Дали машките знаат вистински да сакаат?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Се разбира дека се е во сексот или поточно кажано во сексуалноста. Затоа и се заљубуваме. Но постојат различни начини за оваа иста работа.
Ме интересира како ти и другите учесници во форумот ќе одговорат на следново прашање.
Замисли ја ова ситуација. Имаш љубовен партнер и еден ден тој доаѓа и ти вели: Знаеш јас сретнав и се заљубив во друга особа, која повеќе ми одговара и ме прави среќен и сакам да раскинеме. Прашањето е како ти ќе реагираш на ваква изјава?
На пример, можеш да му удриш шамар, можеш да го убедуваш да размисли, или ќе му посакаш среќа. Или ќе чекаш, со тек на време да увиди дека ти му одговараш повеќе, или ќе му речеш, одлично и јас сакав да раскинеме, или нешто друго...
Каква ќе биде твојата реакција?
Саркастичен ми беше постот поради тоа вакво смајли :sneaky:,мислев дека е очигледно.:)
 
MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Доколку едно машко е со девојката која искрено ја сака, и таа му возвраќа на ист начин, никогаш нема да ја замени со друга... за разлика од женските кои многупати не знаат да го ценат тоа...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Јас ги сакам искрено сите мои женки
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Доколку едно машко е со девојката која искрено ја сака, и таа му возвраќа на ист начин, никогаш нема да ја замени со друга... за разлика од женските кои многупати не знаат да го ценат тоа...
Дали искрено сака тој што е љубоморен?
 
MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Дали искрено сака тој што е љубоморен?
Според мене Да, сепак љубомората е страв да не ја изгубиш саканата личност, секој е љубоморен, некој повеќе некој помалку. Но, љубомората во најголем број на сличаи е резултат на недостиг на доверба во личноста која ја сакаш. Доколку си сигурен дека таа/тој те сака и цени доволно тогаш значи дека нема причина да го направи тоа од што сите се плашиме и дека нема причина и простор за љубомора.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Искрено ме заплашува дозата на ретардираност во насловот на темата и колку е таа сериозно сватена од солиден број на членови.

Ова е исто ко да прашаш: "дали жените знаат да бидат верни"...па секако дека знаат, само тоа го прават ретко ама квалитетно. Нели е малку дискриминирачки...е је знам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мене Да, сепак љубомората е страв да не ја изгубиш саканата личност, секој е љубоморен, некој повеќе некој помалку. Но, љубомората во најголем број на сличаи е резултат на недостиг на доверба во личноста која ја сакаш. Доколку си сигурен дека таа/тој те сака и цени доволно тогаш значи дека нема причина да го направи тоа од што сите се плашиме и дека нема причина и простор за љубомора.
Во право си тие што се љубоморни многу искрено сакаат. Во нападите на својата љубомора подготвени се, во краен случај, да се убијат себеси или својот партнер. Но ваков начин на сакање е непријатен за партнерот, да не употребам погруб збор. Замисли си да имаш таков партнер.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Не читав, долга е дискусијата. Па ќе дадам само мое мислење :)
Мажите знаат што е љубов, и тоа најчесто подобро од жените.
Ние жените, сме научени да се вљубуваме и одљубуваме, од една до друга фаза прво страдаме, па се фрламе на излегување/шопинг/гледање на кафе/фитнес/рандом. После преболуваме, сфаќаме дека не е ништо толку трагично, и продолжуваме. Со тек на време, со искуството, толку се соживуваме во оваа страдателна улога, што мислам дека дури развиваме некој шаблон на вљубување-одљубување.
Според тоа, ,,вистинска,, љубов, ретко доживуваме. Повеќе страдаме зошто тој некој кој ,,ни се закачил за око,, од разни причини, не можеме да го имаме. Најчесто, тоа е некој кој е свесен дека не е спремен за емотивно врзување и сосема свесно прекинува со нас пред да стане посериозно, или уште подобро, воопшто не ни почнува со нас.

Но, со мажите не е така. Тие многу повеќе внимаваат, и искрено, во целата оваа приказна, далеку попаметно делуваат од нас. Едноставно, се забавуваат додека им е така добро, и со тоа ги скокнуваат фазите на алкохолизирање и јадење 2кг еурокрем. Посебно, го скокаат делот со плачење, каење, преиспитување...

Но кога еден маж, еднаш засака, е тоа е љубов. Спремен е да направи за девојката МНОГУ повеќе од што девојката е спремна да направи за него. И не само тоа, спремен е да прости многу повеќе и да се откаже од многу повеќе. Кога еден маж се вљубува, не му поминува за 2-3 месеци, како што е случај со жените. Кај него тоа трае, и трае...

И да, никогаш не сум се потресла нешто посебно, кога ми плачеле другарките за некого, знам дека брзо ќе им помине... Ама кога другари искрено страдале... е тоа веќе претставувало секогаш поголем проблем.

Зошто љубовта на мажите секогаш е посериозна од таа на жените.
--- надополнето: Sep 26, 2011 5:49 PM ---
Дали искрено сака тој што е љубоморен?
Љубомората нема врска со љубовта.

Љубомората има врска со самодовербата. Човек со ниско ниво на самодоверба е љубоморен. Тој човек смета дека не е доволно добар (во нешто) за својот партнер. И затоа се плаши дека партнерот ќе го замени со некој друг.

Колку и искрено да ме сака, љубомора и посесивност не можам да поднесам. Ако веќе сум со некого, тој некој треба да биде сигурен во себе и да знае дека да сум сакала, ќе сум била со некој друг а не со него. Проверувања, шпионирања, забранувања - не. Не дозволувам и не правам.
 
MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Во право си тие што се љубоморни многу искрено сакаат. Во нападите на својата љубомора подготвени се, во краен случај, да се убијат себеси или својот партнер. Но ваков начин на сакање е непријатен за партнерот, да не употребам погруб збор. Замисли си да имаш таков партнер.
Која иронија... некој да те сака а да ти го загорчува животот на таков начин, секако дека не е убаво чувството да знаеш дека партнерот не ти верува ниту најмалку, а ти си немоќен да му го докажеш спротивното, во таков случај подобро ужасен крај отколку ужас без крај!
--- надополнето: Sep 26, 2011 6:20 PM ---

5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.402
Мислам дури и повеќе се затрескуваат од жените. Жените рецимо повеќе се разумни, работат на себе. И на тоа како тој реагира. Нешто како Алгоритам (ако тоа така => тогаш тоа така.) Додека ние мажите во контиунитет можеме да правиме непроцениви грешки само за да ја цурата биде повеќе среќна.
Но тоа се два различни пристапи на искажување на љубов.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак возила @ PurplePuma
Не читав, долга е дискусијата. Па ќе дадам само мое мислење :)
Мажите знаат што е љубов, и тоа најчесто подобро од жените.
Ние жените, сме научени да се вљубуваме и одљубуваме, од една до друга фаза прво страдаме, па се фрламе на излегување/шопинг/гледање на кафе/фитнес/рандом. После преболуваме, сфаќаме дека не е ништо толку трагично, и продолжуваме. Со тек на време, со искуството, толку се соживуваме во оваа страдателна улога, што мислам дека дури развиваме некој шаблон на вљубување-одљубување.
Според тоа, ,,вистинска,, љубов, ретко доживуваме. Повеќе страдаме зошто тој некој кој ,,ни се закачил за око,, од разни причини, не можеме да го имаме. Најчесто, тоа е некој кој е свесен дека не е спремен за емотивно врзување и сосема свесно прекинува со нас пред да стане посериозно, или уште подобро, воопшто не ни почнува со нас.

Но, со мажите не е така. Тие многу повеќе внимаваат, и искрено, во целата оваа приказна, далеку попаметно делуваат од нас. Едноставно, се забавуваат додека им е така добро, и со тоа ги скокнуваат фазите на алкохолизирање и јадење 2кг еурокрем. Посебно, го скокаат делот со плачење, каење, преиспитување...

Но кога еден маж, еднаш засака, е тоа е љубов. Спремен е да направи за девојката МНОГУ повеќе од што девојката е спремна да направи за него. И не само тоа, спремен е да прости многу повеќе и да се откаже од многу повеќе. Кога еден маж се вљубува, не му поминува за 2-3 месеци, како што е случај со жените. Кај него тоа трае, и трае...

И да, никогаш не сум се потресла нешто посебно, кога ми плачеле другарките за некого, знам дека брзо ќе им помине... Ама кога другари искрено страдале... е тоа веќе претставувало секогаш поголем проблем.

Зошто љубовта на мажите секогаш е посериозна од таа на жените.
--- надополнето: Sep 26, 2011 5:49 PM ---

Љубомората нема врска со љубовта.

Љубомората има врска со самодовербата. Човек со ниско ниво на самодоверба е љубоморен. Тој човек смета дека не е доволно добар (во нешто) за својот партнер. И затоа се плаши дека партнерот ќе го замени со некој друг.

Колку и искрено да ме сака, љубомора и посесивност не можам да поднесам. Ако веќе сум со некого, тој некој треба да биде сигурен во себе и да знае дека да сум сакала, ќе сум била со некој друг а не со него. Проверувања, шпионирања, забранувања - не. Не дозволувам и не правам.
Вашиот пост ми остави впечаток, посебно вториот дел и поврзувањето на љубомората со самодовербата. Досега не сум ги поврзувал тие два појма, но се чини дека сте во право. До сега љубомората ја поврзував со карактерот на личноста. Љубоморниот партнер, кој навидум страсно сака, всушност прави се да го уништи предметот на својата љубов. Например, ако се вљуби во некоја весела и дружељубива партнерка, тој ќе стори се да ја уништи таа нејзина особина - ќе забрани или ќе се обиде да го спречи нејзиното излегување, ќе се обиде да ја одвои од пријателите и другарите. Или ако се работи за некоја атрактивна и убава партнерка, тој ќе се труди, да таа не изгледа толку убаво и атрактивно ќе и забранува убаво да се облекува или шминка и слично.
Тврдењето дека мажите на друг начин и интензитет искрено сакаат незнам на што го базирате. Што, всушност се подразбира под поимот САКАЊЕ или ИСКРЕНО САКАЊЕ?
--- надополнето: Sep 27, 2011 6:04 AM ---
Која иронија... некој да те сака а да ти го загорчува животот на таков начин, секако дека не е убаво чувството да знаеш дека партнерот не ти верува ниту најмалку, а ти си немоќен да му го докажеш спротивното, во таков случај подобро ужасен крај отколку ужас без крај!
--- надополнето: Sep 26, 2011 6:20 PM ---

