Не читав, долга е дискусијата. Па ќе дадам само мое мислење
Мажите знаат што е љубов, и тоа најчесто подобро од жените.
Ние жените, сме научени да се вљубуваме и одљубуваме, од една до друга фаза прво страдаме, па се фрламе на излегување/шопинг/гледање на кафе/фитнес/рандом. После преболуваме, сфаќаме дека не е ништо толку трагично, и продолжуваме. Со тек на време, со искуството, толку се соживуваме во оваа страдателна улога, што мислам дека дури развиваме некој шаблон на вљубување-одљубување.
Според тоа, ,,вистинска,, љубов, ретко доживуваме. Повеќе страдаме зошто тој некој кој ,,ни се закачил за око,, од разни причини, не можеме да го имаме. Најчесто, тоа е некој кој е свесен дека не е спремен за емотивно врзување и сосема свесно прекинува со нас пред да стане посериозно, или уште подобро, воопшто не ни почнува со нас.
Но, со мажите не е така. Тие многу повеќе внимаваат, и искрено, во целата оваа приказна, далеку попаметно делуваат од нас. Едноставно, се забавуваат додека им е така добро, и со тоа ги скокнуваат фазите на алкохолизирање и јадење 2кг еурокрем. Посебно, го скокаат делот со плачење, каење, преиспитување...
Но кога еден маж, еднаш засака, е тоа е љубов. Спремен е да направи за девојката МНОГУ повеќе од што девојката е спремна да направи за него. И не само тоа, спремен е да прости многу повеќе и да се откаже од многу повеќе. Кога еден маж се вљубува, не му поминува за 2-3 месеци, како што е случај со жените. Кај него тоа трае, и трае...
И да, никогаш не сум се потресла нешто посебно, кога ми плачеле другарките за некого, знам дека брзо ќе им помине... Ама кога другари искрено страдале... е тоа веќе претставувало секогаш поголем проблем.
Зошто љубовта на мажите секогаш е посериозна од таа на жените.
--- надополнето: Sep 26, 2011 5:49 PM ---
Љубомората нема врска со љубовта.
Љубомората има врска со самодовербата. Човек со ниско ниво на самодоверба е љубоморен. Тој човек смета дека не е доволно добар (во нешто) за својот партнер. И затоа се плаши дека партнерот ќе го замени со некој друг.
Колку и искрено да ме сака, љубомора и посесивност не можам да поднесам. Ако веќе сум со некого, тој некој треба да биде сигурен во себе и да знае дека да сум сакала, ќе сум била со некој друг а не со него. Проверувања, шпионирања, забранувања - не. Не дозволувам и не правам.