Не само што можам, туку и преферирам такви врски, барем у задње време.
Нормално, сеа ќе ми се избаци некоја романтична душа и ќе почне да ми проповеда нешто за возвишеноста на љубовта и слични сентиментални тралалајки.
Али ја као мошне рационална и прибрана особа, водена од логиката, а не чувствата, знам дека љубовта има рок на траење. Been there, done that, didn`t like it.
Еднаш у сто години, ќе се заљубиш, и коа после долго време, конечно ќе го спуштиш гардот и ќе го извадиш панцирот, ќе дознаеш дека дечкото на твојот живот те варал со некоја Бугарка од Нова Загора. Или со колешката од Валандово, која наводно била многу напорна и не можел органски да ја поднесе. Или со комшиката од втори влез. Или со продавачката од бутикот за детска облека. Или, уште посмешно, ќе дознаеш дека он уствари ја варал девојка му со тебе.
Али еве да не бидам толку негативна, може сепак нема да те изневери.
Може еден убав сончев ден ќе ти прати порака дека он не е спремен за врска . Нема веза што месеци уназад те замарал, ти досаѓал и те убедувал дека треба да пробате, иако ти сто пати си му објаснила дека во моментов не сакаш да се врзуваш емотивно.
Битно кога конечно ќе се согласиш на тоа, па дури и ќе почнеш да развиваш некои чувства, на господинот му текнало дека он ипак не сака врска. Кој те врти, одљуби си се ти како знаеш и умееш, он не може сеа да се замара со врска пошо другар му раскинал со женска му па ќе идат на одмор у Несебар да вртат пи*ки.
Како и да е, ќе завршиш со нож у грб и скршено срце.
Па ќе мора да цмиздриш дома или евентуално пред блиски другарки, а у јавност ќе имаш I just don`t give a fuck став. Као "кој го тркала бе и онака беше сељак".
Па после ќе влезеш во фаза на преиспитување и барање причини за крахот. Дали може згрешив шо стаив смајли у пораката од пред 3 месеци? Можда не требаше да облечам црвена танга пред 5 недели? Гарант се заебав што ја облеков таа блуза на роденденот кај другар му пред 4 и пол месеци? Може не бев добра у сексот? А може бев премногу добра, па којзнае што си помислил?
И кога конечно по неколку месеци ќе се помириш со судбината и соништата во кои му ја сечеш главата со моторна пила ќе престанат, една вечер ќе ти стигне
contact request на скајп. Као, не требаше така да завршиме, дај да идеме на кафе некој ден. Со други зборови, колешката ме откачи, комшиката има добиено, у Несебар не ќарив ништо, али затоа си ти тука као резервна варијанта. И нормално, тука ти стапуваш на сцена во полн сјај, се избацуваш со некоја саркастична доскочица и му даваш до знаење дека он е само еден обичен ропак кој не заслужува ни точак да потпреш на него.
После идеш на пиво со другарки, се фалиш за твојот триумф и сите заедно кукате како сите мажи се сељаци а вистинска љубов постои само во бајките. А сепак... знаеш дека некаде длабоко во тебе, се крие еден мал непоправлив романтичар кој се надева дека таму некаде постои некој кој ќе те сака се` додека смртта не ве раздели. Дури и коа имаш bad hair day, blonde moments, коа си намќореста и мрчиш безвезе, дури и коа пишуваш патетични постови ...lol.