Која иронија... некој да те сака а да ти го загорчува животот на таков начин, секако дека не е убаво чувството да знаеш дека партнерот не ти верува ниту најмалку, а ти си немоќен да му го докажеш спротивното, во таков случај подобро ужасен крај отколку ужас без крај!
Смрт за зони и пајак возила @ MK_Devojce
Погледни што и напишав на PurplePuma за овој начин на сакање. Тој што љубоморно сака всушност, сака да го уништи партнерот. Тоа уништување може да биде потполно - физичко уништување што ретко се случува или сака да ги уништи особините што го привлекле, што најчесто се случува. Во секој случај, ако можеме, треба да бегаме од такви
Ако имаш време, прочитај го разказот „ Кројцеровата соната “ од Толстој околу ова.
 
Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Леле кога ќе прочитам некоја ваква тема, неможам да им се изначудам на некои луѓе :tapp:
Не бе тие што имаат по 40 години , брак и 2 деца зад себе не сакаат никои од нив, тоа го прават само за да ја легнат жената
( знам дека е за врска прашањето, али и тие 40 годишните се мажи )
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Смрт за зони и пајак возила @ PurplePuma
Вашиот пост ми остави впечаток, посебно вториот дел и поврзувањето на љубомората со самодовербата. Досега не сум ги поврзувал тие два појма, но се чини дека сте во право. До сега љубомората ја поврзував со карактерот на личноста. Љубоморниот партнер, кој навидум страсно сака, всушност прави се да го уништи предметот на својата љубов. Например, ако се вљуби во некоја весела и дружељубива партнерка, тој ќе стори се да ја уништи таа нејзина особина - ќе забрани или ќе се обиде да го спречи нејзиното излегување, ќе се обиде да ја одвои од пријателите и другарите. Или ако се работи за некоја атрактивна и убава партнерка, тој ќе се труди, да таа не изгледа толку убаво и атрактивно ќе и забранува убаво да се облекува или шминка и слично.
Тврдењето дека мажите на друг начин и интензитет искрено сакаат незнам на што го базирате. Што, всушност се подразбира под поимот САКАЊЕ или ИСКРЕНО САКАЊЕ?
Продукт на љубомората е уништување на карактерот на партнерот, но самата цел и мотив за таа љубомора не е уништувањето.
Љубомората е исклучиво поттикната од ниско ниво на самодоверба. Фактот што љубоморниот почнува со напад токму на оние карактеристики кои него го завеле, е затоа што претпоставува дека истите ќе заведат и некој друг. Љубоморниот е загрижен дека партнерот привлекува други луѓе, а помалку е загрижен дали партнерот обрнува внимание на оние другите.
Човек кој има самодоверба и е сигурен во себе, не му пречи што партнерот се допаѓа и на други. Верува во себе и во својот партнер, и единствено што може да предизвика извесна љубомора е вниманието кое партнерот го посветува на оние другите.
Јас сум во долга врска, и до сега немало љубомора ни од моја, ни од негова страна, а има мажи кои јас ги привлекувам, исто како жени кои тој ги привлекува. Едноставно, не е важно тоа - важно е дали ние им обрнуваме внимание.

Како што разбрав од темава, станува збор за искрено сакање. Искреното сакање кај мажите е секогаш поискрено, зошто порационално влегуваат во љубовните врски. Жените влегуваат во процес на вљубување, и покрај тоа што знаат дека љубејќи ја таа личност сигурно ќе бидат повредени (пример, промискуитетен маж - жена може да го љуби иако знае дека нема теорија да биде во некаква сериозна врска или пак да му биде единствена), додека еден маж никогаш не би се вљубил непромислено во промискуитетна жена. И поради тоа, жените се одљубуваат и вљубуваат и се навикнуваат на сето тоа (како што кажав прават шаблон) и веќе кога ќе стигнат до ,квалитетен, партнер, тие знаат точно како да се однесуваат со него, и колку да му дозволат и колку да му дадат, а еден маж се вљубува еднаш до два пати во животот, па според тоа, и многу е понеискусен во љубовта, и затоа толку целосно е беспрекорно и се предава на партнерката (истото што таа го правела првите 2-3 пати кога била вљубена).
 
Во право си, се повлекувам. Задоволство беше дискусијата со Тебе, иако не се согласивме за се
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ме интересира мислењето на учесниците во овој дел на форумот околу страсното заљубување ма мажи кои се во брак. Се случува, не толку ретко, да маж кој е во брак, запозне друга жена и во неа да се вљуби. Љубовта не е рационален поим и на секој оженет маж, може тоа да му се случи. Што да се прави во ваква ситуација?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom