Дали машките знаат вистински да сакаат?

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Нели имаше ваква ретардирана тема на друго место у форумов?
Ок, ај ке се повторувам изгледа.Женските не знаат да сакаат драга.
Женските се тие што секое ,,титкање,, на мобилниот го нарекуваат љубов.Некој што не го ни познаваат ,,го сакаат,,
Значи, доколку некој го познаваш 5 дена, 3 недели, 2-3 месеци, ти не го сакаш.
Може да ти биде екстремно мил, драг, да се залеташ максимално, да ти значи ....
Ама генерално женските секое шмекање го нарекуваат љубов, а тоа што му даваат такво име не значи дека има такво значење.
Зборот е злоупотребен од женска страна прилично повеќе отколку од машка.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Ќе ги издвојам само најинтересните „критериуми“ за вистинско сакање.

да мислиш на него цело време
Да мисли на него цело време? А кон другите работи да се однесува како празноглава глупача? На тест македонски она да мисли на него, и на тоа колку им е убаво? На испит за возачка, она да мисли колку он убаво ја вози? :iTard:
да му простуваш се
И неверство? И лажење .. дека е на пример сираче? И понижување пред сите? Крадење? Или треба да се сака особата без разлика на се? Иако има можност особата едно утро да добие напад и да те убие?
да не мислиш на други машки/женски
Дури иако личноста е можеби брат/татко/тетка/вујна? :iTard:
да му ги сакаш дури и сите негови мани да не ти сметаат итн..
да не ти смета ништо кај него
,

You know how people
have these little habits
That gets you down. Like Bernie.
Bernie liked to chew gum.
No, not chew. POP.
So I came home this one day
And I am really irritated, and
I'm looking for a little bit of sympathy
and there's Bernie lying
on the couch, drinking a beer
and chewing. No, not chewing,
POPPING. So, I said to him,
I said, "You pop that
gum one more time..."
And he did.
So I took the shotgun off the wall
and I fired two warning shots...
Into his head.

Нема да коментирам покрај извадоков, ништо.

Инаку, да се навратиме на темата: да, знаат да сакаат. Како може да не знаат? Секое суштество, дури и најпримитивните цицачи знаат да сакаат. И рипките сакаат, секако, две секунди, после забораваат кои се и што се.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не, ние знаеме лажно да сакаме !:Л

Фала богу дека знаеме да сакаме вистински, само незнаеме да го изразиме тоа...кога ќе пробаме или излага клише или ретардирано...
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Znaat da no samo ednas sakaat vistinski onoa jako da se zashljakaat po devojka :smir: sekoja cest
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Тоа е точно дека машките мислат само на секс итн...но има и вистински што сакат..ете јас вистински сакам!:back:
 
M

marsovka

Гостин
зарем ќе ме купиш???

ја ти кажав според мое мислење како изгледа вистинското сакање.. е сега секој си има различен начин на сакање...
Мацано не се преценувај
Ако личи на љубов, мириса на љубов и се осеќа ко љубов не значи дека е љубов.
прашањето е : Дали ќе го сакаш откако целосно ќе го запознаеш и дознаеш се за него ? Дали ќе го сакаш и коа идеализираната слика за него исчезне некаде у морето на сеќавања?Ако е да тогаш го сакаш . А вообичаено кога го запознаваш целосно му ги знаеш сите мани и гадни навики и кога знаете дека сте сигурни и е само твој ? и сеуште го сакаш тогаш да тоа е љубов. Во спротивно е излишно да дрвите јас го сакам како да не го сакате неговиот бицепс и слатка фаца и фактот што е недостижени и што никогаш не ве сакал.

Јеботе мислам дека ти немаш поим што е љубов, уобичаено првата љубов со се сите марифети врска лапање, драпање, ебење, вриштење, пиштење, завршува трагично, ова де има крај и уобичаено една личност повеќе го јаде отколку друга и тоа ментално а а некогаш и физички.И вообичаено таа што го јаде и треба година-две да се опорави(а не два-три месеци) . И вообичеено таа личност вели јас го сакав, му простив сите срања и знам дека ќе го памтам до крајот на животот.(и ќе го памти)
И вообичаено после таква врска ништо не е исто и некако се менуваш и осеќаш како некои реаботи за кои си се замрала сеа се смешни, дека многу работи кои си мислела дека се важни сеа се неважни.
И дека така лесно повеќе не се вљубуваш, дека веќе си ја изгубила способноста за спонтаност и дека понатаму е веќе повторување на едната иста прича со различни актери. Возбудата веќе не толку голема со секој следен кој имаш врска ниту силината на емоциите ниту должината. Кога не иде не запнуваш, си себичен , гледаш да му помогнеш на партнерот ама не на твоја штета за разлика од пред тоа кога си бил спремен да поместуваш планини и по цена на твојот живот. Веќе знаеш отприлика што ќе се случува, малодушност владее со тебе бидејќи во првата љубовна врска си ги изгубил сите идеали и сваќаш дека не е се така розево, дека разумен компромис е подобро отколку ништо.
Полесно се ладиш кога некој се заебава со тебе иако ти имаш емоции слични како првиот пат коа си бил вљубен ама знаеш што следува и како да преживееш и за два месеца си заборавил дека тој воопшто постои во светов (исто ко да не бил тука ) освен лекцијата следниот пат што треба а не треба да праиш. И тако дајле
Сите мажи и жени го минуваат ова.


и дај ве молам не гледајте дизниеви цртани повеќе аман :jaj:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.733
Поени од реакции
13.481
Прво би се надоврзал до една друга тема а тоа е т.н. „вистинска“ љубов. Е сеа зошто во наводници? Во реалниот живот тоа „вистинска“ се отфрла бидејќи ти или љубиш или не љубиш. Се` останато е илузија.

Околу темата... Ќе се сложам најмногу со Киремали. Љубовта не се раѓа во истиот момент. Тоа е т.н. дејство на хормони кое не` тера да го запознаеме човекот кој можеби подоцна ќе не` разочара/ќе ни се допадне. Подоцна сеуште не сме ја отвориле вратата на љубовта. Тогаш доаѓа до онаа фаза кога спознавањето на себеси во неговиот/нејзиниот свет се совпаѓа со сопствениот. Да не се лажеме премногу сличности и премногу разлики доведува до разочарување подоцна и до раскин. Откога оваа врата е отворена, влегуваме полека во фазата на заљубувањето. Тој/таа е совршена и покрај сите негови/нејзини маани. Ние не сме свесни дека сме отидени толку далеку но сакаме да останеме внатре, во неговиот/нејзиниот свет. Сакаме уште повеќе да дознаеме за него/неа. На крај краева кога желбата за да бидеш со него и неа сеуште е присутна и те тера да жртвуваш, тоа е љубов.

За крај ќе кажам дека ретки се случаевите но постојат. Компромис, почит, разбирање без оглед на се`. Љубов.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Премногу прозаично е поставено прашањето. Машките? Па ваљда обединување во ист емотивно-еволутивен стадиум не дозволува потподелби на жени и мажи?
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Иако поголемиот дел од женските мислат дека машките се кретени и дека незнаат да сакаат,сепак има дел во нас што и тоа чувство го има и дури мислам дека ние машките можеме повеќе да сакаме од женските.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Нормално дека знаат... што се машките ? животни ? па дури и животните имаат чуства ! ондах.. што сме ние па да незнаеме да сакаме ? аман со овие глупи прашања.
 
?

..........

Гостин
Знаат да сакат нормално ....јас си ја сакам мојата девојка искрено без никакви дилеми:helou:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
кратко и јасно знаат да сакаат. ама кога сакаат не ја пуштаат лесно да си оди, исто така знаат да бидат повредени и само колку случаи познавам кај што плачеле за некоја кога ќе им раскине. значи и машките имаат чувства и знаат да сакаат дефинитивно :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom