- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.198
Оваа дискусија секогаш се сведува на семантика. Што значи да спознаеш, и дали постои разлика помеѓу спознавање кое е прагматично исплатливо и некое друго, суперспознание?Научниот метод се базира на онтолошки натурализам. Онтолошкиот натурализам трга од премисите дека живееме во универзум со природни закони кои можеме да ги опсервираме. Ова се премиси и за истите мора консензуално да се согласиме, односно да веруваме во нив, за да можеме да оперираме со научниот метод и да носиме бенефитни заклучоци. Читај поише за епистемиологија у филозофија (има и добри клипчиња на јутуб).
Науката функционира, тоа е факт. Онтолошкиот натурализам функционира, затоа мора да ги прифатиме премисите. Секогаш на крајот приказната се сведува на Кантовата поделба на свет за нас и свет по себе.