Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Можам. И сум. Баш во моментов. После 2 пати, кога ненормално ми беше скршено срцето, сфатив дека е подобро да те сакаат, отколку да сакаш. Во моментов сум во врска со човек кој на почетокот ми беше само симпатичен и ни идеше муабетот. После сфатив дека на него многу му значам и дека заслужи шанса ( за кратко време направи многу работи за мене кои не ги направил никој друг ни за 5 години) . И полека почнав да не можам да замислам ни еден ден без него. Дали го сакам? Не. Дали ќе го засакам? Многу веројатно. Преубаво ми е со него, само фалат емоции кои ги знам. А од друга страна знам нема никогаш повторно да ги доживеам. Зошто да патам по некого, кога имам човек кој ме прави среќна?
има логика (y)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.916
Поени од реакции
41.879
Можам, на почетокот на врската мора едниот да сака помалку, бидејќи имам лошо искутво со оние кои сум ги сакал а не ме сакале, е сега пробав обратно да ме сака а да не ја сакам, самата почит и љубов која ја има спрема мене ме натера одма да ја засакам. Вреде да се проба оваа комбинација. ;)
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
тоа е самоуништување...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Па прво мислам дека треба МНОООГУ време за да се засака некого, а и не секогаш се засакува. Значи секоја врска ПОЧНУВА без љубов пред се. Друго е да не сакаш некого 2 години, али 5-6-7 месеци е сосема нормално. Сепак може да ти е убаво со тој некој и да ти значи.
 
С

Само Човек

Гостин
У очи ми падна името на темава, ЉУБОВНАА ВРСКА СО ЧОВЕК КО ШТО НЕ ГО САКАШ. Па што има тука љубовно , тоа би била само една обична проклета врска.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
79
Поени од реакции
54
Јој Боже !!! Свашта... Ако не го сакаш некој каква љубовна врска е тоа ? Сексот НЕ Е ЉУБОВ !!!
 

SayWhaat!?

олимпион
Член од
11 јуни 2011
Мислења
109
Поени од реакции
34
Ја сум во врска со девојче што ми значи пошо уште 4 месеци сме ... ...Ми одговара да бидам сите нешта што ги сакам од жена ги има кај неа ..па и да не ја засакам а се е добро би продолжил...со неа . =) Љубовта е менлива секогаш едниот го сака другиот повеќе така да Чилл :D
 

Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Понекогаш на почетокот може да нема љубов туку, ај да не речам, свиѓање, допаѓање или несто слично, но тоа со тек на време може да прерасне во љубов, само треба трпение и меѓусебно почитување, разбирање...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Доколку ме сака и ми е убаво со неа зошто да не:)
 
Член од
12 април 2012
Мислења
12
Поени од реакции
1
Јас лично неможам ама имам една другарка која и да не го сака иде со него.Колку само да не биде сама.
Подобро сама отколку со некој што не го сакам. :)
 
Член од
26 април 2012
Мислења
53
Поени од реакции
37
Љубовна врска со човек што не го сакате
Тоа и не е љубовна врска, тоа е само врска, најчесто да не се биде сам или ради корист.

Не сум бил и не верувам дека ќе бидам. Во моментот тоа што го имам е љубовна врска (со љубов нели)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не само што можам, туку и преферирам такви врски, барем у задње време.
Нормално, сеа ќе ми се избаци некоја романтична душа и ќе почне да ми проповеда нешто за возвишеноста на љубовта и слични сентиментални тралалајки.
Али ја као мошне рационална и прибрана особа, водена од логиката, а не чувствата, знам дека љубовта има рок на траење. Been there, done that, didn`t like it.
Еднаш у сто години, ќе се заљубиш, и коа после долго време, конечно ќе го спуштиш гардот и ќе го извадиш панцирот, ќе дознаеш дека дечкото на твојот живот те варал со некоја Бугарка од Нова Загора. Или со колешката од Валандово, која наводно била многу напорна и не можел органски да ја поднесе. Или со комшиката од втори влез. Или со продавачката од бутикот за детска облека. Или, уште посмешно, ќе дознаеш дека он уствари ја варал девојка му со тебе.

Али еве да не бидам толку негативна, може сепак нема да те изневери.
Може еден убав сончев ден ќе ти прати порака дека он не е спремен за врска . Нема веза што месеци уназад те замарал, ти досаѓал и те убедувал дека треба да пробате, иако ти сто пати си му објаснила дека во моментов не сакаш да се врзуваш емотивно.
Битно кога конечно ќе се согласиш на тоа, па дури и ќе почнеш да развиваш некои чувства, на господинот му текнало дека он ипак не сака врска. Кој те врти, одљуби си се ти како знаеш и умееш, он не може сеа да се замара со врска пошо другар му раскинал со женска му па ќе идат на одмор у Несебар да вртат пи*ки.

Како и да е, ќе завршиш со нож у грб и скршено срце.
Па ќе мора да цмиздриш дома или евентуално пред блиски другарки, а у јавност ќе имаш I just don`t give a fuck став. Као "кој го тркала бе и онака беше сељак".
Па после ќе влезеш во фаза на преиспитување и барање причини за крахот. Дали може згрешив шо стаив смајли у пораката од пред 3 месеци? Можда не требаше да облечам црвена танга пред 5 недели? Гарант се заебав што ја облеков таа блуза на роденденот кај другар му пред 4 и пол месеци? Може не бев добра у сексот? А може бев премногу добра, па којзнае што си помислил?

И кога конечно по неколку месеци ќе се помириш со судбината и соништата во кои му ја сечеш главата со моторна пила ќе престанат, една вечер ќе ти стигне
contact request на скајп. Као, не требаше така да завршиме, дај да идеме на кафе некој ден. Со други зборови, колешката ме откачи, комшиката има добиено, у Несебар не ќарив ништо, али затоа си ти тука као резервна варијанта. И нормално, тука ти стапуваш на сцена во полн сјај, се избацуваш со некоја саркастична доскочица и му даваш до знаење дека он е само еден обичен ропак кој не заслужува ни точак да потпреш на него.

После идеш на пиво со другарки, се фалиш за твојот триумф и сите заедно кукате како сите мажи се сељаци а вистинска љубов постои само во бајките. А сепак... знаеш дека некаде длабоко во тебе, се крие еден мал непоправлив романтичар кој се надева дека таму некаде постои некој кој ќе те сака се` додека смртта не ве раздели. Дури и коа имаш bad hair day, blonde moments, коа си намќореста и мрчиш безвезе, дури и коа пишуваш патетични постови ...lol.
 
D

Daedalus

Гостин
Не само што можам, туку и преферирам такви врски, барем у задње време.
да не го цитирам целото пошо многу фаќа простор. Исто е кај машките скрос....
Верувам дека секој човек има потенцијал да се заљуби во друг. Макар и на почетокот да не го идолизирал и слично...
Најчести причини зашто луѓето се заљубуваат во други се следниве.

Го/ја потсеќа на некој/а што многу го/ја сакале.
Особата во која се заљубуваме најчесто има добар социјален статус и е недостижна.
Особата за која се приврзуваме ја сакаме затоа што ние бараме нешто во нејзе кое веруваме дека го поседува а ние не го поседуваме.
Некогаш па се приврзуваме со особата која е одраз на нашето его. Го сака тоа што го сакаме, дели исти ставови и прави mirroring на секој наш потег.
Гардот полесно паѓа кон особите на кои можеме да им веруваме....

Како и да е и покрај сите овие природни и нормални причини зашто се заљубуваме во одредени луѓе, некои го искористуваат тоа за да ни влезат под кожа. Други не се ни свесни за тоа што го мислиме и чувствуваме за нив. Причините зашто некои врски опстануваат се различни, и некои од нив не се засновани на романтично привлекување. Бар не на почетокот.

Како и да е, според некои испитувања, навиката која следува по роматизирањето и сексуалниот нагон, е најслаба во "интензитет", али најстабилна. Сепак, луѓето сметам, не може да се секогаш рационални кога го избираат својот партнер и некогаш немаат контрола врз емоциите кои избиваат и покрај последиците кои можеби се свесни дека ќе следуваат.

Знам примери каде што другари, знаат дека типката е рецимо таква и таква, знаат дека ке се сјебат, ама ипак идат се фаќаат со истата, се лажат дека е ок, се сменила итн...и на крај го сркаат бедот, али не си признаваат лажејќи се дека све е топ. Чуден е мозокот човечки :P
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Во ниеден случај не би можела да бидам во врска со некој што не го сакам...зашто би си го губела времетоо???тоа е мое мислење,а да навистина познавам луѓе што се во врска без љубов..некако врската им е од интерес...според мене грозно:sick:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom