тие вредности. Што би рекле старите, не ги учете татковците како се прават деца.
 
P

Princ

Гостин
И дај доста ги прозивате оние што се во странство. Прво, не е фер, а второ изгледа малце глупо да му се објаснуваат предностите на ЕУ на некој што ги „ужива„ тие вредности.
Ама мораш да признаеш дека е бааги невкусно нај-хардкор противници на идејата членство во ЕУ се оние што веќе живеат во ЕУ. И пази, остануваат таму, по секоја цена, макар живееле во беда и јад (тоа ќе го помисли човек читајќи го постот на GORAZDS).
На моменти помислувам дека се злобни луѓе и не сакаат да ги уживаме и ние тие вредности, па ни вадат тука муабети, бидете храбри и не мењаме име, ЕУ сакс и се мала група педера, итн :/
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ама мораш да признаеш дека е бааги невкусно нај-хардкор противници на идејата членство во ЕУ се оние што веќе живеат во ЕУ. И пази, остануваат таму, по секоја цена, макар живееле во беда и јад (тоа ќе го помисли човек читајќи го постот на GORAZDS).
На моменти помислувам дека се злобни луѓе и не сакаат да ги уживаме и ние тие вредности, па ни вадат тука муабети, бидете храбри и не мењаме име, ЕУ сакс и се мала група педера, итн :/
Ама Princ, не ми е мене проблем да признаам се што е вистина. Само, не ги ставив случајно „вредностите„ во наводници. Нашинците во странство си се сосема посебна тема и не се исплати и овде да ја шириме. А сигурно ќе се сложиш дека за тоа каков е стандардот во ЕУ, каква е постапката за плаќање давачки,дали им било подобро пред 15 год. или сега, повеќе ќе им верувам нив отколку на Ѓуро од пред кооперација.

Еве, јас признавам и тоа дека кај нас многу работи се за у к.рац. Посебно администрација, судство,стандард... тоа што највише му треба на човек.
Ама работата е што и ако уште утре влеземе во ЕУ ќе си останат истите проблеми. И не само тоа, повеќе ќе имаме зијан отколку ќар. ЕУ просто ќе не сомеле, изџвака и ќе не испљука. Едноставно во моментов не сме спремни за тоа. Затоа и реков во претходниот пост - прво европски стандарди па после ЕУ.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мене ми е потребна финансиска благосостојба и почит. Ако ЕУ може да се поистовети со овие термини тогаш ЕУ ни е потребна, но како што поминува времето се повеќе сваќам дека во која организација и да бидеме сами ке треба да си ја заработиме благосостојбата и почитта.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Мене ми е потребна финансиска благосостојба и почит. Ако ЕУ може да се поистовети со овие термини тогаш ЕУ ни е потребна, но како што поминува времето се повеќе сваќам дека во која организација и да бидеме сами ке треба да си ја заработиме благосостојбата и почитта.
За жал баш со тоа не може да се поистовети. Единствено што можеше да понуди на времето беше „еднаква можност за сите„. Сега за жал не го нуди ни тоа.

Болдираното е поентата на се. После тоа нема што многу да се каже.
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
2
Валкана европски унија
разнишаниот на мали парчиња
Бугаринот тогаш ќе биде посреќен
бидејќи ќе биде со браќата Словени
Оф ти земји нова и глупава
нарекле себе европа
ти си паразити и без тебе е подобро
да си правиме што сакаме


Сакам да ви кажам дека ЕУ е најголемиот лага. Многу повеќе пари зема отколку дава. Субвенциите за новите земји-членки се 3-но помали од оние за старите и така создава лоши услови за конкуренција. Има и двојни стандарди. Ние многу време престанав да слушаме што вели ЕУ.

Секој кој мисли дека ЕУ ќе му донесе некаква заштита или материјално благосостојба е излажан суров.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Апсолутно ви тврдам дека Македонија мора да влезе во ЕУ и НАТО затоа што :

1)нема економска стабилност,

2)нема европски закони,

3)нема европски патишта,

4)нема европски факултети,

5)нема европски парламент,

Тоа се само дел од проблемите ,а правилото е многу јасно

Во психологијата на луѓето е дека Успешниот е критериум за Неуспешниот ,

Дали можеме без ЕУ па многу тешко,бидејќи сме

мала ,многу малааа држава која има лоши соседи и пасивност.........
1. хех, ЕУ има економска стабилност? Или САД? Грција е маскота на Европската економска стабилност, а и Волстрит во САД.
2. Има европски закони, само не се припазуваат. Мислиш дека со влезот во ЕУ ќе се смени тоа? - не верувам.
3. Какви се тоа европски патишта? Асфалтот е поразличен?
4. Има европски факултети (ЈИЕ Универзитет и Европски Универзитет најпознати примери)
5. Дури и европските држави немаат европски парламент. Европскиот парламент е 1 за сите држави, а ако мислеше на стандардот - секаде е исто. Само што претставниците на малцинствата во парламентите немаат иста агенда 20 години - правата на истите, туку нудат решенија за економските проблеми, нудат соработка во истите, се борат да го подобрат животот на истите а не да запнат 20 години за некакви права да се бунат кои веќе ги имаат (образование на мајчин јазик отсекогаш имале - сега само се продолжи до академско ниво, слобода на вероисповед, претставници во парламентот - кои ги добија на демократски начин за потоа да ја урнат демократијата во државата со некој бадентеров принцип и сл).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom