Дали медитирате?

дали медитираш?

  • да

    Гласови: 90 34,2%
  • не и не ме интересира

    Гласови: 34 12,9%
  • не, ама сакам да знам повеќе

    Гласови: 139 52,9%

  • Вкупно гласачи
    263
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Хипнозата не е плацебо, но моето мислење е безначајно за мудрите Магус и Short1, а медитирањето и филозофиите од типот
седи секој ден во асана со пранајама и пратјахара
или паганизми ги оставам на тој што му се погодени, кои се осеќаат задоволно од тие медитации.

Ова ме подзамисли. Медитацијата дали е поврзана со самохипноза?
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
1
Медитацијата дали е поврзана со самохипноза?
Интересно прашање е, финтава е што во двете паѓаш во транс, во двете сесии си свесен за се што се случува (да ја исклучиме научната фантастика дека ако си хипнотизиран не знајш што правиш), двете работат на сличен процес на позитивно размислување и длабока релаксација, самохипнозата има различни цели но и медитацијата има, хипнозата е далеку поскапа од јогата :D , но кај хипнозата има комуникација помеѓу свеста и подсвеста, додека пак кај јогата треба да си 100% разбуден и свесен.

Интересен заклучок за медитацијата:

So in conclusion, does meditation work? Well probably not as you might expect and certainly not immediately, you won’t become a buddha overnight. But if you give it time it will start to allow you to observe the workings of your own mind with greater clarity and subtly alter how your mental processes behave. To put it more emotively, it will give you space to breathe and from that space you’ll find that you’re able to do anything rather than just be a slave to habit, desire and emotion. What you do then is up to you!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Е шуќур го пробивме ледот за муабет, мило ми е :)

Него, иако имаат различна цел, сигурно и различно се изведуваат, некако...кај хипнозата велиш дека комуницираат свест и подсвест. Иако во јогата си буден/свесен, дали на одредено ниво, во одреден момент не комуницираат (стално комуницираат, но во одреден момент тоа содејство да се појача) свеста и подсвеста, дали во тој момент или период не се засилува содејството? И дали степенот кој го постигаш зависи од личната сензибилност (колку лицето е сензитивно) или повеќе зависи од други фактори при влегување во одреден стадиум во медитацијата?
Можи е тешко да се опишат или одговорат вакви прашања али ете, ме интересира...чисто преку гласно размислување, пробувам да си го поедноставам и објаснам тој процес на ниво на нешто веќе познато, поопипливо.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Хипнозата не е плацебо, но моето мислење е безначајно за мудрите Магус и Short1, а медитирањето и филозофиите од типот
или паганизми ги оставам на тој што му се погодени, кои се осеќаат задоволно од тие медитации.

Ова ме подзамисли. Медитацијата дали е поврзана со самохипноза?
прочитај го тоа на англиски што сум го ставил
http://forum.kajgana.com/showthread.php?23871-Чакри/page12
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
1
Е шуќур го пробивме ледот за муабет, мило ми е :)

Него, иако имаат различна цел, сигурно и различно се изведуваат, некако...кај хипнозата велиш дека комуницираат свест и подсвест. Иако во јогата си буден/свесен, дали на одредено ниво, во одреден момент не комуницираат (стално комуницираат, но во одреден момент тоа содејство да се појача) свеста и подсвеста, дали во тој момент или период не се засилува содејството? И дали степенот кој го постигаш зависи од личната сензибилност (колку лицето е сензитивно) или повеќе зависи од други фактори при влегување во одреден стадиум во медитацијата?
Можи е тешко да се опишат или одговорат вакви прашања али ете, ме интересира...чисто преку гласно размислување, пробувам да си го поедноставам и објаснам тој процес на ниво на нешто веќе познато, поопипливо.
Да али финтава е со хипнозата ти си ја "програмираш" свеста, а со јогата си т.е твојот мозок е на "пауза". И сеа веќе ко забегавме малце ти препорачувам да ја читниш оваа книга да видиш што како некој работи http://www.amazon.com/Extrasensory-Potential-Pandit-Shriram-Acharya/dp/B000P6UH7A

п.с кој ја сака книгава можам да му ја пратам на ПП
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.923
Поени од реакции
12.484
Фала богу некој да се најде да каже дека сум намќор.
Едноставно, се што барав е да ми објасни некој што е толку медитацијата возвишена работа. Не може да се објасни, ок.

[/COLOR]
Оф: тотално не мислев на тебе кога реков намќор, пошто се кладам дека тебе не те интересира, се кладам дека немаш ни најосновна литература прочитано во врска со оваа философија и практика, само сакаш да се најдеш во муабет, да провоцираш троа :) , туку мислев на тие ванаби јогини и спиритуалисти... :) се извинувам.

Он: Познавам луѓе што одат во Јога друштва и не ги познаваат основите на Јогата...не ги знаат чакрите, не знаат за кундалини, немаат чуено за пратјахара, пранајама, не ги знаат асаните и нивната основна функција...само им ги собираат парите, а членовите се чувствуваат посебно поради тоа...

--- надополнето ---

Хипнозата не е плацебо, но моето мислење е безначајно за мудрите Магус и Short1, а медитирањето и филозофиите од типот
или паганизми ги оставам на тој што му се погодени, кои се осеќаат задоволно од тие медитации.

Ова ме подзамисли. Медитацијата дали е поврзана со самохипноза?
Хехехе мудрите, пријателе не се работи за мудрост, , надмудрување, натпреварување во случајов, туку ако тебе те интересира една работа и си се посветил на неа, во неа ќе бидеш повеќе стручен и упатен од мене ако јас не сум се заинтересирал за истата и обрнуто. И сега јас да ти солам памет без никакво познавање од одредена област изгледа смешно и невкусно не? :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Он: Познавам луѓе што одат во Јога друштва и не ги познаваат основите на Јогата...не ги знаат чакрите, не знаат за кундалини, немаат чуено за пратјахара, пранајама, не ги знаат асаните и нивната основна функција...само им ги собираат парите, а членовите се чувствуваат посебно поради тоа...
Епа, сеа ми е појасно (и од постот за разликата со хипнозата) дека сум имал погрешни толкувања... ваљда некој таков (ко што го опиша) ми објаснувал, некои од нив знам дека пробуваа се што сметаа дека е модерно, егзотика, некако да се одвојат од другите, без разлика дал ќе го сфатат и совладаат...очигледно сум наишол на погрешни тумачи на овие практики па затоа и такво искуство имам, скепсата е дел од тоа искуство-мојата наостреност и резерва ја водеа такви убедувања. Отприлика добив сосем друга слика од онаа што ја имав претходно, иако со познавањето едвај само загребувам на површината. Пред да ве распрашам повторно, ќе ги испробам линковите дадени претходно.
Човек се учи док е жив (иако више слабо впивам нови сознанија :) ).
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Едноставно, се што барав е да ми објасни некој што е толку медитацијата возвишена работа. Не може да се објасни, ок.
Може да се објасни ама ќе останат празни зборови како да му објаснуваш на некој што е сексот или љубовта толку посебна, додека не пробаш нема да знаеш, но сепак ќе се обидам :).

Во медитација одиш во друго ниво на свест, мозокот е со друга фрекфенција, потсвеста станува многу подоминантна а разумот се повлекува. Помалку мислиш, повеќе чувствуваш, или во еден степен и тоа се губи, барем кај мене така било. Ем си во себе ем си секаде, да се збори е беспредметно треба да се доживее. Се јавуваат други димензии, и кај секого е различно кои искуства ќе ги доживее.

Круцијалното прашање е дали на секого му се потребни тие и такви искуства?

Тука би рекол дека не е секој за медитација. Има личности на кои им треба но и такви за кои е комплетно непотребна. И да сакаат нема да ја научат и џабе ќе губат време. Не е секој роден за се.

Но за сите оние кои сакат да прејдат во повисока состојба на свест или се бават со духовна дисциплина или сакаат комуникација со повисоки битија медитацијата е незобиколна, таа е врата за „нагоре“. Можно е и без неа ама ќе биде тешко, умот мора да се смири за да се појави тоа што е „зад него“, тоа што е стално со нас но скриено кога сме во нормална состојба на свеста.
Ако ти е цел духовен развој без медитација тешко се напредува (алфа и омега е за многу техники) но ако сакаш нормален, фин, исполнет здрав живот и те како може без медитација.

Се надевам малку ти појаснив онолку колку што ми беа знаењата :).
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Short1 извини ама...вака на врата се јавуваат Јеховините сведоци (или у трговски насмеаните харекришна типови кои ако ги потпрашаш или одбиеш веднаш вреѓаат) и убедуваат во нешто само ними познато и вистинито.
Ваљда мислеше еден слепец не може да му даде вид на друг слепец...ти мислиш дека гледаш, а оној кој не ја прифаќа медитацијата ниту пак смета дека е нешто возвишено...тој е слепец? Тешка филозофија.

Генерално
-неколку пати потцртав -ако некому помага, ок, ако некој смета дека е добро, ок...мене и на други им делува на плацебо ефект...но, повторно- ок штом влијае позитивно (као што велите) на вас. Но не маркирајте го остатокот од светот дека е слеп и не е the chosen one само затоа што не ги прифаќа конкретните филозофии и медитации. Со тоа не ја докажувате добрата страна на филозофијата која стои зад таа медитација. Не би имал повеќе пошто со бесцелни постови само ќе се продлабочат навредите, а за навреди причина нема.

Ja ne te navlekov da zboris, niti pa doma to dojdov. Samiot si postavi prasanje na koj ocekuvase odgovor. Dobi milion odgovori sto gi butna pod masa posto ne ti odgovaraa. Se nadevam deka go dobi odgovorot sto ti trebase.

Slepec ja na ovaa tema ne sum. Da ne te navredi pogovorkata? Ne te narekov slepec deka ne sakas da ja prifatis i da ja smetas kako vozvisena (gledas, pravo izvitoperuvanje) - nego zatoa sto ne prifakas odgovori sto na tebe ne to odgovaraat. .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Ja ne te navlekov da zboris, niti pa doma to dojdov. Samiot si postavi prasanje na koj ocekuvase odgovor. Dobi milion odgovori sto gi butna pod masa posto ne ti odgovaraa. Se nadevam deka go dobi odgovorot sto ti trebase.

Slepec ja na ovaa tema ne sum. Da ne te navredi pogovorkata? Ne te narekov slepec deka ne sakas da ja prifatis i da ja smetas kako vozvisena (gledas, pravo izvitoperuvanje) - nego zatoa sto ne prifakas odgovori sto na tebe ne to odgovaraat. .
Ете сега, таман почнавме да се усогласуваме, ќе дојди некој,ќе расипе муабет. Остани на тема, доста ги анализираш луѓето...горе таман се усогласивме некако :)


Btw, фала @Silen :smir:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
vidov deka ste se usoglasile. Samo ja morav da si go kazam svoeto :smir:
 
H

HITCH

Гостин
Ок, но никој не кажа што со ова се постигнува. Внатрешен мир? Откако ќе излезеш од таа состојба, треба пак да се сретнеш со проблемите...проблеми кои не смееш ни да ги заборавиш, треба да ги решиш.

Во една друга тема (за емоции) спомна медитација. Медитацијата е моментална состојба, бегање со умот...кога се враќаш у реалноста пак е се исто...не си го решил проблемот, само моментално си избегал од него.
Не можеш да бидеш смирен, со внатрешна контрола или да владееш со ситуацијата кога не си го решил проблемот ниту ситуацијата зависи од тебе.
Затоа прашав претходно, доколку ова се однесува само на лекување повишен притисок или релаксација, не мора да се мачи човек да ги учи техниките...има многу подобри и поздрави можности за привремено лекување на овие состојби. Привремено затоа што вистинскиот лек е решавање на проблемите, а не затворање во себе и слично.

На тоа мислев со претходното, а одговорите од типот -не е за секого или -да се сменам ми се воопштени и не се одговор за дискусија...

ај од почеток

за што служи,
кои се вистински личности и
како менува медитацијата?
Твоите пријателки кои практицирале јога и медитација, а биле нервозни (не можеле да го смират духот) лошо го практицирале тоа. Јас идев на јога многу малку време и верувај ми имаше огромна разлика уште од првиот ден кога си дојдов дома. Периодов ми беше ужасен (ПЕКОЛЕН) и решив да проверам што е финтата со јогата, многу ми зборуваа за јога. Татко ми на мајтап ми велеше дека им давам пари за да спијам у сала на под, но не е така. Има неколку стилови на јога. Кај нас се практицираат раџа-јога, хата-јога, бакти-јога, карма-јога, џнана-јога. Јас ја практицирав Хата јога (бидејќи грубо речено е спој од повеќе стилови, односно се обрнува внимание и на дишењето и на физичките вежби, така полека се припрема духот за медитација. Значи полека паралелно ги припремаш и духот и телото и баш затоа е најдобра за почетници). Јогата е добра за еластичност на телото, ја подобрува менталната кондиција (многу полесно се фокусираш на нештата околу, полесно ги средуваш мислите), издржливост, менталната стабилност, визуализацијата, брзата релаксација. За да се одмориш ти треба мир и тишина. Не значи дека за да имаш мир и тишина треба да се изолираш, туку баш напротив ти треба поголема концентрација, значи ти треба вежба на мозокот. Има некои вежби за правилно дишење, кои се најважни! Значи јогата ја користиш за телото, а медитацијата ја користиш за духот. Медитацијата не служи за да побегнеш од проблемите, туку служи за да се олабавиш, да се релаксираш, со ладна глава полесно се решаваат проблеми. Мене јогата ми одговара затоа што преку дишењето се смирува духот и се опушта телото, а нема тешка физичка активност. Аеробикот и фитнесот бараат поголема физичка активност за разлика од јогата. Овде се истегнуваш и дишиш правилно, го вежбаш телото, а при тоа не си уморен, а за аеробик и за фитнес рмбаш и на крај се те боли, капнаат си. Јас искрено не практицирам длабока медитиција, мојот дух нема потреба од такво нешто, но со јогата ќе продолжам. Значи што правиш на еден јога час: имаш опуштење (инструкторот те води) имаш вежби за размрдување на телото, па пак се општаш, па пак вежби и така дур да заврши часот. Ред вежби, ред лесно опуштање на телото.

Значи од почеток:

Јогата е психо - физичка вежба. Не може да вежбаш, а паметот да ти биде на друго место. За секоја вежба треба концентрација.
Јога може да практицира секој, бидејќи постојат секакви вежби.
Медитацијата те смирува бидејќи со правилно дишење внесуваш голема количина кислород, а кислородот е потребен за мозокот да може да функционира (најпросто кажано). Дишењето е најважно, тоа те смирува.

Јогата не е губење време, само што јас не се внесувам до толку со читање вакви такви книги. Јас се концентрирам исклучиво на релаксација на духот. Колку забегано звучи ова...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Добро објаснување, сликовито токму за такви као јас, навистина подробно си се потрудила, фала...но само едно, искрено се поднасмеав :)
Татко ми на мајтап ми велеше дека им давам пари за да спијам у сала на под
ако го сфаќаш татко ти, ќе ме сфатиш и мене према годините зошто така настапив и зошто го имам тоа мислење :)
 
H

HITCH

Гостин
Добро објаснување, сликовито токму за такви као јас, навистина подробно си се потрудила, фала...но само едно, искрено се поднасмеав :)
ако го сфаќаш татко ти, ќе ме сфатиш и мене према годините зошто така настапив и зошто го имам тоа мислење :)
Па навистина е така. Легнуваш на под и мижиш и само пазиш да не заспиеш, не за друго срамота е од луѓето што се таму. Па, не дај Боже некој да почне да крчи... ужас би било :pos2: Јогата малку `ко за бадијалџии е, оти треба да одвоиш повеќе време, додека појдеш, па да се вратиш, ама штом телото добро реагира, штом му одговара тој тип на вежби... Правилното дишење и растерувањето на мислите барем на пола саат многу значи, одма се забележува промена. Јас сум премногу темпераментна мислев дека нема шанси јас да легнам и некој да ми кажува диши вака, диши така. Не ми се играше диши не диши, ама сум грешела. Промените кај себе ги приметив и јас и луѓето со кои сум во секојдневен контакт.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Твоите пријателки кои практицирале јога и медитација, а биле нервозни (не можеле да го смират духот) лошо го практицирале тоа. Јас идев на јога многу малку време и верувај ми имаше огромна разлика уште од првиот ден кога си дојдов дома. Периодов ми беше ужасен (ПЕКОЛЕН) и решив да проверам што е финтата со јогата, многу ми зборуваа за јога. Татко ми на мајтап ми велеше дека им давам пари за да спијам у сала на под, но не е така. Има неколку стилови на јога. Кај нас се практицираат раџа-јога, хата-јога, бакти-јога, карма-јога, џнана-јога. Јас ја практицирав Хата јога (бидејќи грубо речено е спој од повеќе стилови, односно се обрнува внимание и на дишењето и на физичките вежби, така полека се припрема духот за медитација. Значи полека паралелно ги припремаш и духот и телото и баш затоа е најдобра за почетници). Јогата е добра за еластичност на телото, ја подобрува менталната кондиција (многу полесно се фокусираш на нештата околу, полесно ги средуваш мислите), издржливост, менталната стабилност, визуализацијата, брзата релаксација. За да се одмориш ти треба мир и тишина. Не значи дека за да имаш мир и тишина треба да се изолираш, туку баш напротив ти треба поголема концентрација, значи ти треба вежба на мозокот. Има некои вежби за правилно дишење, кои се најважни! Значи јогата ја користиш за телото, а медитацијата ја користиш за духот. Медитацијата не служи за да побегнеш од проблемите, туку служи за да се олабавиш, да се релаксираш, со ладна глава полесно се решаваат проблеми. Мене јогата ми одговара затоа што преку дишењето се смирува духот и се опушта телото, а нема тешка физичка активност. Аеробикот и фитнесот бараат поголема физичка активност за разлика од јогата. Овде се истегнуваш и дишиш правилно, го вежбаш телото, а при тоа не си уморен, а за аеробик и за фитнес рмбаш и на крај се те боли, капнаат си. Јас искрено не практицирам длабока медитиција, мојот дух нема потреба од такво нешто, но со јогата ќе продолжам. Значи што правиш на еден јога час: имаш опуштење (инструкторот те води) имаш вежби за размрдување на телото, па пак се општаш, па пак вежби и така дур да заврши часот. Ред вежби, ред лесно опуштање на телото.

Значи од почеток:

Јогата е психо - физичка вежба. Не може да вежбаш, а паметот да ти биде на друго место. За секоја вежба треба концентрација.
Јога може да практицира секој, бидејќи постојат секакви вежби.
Медитацијата те смирува бидејќи со правилно дишење внесуваш голема количина кислород, а кислородот е потребен за мозокот да може да функционира (најпросто кажано). Дишењето е најважно, тоа те смирува.

Јогата не е губење време, само што јас не се внесувам до толку со читање вакви такви книги. Јас се концентрирам исклучиво на релаксација на духот. Колку забегано звучи ова...
Воопшто не звучи забегано, и јас имав ист пристап кон јогата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom