Ставро, знам дека си осетлив на оваа тема, осетливост скоро секогаш е и пристрасност. А што ти смета тебе што верници пишуваат на теми на религија, не ве прашуваат вас да им објаснувате закони за термодинамики па сепак го правите тоа и сте крајно некултурни, зошто па јас да бидам поарен? Јас знам дека вие дворот не можете да си го видите, и после толку банови и забрани уште не ви е јасно зошто е тоа така. Нема да пробувам ни да објаснам колку за еден атеист треба чинот на крштевање да е со значење како да се фрлил во езеро да се избања, да правиш трауми од тоа под некакви си номиналности е патетично колку некој непознат да ми дојде зад грб да ме боцне и да ми рече-Ти си шуга, а јас следниот ден да одам на бајачка за да ме одшугира. Сериозно каков атеист е некој кој го бутнале во вода и му испеале 3 псалми, и сега од тоа прави драми. Стварно Ставрогине не знам кој е поалабак, радикалните верници со нивните сперми од кичми, или милитантните атеисти кои би затрвориле и запалиле црквите и тие нивни замисли дури ги сметаат за благородни и хумани? Како на пример оваа карикатурална појава, која цело време демек повикува на толеранции, култури, уметности и повисока свест
На крају краева кој си па ти (вие) да кажуваш што некој треба да прави во 21 век (се додека е законски разбира се)? Училиштето е законска обврска, курсот не е, и многу други работи кои родителите ги избираат за детето дур е дете, не се, за среќа или жал некои постапки од тој избор се иреверзибилни. За жал овој подфорум е доведен на не баш убаво ниво, и мислам дека не сум единствениот со ова мислење, тоа што некој тоа не го сфаќа и не му е јасно е друг проблем. И да, уште еднаш ќе кажам, сериозно мислам дека ако еден атеист му придава било какво значење на (од атеистички аспект) еден илузорен, бесмислен и бесзначаен концепт како чинот на крштевање, било номинално, сакрално, таксативно, суперстицијално, нешто не е во ред со ситуацијата. Од друга страна исто така мислам дека е многу со двојни стандарди на едни теми да се коментира негов живот негово право, а на други теми глуп си прост си, ваков си онаков си. А ако има начин да си ја поништи крштеницата, нека си ја поништи јас ли ќе му бранам.